АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило - Канал 5

АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило

 Агенцијата за храна и ветеринарство од 6 декември почна со втората годинашна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило.

АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило

Како што информираат од АХВ, кампањата ќе се спроведува до крајот на декември со авионско фрлање на вакцинални мамки од спортскиот аеродром во Штип, со финансиска поддршка од Европска здравствена и дигитална извршна агенција (HADEA). Вредноста на поддршката од Агенцијата за период од три години за пролетната и есенската орална вакцинација изнесува околу 2,5 милиони евра.

Мамките се фрлаат на цела територија на државата, со исклучок на населените места, водените површини и планинските врвови над 2.000 метри надморска височина, при што ќе бидат фрлени околу 450 илјади вакцинални мамки. Кампањата е предвидено да заврши на крајот на декември годинава во зависност од временските услови на терен.

Апелираат до граѓаните во наредниве денови исклучително внимателно да се движат во природа, да внимаваат во комуникацијата со животните, особено со лисиците кои се приближуваат до населените места и кои не покажуваат страв од луѓето и во никој случај да не ги допираат вакциналните мамки, кои се со кафена боја и личат на чоколадни коцки.

- Направени се од смеса со рибино брашно и имаат мирис на риба кој ги привлекува лисиците. Во мамките има пластична капсула со течна вакцина која содржи атенуиран вирус на беснило и биолошки маркер – тетрациклин за утврдување на успешноста на вакцинацијата. Истите се соодветно обележани, со инструкции за начинот на постапување при допир. Доколку сепак се случи да дојдат во контакт со мамките, задолжително е да се измијат рацете со поголемо количество вода и сапун, а при самоповредување или рассечување со дел од капсулата на вакцината, задолжително потребно е да се побара помош од доктор по медицина. За време на кампањата и наредните денови, се препорачува кучињата да се шетаат на поводник, за да се избегне нивен контакт со мамките. Доколку кучињата или мачките дојдат во контакт со мамката, таа не е штетна по нивното здравје. Особено внимание посебно е да се обврне од страна на ловечките кучиња и ловците во природата, особено што во овој период се врши лов на диви животни во природата, велат од Агенцијата.

Од АХВ посочуваат дека три недели по завршувањето, односно по новогодишните празници, Агенцијата ќе спроведе контрола на успешноста на акцијата (поствакцинален мониторинг) преку ловните друштва согласно склучените договори преку застрелување на договорениот број лисици заради лабораториско испитување на успешноста на имунизацијата кај лисиците преку утврдување на присуство на антитела и детекција на тетрациклин во забите кај отстреланите лисици.

Македонија почна со имплементација на Програмата за орална вакцинација на лисиците против беснило во мај 2011 година кога се реализираше првата кампања. Оттогаш потврдени се 9 случаи на беснило, 8 кај диви животни (4 лисици и 4 волци) и еден кај домашна мачка во 2012 година. Од 2012 година, кога е потврден последниот случај на беснило кај мачка во Радовишко, во земјава не се регистрирани нови случаи на болеста кај домашните животни. Овогодинешните кампањи за орална вакцинација се спроведуваат за прв пат после 3 години пауза, односно последната ваква акција е извршена во есента 2022 година.

-Поради неодамнешните случаи на беснило пријавени во Романија, Унгарија, Украина и Молдавија, Агенцијата донесе одлука да се спроведе втора кампања за орална вакцинација за дивите животни, првенствено лисици. Оваа одлука бараше внимателно разгледување поради логистички и организациски прашања и беше донесена во согласност со договорот со HADEA. Сепак, анализата на епидемиолошката состојба покажа дека дополнителната вакцинација е од суштинско значење за заштита и на домашните и на дивите животни и за намалување на ризикот за населението. Со спроведување на втората кампања за орална вакцинација се обезбедува превентивен пристап и навремен одговор во согласност со европските препораки. Овие мерки ја зајакнуваат биолошката безбедност и го намалуваат ризикот од појавата и ширењето на беснило во регионот, посочуваат од АХВ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хакери упаднаа во ФБИ. Трамп: Можеби ќе дознаеме нешто за изборната измама

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева оти најновиот хакерски напад врз база на податоци на ФБИ би можел да открие корисни информации,.

Хакери упаднаа во ФБИ. Трамп: Можеби ќе дознаеме нешто за изборната измама

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева оти најновиот хакерски напад врз база на податоци на ФБИ би можел да открие корисни информации, вклучително и во врска со истрагата за руското мешање во американските избори и наводните изборни измами.

„Секогаш сакам да гледам на работите од позитивната страна“, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“, коментирајќи го вториот голем сајбер-напад врз ФБИ во изминатите два месеца.

Хакери упаднаа во чувствителна база на податоци на ФБИ Според информации што две лица запознаени со случајот ги потврдија за телевизијата „MS NOW“, хакерите пристапиле до Националниот центар за криминално разузнавање (NCIC) – една од клучните бази на податоци на ФБИ.

Базата содржи податоци за отпечатоци од прсти, лица по кои се трага, сторители на насилни кривични дела и исчезнати лица. Пристап до овие информации имаат само органите за спроведување на законот, но податоците не се класифицирани како тајни. Сè уште не е познато колкаво количество податоци успеале да преземат напаѓачите.

Од ФБИ не одговорија на барањето за коментар, а веста за нападот прв ја објави Си-Ен-Ен (CNN).

За време на телефонско интервју за „Фокс њуз“, Трамп призна дека хакерскиот напад не е добра вест, но истовремено изрази надеж дека тој би можел да открие информации што претходно не биле достапни за јавноста.

„Ќе кажам дека тоа не е добро. Не ми се допаѓа. Но, можеби ќе дознаеме работи што инаку никогаш не би ги дознале, бидејќи, знаете, ја имавте целата таа измама ’Русија, Русија, Русија‘“, рече Трамп.

„Можеби ќе дознаеме нешто за изборните измами – сите тие изборни измами што се случија“, додаде американскиот претседател, без да понуди какви било докази со кои би го поврзал овој упад со своите тврдења. Трамп со години ги оспорува наодите од истрагите за руското мешање во претседателските избори во САД во 2016 година. Тој, исто така, продолжува да изнесува неосновани тврдења за распространети измами на изборите во САД.

Ова е втор значаен безбедносен инцидент поврзан со ФБИ во последните два месеца. Во септември, хакерска група позната како „Шајнихантерс“ (ShinyHunters) упадна во системи што содржат податоци за вработените во оваа американска федерална агенција. Тогаш, напаѓачите дојдоа до чувствителни информации за речиси сите вработени во ФБИ, како и за бројни службеници од локалните органи за спроведување на законот, кои учествувале во заеднички истражни тимови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Триумф на Верстапен на Гран прито во Лас Вегас

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, е победник на трката за  Големата награда на Лас Вегас од светскиот шампионат во Формула 1.

Триумф на Верстапен на Гран прито во Лас Вегас

За извонредниот Холанѓанец ова е четвртата победа во последните шест трки.

Трката за Големата награда на Лас Вегас, дефинитино беше најнеизвесната и највoзбудливата оваа сезона.

Од самиот почеток се водеше голема борба, буквално за секоја позиција на патеката. Верстапен успеа да се одбрани од конкурентите, најмногу од Расел, кој 35 кругови беше зад него.

Ред Бул извојува победа благодарение на различните поставки на болидот Верстапен.

Холанѓанецот, по голема борба и бројни промени во водството, стигна до триумф пред Ландо Норис и Оскар Пјастри од Мекларен.

Проблеми во финишот, со болидот, имаше светскиот првак, Кими Антонели, кој во неколку свиоци ја загуби втората позиција од Норис и Пјастри.

Четвртото место му припадна на Антонели, додека Алпин оствари одличен резултат благодарение на петтата позиција на Гасли и шестото место на Франко Колапинто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија

Од редовна обука во вистинска спасувачка акција: Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија.

Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија

Припадниците на Баталјонот на специјални сили (БСС) успешно реализираа сложена спасувачка акција за евакуација на тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија.

За време на изведувањето на редовна напредна обука за планински операции, припадниците на БСС беа алармирани за несреќа што се случила во непосредна близина, при која цивилно лице – алпинист, во текот на качувањето по карпи, паднало на исклучително стрмен и непристапен терен, при што се здобило со тешки телесни повреди.

Веднаш по добивањето на информацијата, припадниците на специјалните сили пристапиле кон организирање и спроведување на спасувачката акција. На повреденото лице му била укажана прва медицинска помош на местото на несреќата, по што, со употреба на специјализирана алпинистичка и спасувачка опрема, било извршено безбедно извлекување од непристапниот терен и транспорт преку реката.

По успешно извлекување до пристапна точка, повредениот алпинист бил предаден на екипите на Итната медицинска помош за понатамошно згрижување и лекување.

Оваа успешна интервенција уште еднаш ја потврдува високата обученост, професионалноста, подготвеноста и способноста на припадниците на Баталјонот на специјални сили за дејствување во сложени и ризични услови. Воедно, таа е потврда за нивната пожртвуваност, решителност и подготвеност за ангажирање во најпредизвикувачки ситуации, во служба на граѓаните и заштита на човечките животи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер