АХВ казни 14 месарници, уништени над 300 килограми месо - Канал 5

АХВ казни 14 месарници, уништени над 300 килограми месо

Агенцијата за храна и ветеринарство казни 14 месарници за за утврдени недоследности во работењето поради што уништени се 323 килограми храна. 

АХВ казни 14 месарници, уништени над 300 килограми месо

Во рамки на спроведените 73 вонредни инспекциски контроли биле утврдени неправилности во поглед на означувањето на призводите а дел од месарниците не биле ниту регистрирани како оператори со храна во АХВ..

Иннспекциските контроли биле спроведни на 30 април.

-Со спроведените контроли на месарниците издадени се 23 решенија за отстранување на утврдени недоследности. Тројца оператори ставале во промет небезбедна храна, кај седум се утврдени недостатоци во поглед на спроведувањето на правилата на добра производстевна и хигиенска пракса, а четири месарници немале спроведено задолжителен санитарен преглед на вработените.- АХВ.

Од Групацијата за производство на месо и преработки од месо велат дека ваквите инспекциски контроли се особено значајни и треба да се прават почесто, а не само пред поголемите празници.

Трајчев нагласува дека цената на месото и преработките од месо речиси две години не се зголемени, но предупредува дека поради увозот на суровини, не може да се очекува стабилност на цената и во иднина.

Дополнителен проблем со кој се соочуваат компаниите од Македонија е ограничениот пристап до странските пазари. Имено, според регулативите на Европската Унија, а со цел да се заштити заедничкиот европски пазар, постои ограничување на трговијата со живи свињи, како и со свежо и замрзнато свинско месо од трети земји во земјите членки на Европската Унија.

Во таа насока постои ограничување за извоз на живи свињи, како и на свежо и замрзнато свинско месо и преработки од свинско месо од Македонија во земјите членки на Унијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претставничкиот дом на САД усвои резолуција за повлекување на американските сили од воените операции со Иран

Претставничкиот дом на САД усвои резолуција со која се бара повлекување на американските сили од воените дејствија против Иран, освен доколку Конгресот не одобри понатамошен ангажман.

Претставничкиот дом на САД усвои резолуција за повлекување на американските сили од воените операции со Иран

Резолуцијата, предложена од демократите, е усвоена со 215 гласа „за“ и 208 „против“, а ја поддржаа и четворица републиканци, кои гласаа спротивно на ставот на својата партија.. Иако резолуцијата има претежно симболичен карактер поради можноста претседателот да стави вето, таа претставува значајна политичка порака до Белата куќа.

Доколку мерката биде усвоена и во Сенатот, Трамп најверојатно ќе стави вето за да го спречи нејзиното стапување во сила. За надминување на претседателското вето е потребно двотретинско мнозинство во двата дома на Конгресот, што во моменталниот политички распоред се смета за малку веројатно..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанија откри 111 случаи на редок рак поврзан со импланти за гради

Шпанските здравствени власти потврдија дека до крајот на 2025 година ќе бидат регистрирани вкупно 111 случаи на анапластичен лимфом на големи клетки, ретка форма на рак поврзан со импланти за гради.

Шпанија откри 111 случаи на редок рак поврзан со импланти за гради

Шпанската агенција за лекови и медицински помагала (Aemps) примила вкупно 146 сомнителни пријави откако започнала да ја следи состојбата во 2012 година, објавува Euronews.

Податоците се дел од шестиот извештај за следење на националниот протокол за откривање и проучување на овој вид лимфом, изготвен врз основа на извештаи регистрирани во Системот за надзор на медицински производи. Агенцијата со години спроведува надзор на специфични болести во соработка со медицинските друштва и европските здравствени власти.

Според извештајот објавен од агенцијата, најголем број пријави се регистрирани во Мадрид, по што следат Андалузија, Каталонија и Валенсија.

Анапластичниот лимфом на големи клетки поврзан со импланти на дојка, меѓународно познат како BIA-ALCL, е редок вид на не-Хочкинов лимфом.

Важно е да се напомене дека ракот не потекнува од самото ткиво на дојката, туку од клетките на имунолошкиот систем кои можат да се развијат во ткивната капсула околу имплантот.

-Aemps нагласува дека ова е ретка болест чија инциденца е ниска во споредба со големиот број жени кои имаат импланти на дојка. И покрај ова, агенцијата ја нагласува важноста на понатамошниот надзор и подобрувањето на раното откривање. Досегашните истражувања сугерираат дека болеста има повеќе причини.

Меѓу факторите што се проучуваат се видот на имплантот што се користи, генетската предиспозиција и можните воспалителни процеси или контаминација поврзани со имплантацијата. Сепак, експертите забележуваат дека дефинитивна причинско-последична врска сè уште не е утврдена и дека механизмот што го активира развојот на лимфом сè уште не е прецизно познат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Интензивно се одвиваат градежните активности на Био Пазарот

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, на Фејсбук напиша: Интензивно се одвиваат градежните активности на Био Пазарот.

Јанчев: Интензивно се одвиваат градежните активности на Био Пазарот

Интензивно се одвиваат градежните активности на Био Пазарот.

Изградбата на овој Био Пазар ќе обезбеди современ, уреден и сертифициран простор каде локалните земјоделци, органски производители и мали семејни бизниси ќе можат директно да ги продаваат своите производи, без посредници – по фер цени, со зголемена доверба од потрошувачите. Со овој капитален проект инвестираме во три столба – здравјето на граѓаните, економската моќ на нашите производители и одржливата иднина на Кавадарци.

[✔️] Инвестиција на Општина Кавадарци во вредност од 26.500.000 ден плус ДДВ, стои во објавата на Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер