АХВ со засилени инспекциски контроли пред Велигден

Со контролите се опфатени маркетите, угостителските објекти, специјализираните продавници за јајца, како и месарниците и зелените пазари.

Засилени контроли ќе има кај операторите со храна во производството, преработката, дистрибуцијата и продажбата на храна во пресрет на велигденските празници и зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, соопштија од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Со контролите се опфатени маркетите, угостителските објекти, специјализираните продавници за јајца, како и месарниците и зелените пазари.

Ќе се проверува дали и колку операторите со храна ги исполнуваат општите и посебните услови за безбедност на храната што се однесуваат на нејзино чување, одржување на ладниот ланец во транспортот и прометот, како и тоа дали означувањето на храната е во согласност со одредбите од Законот за безбедност на храната и Правилникот за информации поврзани со храната.

Како што соопштија од Агенцијата, ќе се вршат контроли на безбедноста на бојата за јајца што се продава во регистрираните објекти за продажба на храна и на зелените пазари, ќе бидат контролирани производителите, увозниците и трговците со бои за јајца.

Инспекциските служби од Агенцијата ќе вршат проверка дали боите за јајца ги исполнуваат одредбите од Законот за безбедност на храната и Правилникот за адитивите што се употребуваат во производството на храна.

– Како одговорна институција за безбедноста на храната, апелираме до граѓаните да купуваат храна, вклучително и јајца и бои за јајца исклучиво од регистрирани производители/увозници, што е соодветно означена или декларирана. Секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, вклучително и на производството и трговијата со јајца и боја за јајца граѓаните можат да ја пријават во Агенцијата, соопштија од АХВ.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер