Ахмети, Села и Таравари договориле заеднички настап на локалните избори и кандидати за градоначници - Канал 5

Ахмети, Села и Таравари договориле заеднички настап на локалните избори и кандидати за градоначници

Али Ахмети, Зијадин Села и Арбен Таравари веќе постигнале договор за заедничките настап на локланите избори, кој ќе биде формализиран следните денови, објави порталот тетовасот.

Ахмети, Села и Таравари договориле заеднички настап на локалните избори и кандидати за градоначници

Планот вклучува заеднички кандидати и листи во сите општини, а веќе е договорена и поделбата по општини за кандидатите за градоначлници..

ДУИ ќе има кандидати во 10 општини, меѓу кои Тетово, Чаир, Кичево,

Алијанса за Албанците на Села во 3 општини, Струга, Дебар и Арачиново, а Алијанса за Албанците на Таравари ќе има кандидати во 4 општини Гостивар, Врапчиште, Сарај и Теарце.

Оваа распределба, според партиските извори, е направена врз основа на резултатите од последните изборни циклуси и проценките за најдобри шанси за победа на терен.

ЦСКА Москва ќе се враќа во Евролигата

 Во интервју за француските медиуми познатиот кошаркарски тренер Димитрис Итудис, најави можност кошаркарската Евролига да биде составена од 30 екипи. Тој ја посакува оваа бројка како споредба со НБА лигата и бројот на тимови кои играат таму.

ЦСКА Москва ќе се враќа во Евролигата

- Мојот сон е да имаме лига со 30 екипи и сите да бидат конкурентни. Руските екипи ќе се вратат во Евролигата, а меѓу првите ќе биде ЦСКА Москва која воедно е и акционер, изјави Итудис актуелен тренер на Хапоел Тел Авив и претседател на здружението на тренери на Евролигата. Оваа екипа како освојувач на Еврокупот ќе игра во новата сезона во Евролигата.

Итудис смета дека потребна е и промена на системот во Евролигата, односно зголемување на бројот на екипи кои би играле во следната фаза.

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Некогаш големата СДС се сведе заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска.

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

И СДС во точно три случаи се јавува во јавноста за Данела.

Првиот кога ја напаѓаше дека таа е неспособна и има бугарско државјанство.

Вториот случај, кога во опозиција ја користеше за напаѓање на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

И третиот случај, кога заедно со Бугарите ја брани Данела.

Скопјани ја препознаваат вистината и добро знаат што седи во позадина.

ВМРО-ДПМНЕ доследно и принципиелно повикуваат на расветлување на инцидентот во Чаир, но и на разгледување и надзор на случајот со дивоградбите.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС убедливо губи

Ако е лажна анкетата каде СДС има четири пати понизок рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ, а Мицкоски повисок рејтинг од сите заедно политичари, тогаш ги повикуваме СДС да објават вистинска и релевантна анкета.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС убедливо губи

Еве, самите нека посочат на која релевантна анкета води СДС.

Вистината е дека на ниту една анкета не води СДС и Венко Филипче. Тие се непрепознатливи поради нивната неконструктивност, непрепознатливост и целосна безидејност. Главната политичка активност на СДС и Венко Филипче се состои во некрофилија и пироманство. Во таква една состојба нормално дека нема напредок.

За нас, довербата од граѓаните значи пред се обврска и одговорност да се бориме за промени и решавање на проблемите и хаосот кој го наследивме.

Јасно е дека СДС не е алтернатива и тоа го покажуваат сите анкети на јавното мислење.

ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер