АХВ: Казнет уште еден нелегален продавач на храна со поминат рок - Канал 5

АХВ: Казнет уште еден нелегален продавач на храна со поминат рок

Пронајдени беа 34 пакети со таканаречени флипс производи и 35 пакети оризови барови со различни вкусови, грицки и други кондиторски производи во количина од 250 килограми. Утврдено беше дека  пронајдените производи се со поминат рок.

АХВ: Казнет уште еден нелегален продавач на храна со поминат рок

По добиено известување од полициски службеници дека при рутинска контрола на патничко моторно возило откриле значително количество кондиторски производи со поминат рок, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) презедоа дејствија за откривање на потеклото на истите. Во соработка со Министерството за внатрешни работи беше извршен претрес на дом на возачот на возилото.

Пронајдени беа 34 пакети со таканаречени флипс производи и 35 пакети оризови барови со различни вкусови, грицки и други кондиторски производи во количина од 250 килограми. Утврдено беше дека пронајдените производи се со поминат рок и истите, како небезбедени беа одземени од инспекциските служби на АХВ.

Производите биле набавени од различни магацини и истите се нуделе и продавале на скопскиот пазар за стари работи во Маџари како и на пазарот во Шуто Оризари во Скопје. Сторителот е казнет со парична казна во висина од 400 евра во денарска противвредност. Издадена е и наредба за уништување на небезбедните производи.

Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со спроведување на мерки за сузбивање на нелегална трговија со храна, за која може да пријават и граѓаните на бесплатната телефонска линија за потрошувачи 0800 3 22 22, електронски на [email protected], или лично во Агенцијата.

Со почит,

Агенција за храна и ветеринарство

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пацифичката државичка Науру го смени името

Пацифичката островска државичка Науру официјално го промени своето име во Република Наоеро.

Пацифичката државичка Науру го смени името

Пацифичката островска државичка Науру официјално го промени своето име во Република Наоеро, враќајќи се на своето традиционално име, во потег за кој властите велат дека има за цел зајакнување на националниот идентитет и зачувување на културното наследство.

Во мај, парламентот на Науру усвои уставен амандман со кој се менува името на земјата и првично планираше да одржи национален референдум. Но, претседателот Дејвид Адеанг вчера на социјалните мрежи објави дека референдумот е напуштен.

„Одлуката да не се одржи референдум беше донесена по внимателно разгледување на фактот дека Наоеро не е ново име кое сè уште не е прифатено меѓу граѓаните. Тоа е веќе идентитетот на нашиот народ, се наоѓа на националниот грб, се користи во секојдневниот говор на заедницата и, најважно, е дозволено со Уставот“, напиша Адеанг.

Скратеното име на земјата ќе биде Наоеро, додека нејзините граѓани ќе се нарекуваат деи-Наоеро.

На европските колонизатори им беше тешко да го изговорат оригиналното име

Европските колонизатори ја преименуваа земјата во Науру затоа што им беше тешко да го изговорат нејзиното оригинално име Наоеро. Таа островска земја со околу 12.000 жители е третата најмала земја во светот, по Ватикан и Монако.

Адеанг истакна дека одлуката не е од политичка природа, туку дека станува збор за идентитет, наследство и „зачувување на наследството на нашите предци и зајакнување на иднината на нашите деца“. Владата официјално ги информираше меѓународните организации и другите земји за промената на името, а процесот на премин кон новото име е веќе во тек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторно му е намалена затворската казна на Диди, ќе излезе еден месец порано

Шон Диди Комбс ќе биде ослободен од затвор порано од планираното, и покрај неговата неодамнешна вмешаност во тепачка што го одведе во самица. 

Повторно му е намалена затворската казна на Диди, ќе излезе еден месец порано

Диди Комбс (56), кој беше ослободен од најтешките обвиненија за трговија со луѓе и рекетирање минатиот јули, но беше осуден за организирање проституција, треба да биде ослободен на 24 јануари 2028 година, според новите податоци.

Хронологија на промените на датумот на ослободување

Комбс првично требаше да биде ослободен од затвор на 8 мај 2028 година, но датумот подоцна беше поместен за 4 јуни истата година поради обвинувања дека консумирал алкохол и остварил нелегален телефонски повик додека бил во затвор. Неговиот адвокат ги негираше обвинувањата.

Во октомври минатата година, датумот на ослободување беше поместен за 25 април 2028 година, врз основа на законот FIRST STEP Act, реформа на затворскиот систем донесена за време на мандатот на Доналд Трамп, со што се овозможи предвремено ослободување на десетици илјади осуденици.

Датумот потоа беше ревидиран на 15 април 2028 година, а минатиот месец повторно беше поместен на 23 февруари 2028 година. Според најновите податоци од Федералното биро за затвори, Комбс сега треба да биде ослободен на 24 јануари 2028 година.

Федералното биро за затвори не сакаше да објасни зошто датумот е повторно променет. „Поради приватноста и безбедноста, не коментираме за условите на затворениците, вклучително и плановите за ослободување или причините за промена на датумите за ослободување“, изјавија тие за Дејли меил.

Тепачка во затворот

Новата затворска казна беше објавена една недела откако Комбс се тепаше со друг затвореник во федералниот затвор Форт Дикс во Њу Џерси. Според TMZ, кој се повикува на повеќе извори, раперот нападнал друг затвореник откако бил вербално навредуван.

Изворите тврдат дека по туркањето избувнала тепачка. Чуварите брзо интервенирале и ги разделиле, а Комбс наводно завршил во самица по инцидентот. Портпаролот на затворот Форт Дикс одби да потврди дека инцидентот се случил.

„Не објавуваме информации за сместувањето на затворениците, ниту коментираме дали некој е предмет на обвиненија, истраги или дисциплински мерки“, изјави тој за Дејли Меил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 25 лица загинаа во тешка автобуска несреќа во Алжир (ВИДЕО)

Најмалку 25 лица загинаа, а 44 се повредени во сообраќајна несреќа што се случи кога автобус падна во клисура во покраината Бумердес, во северен Алжир, соопшти Цивилната заштита.

Најмалку 25 лица загинаа во тешка автобуска несреќа во Алжир (ВИДЕО)

Несреќата се случила на регионалниот пат RN24, кога автобусот што патувал од Сетиф се лизнал и паднал во клисурата, објавува порталот TSA Algerie.

Причината за несреќата сè уште не е објавена.

Цивилната заштита на Алжир распоредила големи човечки и материјални капацитети, вклучувајќи 11 возила на брза помош, а спасувачката операција продолжила до раните попладневни часови.

На местото на несреќата отиде и алжирскиот премиер Сифи Гриб, кој ја обиколи областа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер