МакедонијаАХВ: Инспекциски тимови спроведуваат вонредни инспекциски контроли во кујните на 9 основни училишта во Општина КарпошВо рамки на превентивните вонредните контроли во овие училишта, каде нема деца кои појавиле симптоми на труење со храна, се земаат мостри од храна и од работните површини за лабараториско тестирање, стои во соопштението од АХВ. Инспекциски тимови од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денес, спроведуваат вонредни инспекциски контроли во кујните на 9 основни училишта во Општина Карпош со кои стопансисува истиот оператор со храна во чија сопственост е и централниот магазин кој се наоѓа во основното училиште “Димо Хаџи Димов” во Скопје и од каде се набавуваат репроматеријали за подготовка на храна. Во рамки на превентивните вонредните контроли во овие училишта, каде нема деца кои појавиле симптоми на труење со храна, се земаат мостри од храна и од работните површини за лабараториско тестирање. АХВ ги чека резултатите од тестирањата на земените примероци храна и од работните површини во рамки на вчерашната вонредна инспекциска контрола која заедно ја спроведоа инспектори за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот здравствен и санитеран инспекторат и Ценатрот и Институтот за јавно здравје, информираат од Агенција за храна и ветеринарство.Тагови: АХВ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
КошаркаСрпскиот тренер Александар Саша Ѓорѓевиќ се враќа во ТурцијаПо двегодишна пауза, српскиот тренер Александар Саша Ѓорѓевиќ се враќа на тренерската работа и го презема турскиот Бахчешехир. Како што објави Eurohoops, поранешниот селектор на Србија и Кина веќе ги договорил сите детали за соработката со клубот од Истанбул. Ѓорѓевиќ ќе го наследи српскиот стручњак Марко Бараќ на клупата, а главна цел на клубот во следната сезона ќе биде пласман во Евролигата. Иако во изминатите недели се шпекулираше дека би можел да го преземе амбициозниот проект во Рим, кој го поддржува Лука Дончиќ, Ѓорѓевиќ на крајот реши да ја прифати понудата од Турција. Неговиот последен ангажман беше на клупата на кинеската репрезентација, која ја напушти во 2024 година. Во меѓувреме, тој беше поврзуван со неколку европски клубови и проектот Дубаи, но чекаше соодветно враќање на тренерската сцена. Ова ќе биде негово враќање во Истанбул, каде што веќе го водеше Фенербахче и ја освои титулата турски шампион во текот на сезоната 2021/22.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: ЗНАМ повторно ја брани изолацијата на Македонија, Мицкоски и неговата криминална групаЗНАМ денеска излезе со соопштение во кое вели дека ЕУ интеграцијата мора да се темели на реформи, а не на „нови условувања“.Ова е класична манипулација. Нема нови условувања. Уставните измени се дел од европската преговарачка рамка уште од самиот почеток. Тоа не е „уцена“, туку основен услов за отворање на преговорите - што вчера јасно го потврди и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Реформи оваа власт не спроведува. Нека го прочитаат извештајот на Вајц и Комитетот на Европскиот парламент. Таму јасно се вели дека нема напредок, нема владеење на правото и дека постои странско мешање. ЗНАМ, партијата создадена и финансирана од Мицкоски за да ја разбие опозицијата, повторно ја брани политиката на изолација. Наместо да им кажат на граѓаните дека без уставни измени нема напредок, тие повторно играат на картата на лаги - „национално достоинство“ и „уцени“. Ова е истата приказна што ја турка и ВМРО-ОКГ со месеци. Целта е јасна: да се спречи Македонија да влезе во ЕУ, за да може криминалната група на Мицкоски и Максим Димитриевски да продолжат да работат без контрола и без одговорност. СДСМ уште одамна рече: поддржуваме само една работа - внесување на малцинствата во Уставот. За сè друго - не сме и нема да бидеме дел од оваа криминална структура. Доста е со лаги и манипулации. Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лицаКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица осомничени за случајот со злоупотреби околу тендер за чистење на граничните премини и терминалите, во периодот од јули 2023 до март 2024 година.Oсомничените преку фаворизирање на одреден економски оператор и ограничување на конкуренцијата му овозможиле на правниот субјект да се стекне со противправна имотна корист во износ од над 18 милиони денари од обвинителството велат и дека во рамките на истрагата се обезбедени докази и за примање и давање награда за противзаконито влијание и дека првоосомничениот примил награда во износ од 111.600 денари за искористување на својата службена положба. По распитот обвинителката соопшти дека барањето за притвор е заради опасност од бегство и влијание врз сведоци...Тагови: Кривичен суд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter