Деветнаесетгодишен македонски државјанин уапсен на границата со Хрватска за обид за убиство на познатиот Алибек во Белград
2Деветнаесетгодишен македонски државјанин уапсен на границата со Хрватска за обид за убиство на познатиот Алибек во Белград
3Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
СветАјкула уби 16-годишно момче на ЈамајкаАјкула нападна и уби 16-годишен средношколец на Јамајка. Безживотното тело е пронајдено во водите северно од островот, соопштија тамошните власти.Тинејџерот Јахмари Рид живеел во Трелани, источно од популарниот туристички град Монтего Беј. Момчето, според наводите, отишло само на риболов рано наутро во понеделникот, а рибарите го пронашле неговото тело следниот ден со повреди што укажуваат на напад од ајкула, се вели во извештајот на полицијата. Од 1749 година, во Јамајка се пријавени само три напади на ајкула, според Меѓународната датотека за напади од ајкули, уредувана од Музејот за природна историја на Флорида и Американското здружение „Еласмобранч“. Лани имало вкупно 69 (потврдени и неиспровоцирани) нападите од ајкула ширум светот и 14 смртни случаи, се вели во извештајот. Во јули, сурфер ја загуби ногата по напад крај брегот на Австралија. Само еден месец претходно, сурферката Тамајо Пери почина по напад на ајкула кај островот Оаху, Хаваи. Во јануари, и млад рибар кој нуркал кај пацифичкиот брег на Мексико бил убиен од ајкула. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПотопен уште еден товарен брод во Црното море покрај брегот на БугаријаБугарија денеска примила повик за помош од товарен брод што тонел во нејзината ексклузивна економска зона во Црното Море, соопшти Министерството за транспорт.Бродот „Бетул 8“, кој пловел под сомалиско знаме и на кој имало 12 членови на екипажот, превезувал три тони пченица и пловел од Романија кон Египет. Од Министерството за транспорт не наведоа што се случило со посадата. Два бугарски, еден романски и еден турски брод се упатени кон местото на настанот, се додава во соопштението. Причината за инцидентот не е јасна, но во изминатите неколку недели имаше низа смртоносни напади со беспилотни летала врз бродови во близина на бреговите на Бугарија и Романија, за кои се верува дека се поврзани со војната во Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканДеветнаесетгодишен македонски државјанин уапсен на границата со Хрватска за обид за убиство на познатиот Алибек во БелградДеветнаесетгодишен државјанин на Македонија е уапсен под сомнение дека се обидел да го убие Ненад Алајбеговиќ, познат како Алибек, во Белград.Осомничениот бил приведен на границата со Хрватска, додека се обидувал да ја напушти Србија, објавија српските медиуми.. По налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, на А. А. му е одредено задржување до 48 часа поради сомнение за обид за убиство и недозволено производство, поседување, носење и трговија со оружје и експлозивни материи. Според сомненијата, на 8 август минатата година, на улицата „Народни херои“ во Белград, осомничениот испукал повеќе куршуми од пиштол кон Ненад Алајбеговиќ, кој во тој момент се наоѓал во своето возило.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЛукаку се повлече од репрезентацијата на БелгијаБелгискиот напаѓач 33 годишниот Ромелу Лукаку денес преку социјалните мрежи, го објави крајот на својата репрезентативна кариера, која трае 16 години. Од неговиот прв повик во националниот тим на 3 март 2010 година, кога имаше само 16 години, Ромелу го носеше дресот на репрезентацијата 135 пати и постигна 94 гола. Со оваа импресивна статистика, тој е најдобриот стрелец на сите времиња за „Црвените ѓаволи“. „Шеснаесет години. Во текот на овие 16 години, дадов сè што имав за националниот тим. Доживеав секакви емоции што можат да се замислат“, напиша Лукаку на Инстаграм, придружувајќи ја објавата со серија фотографии од неговата репрезентативна кариера. Во текот на својата репрезентативна кариера, Лукаку настапи на четири Светски првенства и три Европски првенства. Тој беше клучен играч во белгиската „златна генерација“ – тим кој со години беше меѓу најдобрите во светот и подолго време го држеше првото место на ранг-листата на ФИФА. Во моментов настапува за турскиот клуб Фенербахче.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook