МакедонијаАХВ: Светски ден на борба против беснилото, вакцинирајте го вашиот миленикАгенцијата за храна и ветеринарство и годинава се приклучува со поддршка на глобалната иницијатива за одбележување на 28 Септември, Светски ден на борба против беснилото.Агенцијата за храна и ветеринарство и годинава се приклучува со поддршка на глобалната иницијатива за одбележување на 28 Септември, Светски ден на борба против беснилото, која годинава под мотото „Кршење на границите на беснилото“ се одбележува по 18-ти пат. Овогодинешното мото нагласува дека концептот „Едно здравје“ се однесува на секого од нас и не насочува да размислуваме надвор од рамката, да ги уништиме бариерите што стојат на патот на елиминација на беснилото. Тука спаѓаат јазлите во меѓународната соработка, недостатокот на пристап до основните ресурси (вклучувајќи квалитетни вакцини) и ограниченото знаење на јавноста за болеста. Со годинашното мото, Глобалната алијанса за контрола на беснилото ги охрабрува засегнатите страни, организациите и луѓето од секоја сфера на животот да се обединат за да ја постигнат целта од нула смртни случаи од беснило до 2030 година #ZeroBy30. Беснилото е прекугранична болест која бара прекугранична акција. Заедно, Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), Светската организација за здравје на животните (WOAH), Светската здравствена организација (СЗО) и Форумот Обединети против беснило го користат пристапот за Едно здравје за да ги здружат владите, производителите на вакцини, истражувачите, невладините организации и развојни партнери во борбата со болеста. Со соработка и здружување на силите низ секторите, ангажирање на заедниците и почитување на задолжителнта вакцинација на кучињата, заедно како еден можеме да работиме кон првата цел за елиминирање на една болест за да го направиме концептот Едно здравје достапен за сите - користејќи го беснилото како пример. Како одговорна институција за заштита на здравјето и на луѓето и на животните во контекст на концептот „Едно здравје“ координирајќи ги активностите на здравствената заштита на животните и јавното здравје, Агенцијата за храна и ветеринарство континуирано презема активности за контрола и одржување на позитивна епидемиолошка состојба кога е беснилото како болест во прашање. Во Република Северна Македонија во однос на оваа болест епидемиолошката состојба е стабилна. Од последните евидентирани случаи на беснило во 2012 година, кај мачка во радовишкото село Аргулица и кај волк во кочанското село Главовица, во земјава нема беснило. Како одговорна институција, навреме ги преземаме потребните мерки за контрола на состојбата. Со стапка на смртност од речиси 100% и кај луѓето и кај животните, беснилото останува глобална закана, убивајќи приближно 59.000 луѓе секоја година. Кучињата се главниот резервоар на болеста. Контролирањето и елиминирањето на смртоносната зооноза значи, според тоа, борба против неа од нејзиниот животински извор. Апел до сопствениците на домашни миленици: ,,Бидете одговорен сопственик кон вашиот миленик, кон самиот себе, кон своето семејство и непосредната околина. Беснилото е премногу сериозна болест. Вашата обврска за вакцинација на вашиот миленик против беснило извршувајте ја навремено и редовно во регистрираните ветеринарни друштва,,. Вакцинирањето против беснило на кучињата и мачките е законска обврска, истата започнува на возраст од 4 месеци, а вакцината е потполно безопасна за миленикот. Ревакцинација се врши еднаш годишно. Не чекајте! Вакцинирајте го вашиот миленик и помогнете во елиминација на беснилото! Агенција за храна и ветеринарствоКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд недела задолжителна зимска опрема за сите возила Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз. Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пица вафлиВо петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба РужаСостојки за денешниот рецепт: 120 гр. брашно 100 мл. млеко 1 јајце 2 лажици доматно пире 100 гр. кашкавал 1 прашок за пециво 1 лажиче италјански зачин или оригано 100 - 200 гр. шунка или салама 100 гр. кечап 100 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
СветРути: Сè уште не е јасно дали мирот е близуГенералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека останува нејасно дали мирот е близу, по новите трилатерални разговори во врска со конфликтот во Украина и средбата меѓу американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин. „Многу е тешко да се каже. Она што го знам е дека сите вклучени страни – првенствено Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, како и Европејците и Украина – работат неуморно за да стават крај на оваа војна“, изјави Руте за агенцијата АФП за време на самитот на европските политички лидери во Даблин. Тој одби да ја коментира суштината на преговорите, но нагласи дека САД, Европа и Украина се „на иста страна“. Руте ги отфрли сугестиите дека Русија би можела да влијае врз одлуките на Алијансата, откако и од Вашингтон и од Москва пристигнаа навестувања дека европските безбедносни аранжмани би можеле да бидат преиспитани како дел од тековните разговори. „Ова не е тема за дискусија“, додаде Руте, пренесува агенцијата „Срна“. Руте нагласи дека е „многу важно“ Европејците, Украина и САД да постигнат договор за тоа што е прифатливо, а што не.Тагови: Марк Руте НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter