Мухамеди: Кога притисокот кон властите е поголем -можноста тие државата да ја гледаат како извор на лично финансирање, е помала
2Мухамеди: Кога притисокот кон властите е поголем -можноста тие државата да ја гледаат како извор на лично финансирање, е помала
ЗдравјеАјурведа – индиска наука за животот која го освои светот, а еве зошто е толку популарнаСпоред статистичките податоци, гинеколошките проблеми се присутни кај повеќето жени и според истражувањата, околу 90 отсто од женската популација страда од едно или повеќе нарушувања од овој тип. Најсигурниот начин за да се справите со ваквите прАјурведата е индиска наука за животот која се изучува на тамошните универзитети и која има холистички пристап кон животот, што подразбира дека човекот мора да направи рамнотежа на сите полиња, во исхраната, физичката активност, духовниот развој, кариерата и семејството. Нејзините застапници посветиле неколку поглавја исклучиво на женското здравје, а според нив одржувањето на добро здравје во раната возраст е од исклучителна важност. Според индиското толкување, постојат три основни телесни конституции или души кои се присутни во секој од нас: вата, пита и капа. Тие се поподложни на нерамнотежа поради сложената физиологија вклучена во менструалниот циклус. Ако овие типови се неурамнотежени, тоа може да влијае не само на здравјето на жената, туку и на нејзиното потомство. Оваа наука препорачува зголемен внес на храна која е кисела, солена, зачини како сусамово масло, семенки од сусам, пренесува Галфњуз. Според Ајурведата, менструалниот циклус е природен процес на чистење што се јавува кај жените секој месец. Ако е редовен, тој самиот го лекува дисбалансот и ги прочистува ткивата. Одржувањето и корегирањето на нарушениот менструален циклус е од најголема важност според оваа индиска наука. Оваа наука советува дека треба да ги избегнувате лошите навики кои можат да предизвикаат негово нарушување, како што се напрегање и долготрајни вежби. Во ова се вбројува и вежбање ноќе, будната состојба во текот на ноќта, редовни долги патувања, но и прескокнување оброци, брзи диети, јадење сува храна и потиснување на гладот, жедта или мокрењето. Покрај овие, постојат и навики што се однесуваат на психата на жената, односно грижата и претераното размислување, што може негативно да влијае на здравјето на жената. Иако на многумина ова ќе им звучи неверојатно, ладната храна и студот воопшто може да влијаат на гинеколошките проблеми кај жените. Прекумерното внесување на рафинирана храна, неварено млеко, урми, банани, шеќер и млечни производи може да има негативно влијание врз менструацијата. Конечно, дневниот сон, прејадувањето и седечкиот начин на живот може да доведат до инсулинска резистенција, миома на матката, оскудна или одложена менструација. Не постојат уникатни лекови или рецепти за здрав менструален циклус. Треба да се следат дневните и ноќните рутини базирани на ајурведата и на биолошкиот ритам за редовна менструација. На својот конгрес во Алма Ата во 1977 година, Светската здравствена организација официјално ја призна Ајурведата и препорача нејзина примена и популаризација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
МакедонијаСобранието ги избра новите 8 министриВо Собранието беа избрани 8-те новите министри во Владата предложени со владината реконструкција. За изборот на нови министри гласаа само пратениците од владеачкото мнозинство односно 69 пратеници. Опозицијата ја напушти седницата поради навредите кои кон нив ги упатил поранешниот министер за односи со заедниците и нов министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ. Попладнево, ситуацијата ексалираше, откако опозијата го обвини Стоилковиќ дека упатил навреди и пцовки на адреса на пратениците на СДСМ Фатмир Битиќи и Митко Трајчулевски надвор од салата, за време на попладнвената пауза. За нов министер за правда е избран Јетон Шасивари член на Вреди, министер за земјоделство Борче Серафимовски од ЗНАМ, нов министер за односи меѓу заедниците Агон Ферати од Вреди, министер за здравство Сашо Клековски од ВМРО-ДПМНЕ, министер за туризам и култура Седат Сулејмани од Вреди, министер за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски од ВМРО-ДПМНЕ, министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ од ДПСМ, а нов министер без ресор е Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ. Новите министри беа избрани со 69 гласа „ЗА“, без ниту еден воздржан и против.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
МакедонијаМухамеди: Кога притисокот кон властите е поголем -можноста тие државата да ја гледаат како извор на лично финансирање, е помала„Треба да се работи на рационализација, на ваков начин не одиме никаде“Имате ситуација во Парламент, Артан Груби го нарекува криминалец Сашо Мијалов, од друга страна излегува дека тој го ослободува од затвор. Тоа што политичарите го прават нечесно, нема врска со патриотизам, туку имаат за цел да ги лажат граѓаните за да добијат гласови. Треба само малку да ги гледаш работите пологично и да бидеш порационален за да сфатиш. Не знам што е лошо некој да каже дека ја почитува државата во која што живее за да добие негативнии коментари. Треба ли да пишувам дека ја сакам Албанија, а не ја сакам Македонија, за да добивам позитивни коментари? Треба да се работи на рационализација, на ваков начин не одиме никаде. Замисли каков притисок ќе биде направен на властите ако целиот народ и Македонците и Албанците и сите други останати се обединат за некои прашања, како што се на пример загадувањето, за неправди, каков ли притисок ќе имаат властите ако народот се обедини за таков вид на прашања. И кога притисокот кон властите е поголем, тогаш и можноста тие државата да ја гледаат како извор на лично финансирање, е помала. Тогаш тие ќе чувствуаат притисок и повеќе ќе работат за граѓаните, помалку за себе, вели Умејр Мухамеди во Само Вистина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизМарта е новата Мис Болоња: Некои слават, други незадоволниИзборот на Марта Бунд за Мис Болоња 2026 предизвика жестока дебата на социјалните мрежи. Откако беше прогласена за победничка на регионалниот натпревар, следеа илјадници коментари, а мислењата на корисниците беа целосно поделени. Дел од дебатата беше за нејзиното африканско потекло. Додека дел од јавноста ја гледа победата на Марта како знак на отвореност и инклузивност, други изразија незадоволство од исходот од натпреварот. View this post on Instagram A post shared by Marta Bunda (@marta_bunda) Во коментарите, некои корисници тврдеа дека изборите за убавина треба да го претставуваат „традиционалниот изглед“ и културното наследство на регионот. Други, пак, нагласија дека потеклото не треба да игра никаква улога во евалуацијата и дека единственото нешто што е важно е како кандидатките се претставиле и ги исполниле критериумите за натпреварување. Што всушност освои таа? Дебатата беше дополнително поттикната од објави што содржеа неточни или нецелосни информации, па затоа вреди да се разјасни што е во прашање. View this post on Instagram A post shared by Marta Bunda (@marta_bunda) Марта Бунда не беше крунисана за Мис Италија, туку ја освои титулата Мис Болоња 2026. Тоа беше регионално натпреварување кое ѝ обезбеди место во овогодинешното финале на Мис Италија. Организаторите стојат зад својата одлука Ваквите дискусии не се ништо ново во Италија. Во претходните години, учеството или победите на кандидатки од странско потекло, исто така, предизвикаа бројни реакции на социјалните мрежи и кај дел од јавноста. View this post on Instagram A post shared by Marta Bunda (@marta_bunda) Организаторите на натпреварот сè уште не дадоа коментар за контроверзноста, а резултатот од регионалниот натпревар останува на сила. Во меѓувреме, дебатата за современите идеали за убавина, идентитет и претставување на различни заедници продолжува на социјалните мрежи. Извор: Индекс.хрТагови: Мис Болоња Марта Бунд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29