3Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори
МакедонијаАХВ нема да соопшти која е млекарата што продавала сирење со лажна декларација, имало законски ограничувањаСѐ уште не се познати имињата на операторите кај кои Агенцијата за храна и ветеринарство утврди сериозни неправилности меѓу декларираниот и реалниот состав на дел од млечните производи на домашниот пазар. Имињата на 10-те оператори каде контролите покажале помал процент на масленост од наведениот на декларацијата, но и употреба на палмина маст во производството на млечни производи, според директорот на Агенцијата, Оливер Миланов, засега не можат да бидат објавени поради законските одредби и важечките правилници. Миланов не одговори на нашите телефонски повици, а ова ова накусо ни го образложи кога го затекнавме пред објектот на Агенцијата, најавувајки повеќе детали во текот на денот. Додека имињата на фирмите кај кои се утврдени неправилностите и натаму остануваат непознати, кај граѓаните се отворија дилеми околу квалитетот на производите што секојдневно ги купуваат од маркетите. Граѓаните реагираат и за висината на изречените санкции, кои во најголем дел се движат од околу 1.000 до 1.300 евра. Највисоката казна од 3.500 евра ја добил оператор кој продавал ситно сирење декларирано со 20 проценти млечна маст, а лабораториските анализи покажале дека производот содржел само еден процент. Според нив, необјавувањето на имињата дополнително ја намалува довербата во домашните производители и апелираат контролите треба да бидат почести и построги. Дека се потребни повисоки казни за ваквите практики сметаат и од Организацијата на потрошувачи. Оттаму велат дека единствениот начин граѓаните да бидат сигурни во квалитетот на производите е да можат да се потпрат на информациите наведени на декларацијата, а во овој случај токму таа доверба била нарушена. -Треба да се знае кои се тие што манипулираат со декларациите за да граѓаните и понатаму имаат доверба во македонските производи бидејки тоа беше целта постојано апелираме дека треба да се купуваат македонски производи. Сметам дека треба да се покачат казните да бидат повисоки бидејки во овој случај тие 1000 евра што се казнети оние кои произведуваат, за нив не значат ништо бидејки тие повеќе заработиле од колку што се казнети, изјави Татјана Тасевска – Организација на потрошувачите на Македонија. Со реакција излегоа и сточарите, кои велат дека со месеци предупредувале на сомнежи за употреба на палмино масло во млечните производи. Според нив, намалената побарувачка за сурово млеко е дополнителен показател за ваквите практики. Посочуваат дека млекото од фармите се откупува по цена од 24 до 29 денари за литар, додека готовите производи во маркетите се продаваат по значително повисоки цени. Тагови: АХВ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИзбори во Израел, двата политички блока се изедначени во КнесетотИзлезните анкети од парламентарните избори во Израел покажуваат неизвесен исход.Ниту Бенјамин Нетанјаху ниту Гади Ајзенкот засега немаат јасно мнозинство.Според првичните процени, двата политички блока се речиси изедначени во парламентот. Арапските партии се очекува да освојат од 18 до 19 пратенички места.Нивната поддршка може да биде клучна за формирање на новата влада.Излезноста беше рекордна достигна 77,7 проценти, највисока од изборите во 1999 година. Нетанјаху повика на формирање силна десничарска национална влада.Ајзенкот, пак, најави формирање влада што ќе ги претставува сите граѓани.конечните резултати ќе зависат и од пребројувањето на преостанатите гласови. По објавувањето на резултатите, претседателот ќе го задолжи кандидатот за кој смета дека може да формира коалиција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
РакометВардар против Мт Мелсунген на домашен терен ја завршува сезоната во ЕХФ Лигата на шампионите Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва од 18-45 часот во Јане Сандански ја затвара сезоната на европската сцена. противник на црвено црните е силниот германски преставник Мт Мелсунген.Црвено-црните пред домашната публика ја затвораат европската сезона. РК Вардар 1961 денес, 28 октомври, од 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува германскиот МТ Мелсунген во натпреварот од шестото, последно коло од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите. Црвено-црните ќе се борат за втора победа во европската елита, со желба сезоната да ја заокружат со триумф пред своите навивачи. Поддршката од трибините ќе биде дополнителен мотив за Вардарци да го дадат максимумот и да се обидат да му се реваншираат на германскиот тим за поразот од 33:31 на првиот меѓусебен дуел во Касел, кога Вардар до самиот крај беше во игра за позитивен резултат. Како горд партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија е повторно со црвено-црните и во овој нивен европски предизвик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
МакедонијаЈавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупцијаЈавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција.Вкупно 187 обвинители со право на глас ќе избираат меѓу петмина кандидати.Во трката се Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски. Гласањето е тајно и ќе трае од 8 до 16 часот. По завршувањето, резултатите ќе бидат сумирани на јавна седница. Кандидатите во своите програми најавија борба против корупцијата и перењето пари.Меѓу приоритетите се и зајакнување на истражните капацитети и финансиските истраги. Се најавуваат и поголема ефикасност и независност на Обвинителството. Изборот се спроведува поради истекот на мандатот на актуелниот шеф Ислам Абази. Тој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter