МакедонијаАхмети по повод Денот на независноста: Албанците сакаат унитарна, еднаква држава, интегрирана во НАТО и ЕУГодишнината од прогласувањето на независноста на Македонија е секогаш повод да рефлектираме за тоа како беше, како е и како треба да биде, се наведува во обраќањето на претседателот на ДУИ Али Ахмети по повод Денота на независноста - 8 Септември.Уставот од 1974 година беше изменет во 1989 еднострано, со што Албанците беа лишени од државотворниот статус и овој момент претставува застојна пресвртница во земјата. Потоа, во 1991 година, Албанците повторно беа исклучени и не беа дел од процесот на осамостојувањето на Македонија од поранешна Југославија, ниту пак беа акционери во изградбата на новата држава. Така, беше изготвен дискриминаторски устав со кој се промовираше етничката супериорност на мнозинството врз Албанците и нивните заедници. Во тоа време, неодговорни политичари го пропагираа архаичниот наратив „Македонија на Македонците“. Се пропагираше постојаната невистина дека злото на земјата доаѓа од Албанците. Тие владееја неодговорно преку инсталирање на непостоечки страв од „опасноста што и се заканува” на земјата од Албанците. Овие погрешни политики завршија во 2001 година, кога Албанците и Македонците се здружија за да ја обноват Македонија, рамноправна и евроатлантска, преку спроведување на Охридскиот мировен договор, гарантиран од Соединетите Американски Држави и Европската Унија. Новиот Устав, со сите политички препреки низ годините, беше основа за рамноправност, етничка, јазична, културна, образовна, со почитување на националните симболи и со распределба на општествените одговорности. Овој нов начин на размислување, на соживот, взаемно почитување и еднаквост, го спроведе Охридскиот договор, ја придружи земјата во НАТО и ги започна преговорите за членство во Европската Унија. Но, сограѓани, денес сведочиме заедно дека не само што се враќаме само на истиот наратив, туку и на секојдневни делувања, кои што го поткопуваат соживотот и Охридскиот Договор, меѓуетничките односи, еднаквоста и досегашните заеднички достигнувања. Моменталните партиски придобивки со антиалбанска кампања претставуваат неуспех за заедничката држава. Партијата добива, државата губи! Почитувани Македонци, никаква опасност, на ниту еден Македонец, а уште помалку на нашата држава, не и се заканува од еднаквоста со Албанците. Повторувам, Албанците сакаат унитарна, еднаква држава, интегрирана во НАТО и Европската Унија. Сè друго што го слушате постојано од Македонската политичка елита, е невистина. Оваа годишнина, ги поканувам македонските политички лидери од целиот политички спектар да ја напуштат политиката на инсталирање на погрешна перцепција кај Македонците за Албанците и соживотот, да демонстрираат лидерство, да се вратат на патот на почитувањето на политичката волја на нивните сограѓани Албанци на избори, да се залагаат за еднаквост и спроведување на духот на Охридскиот договор и заедно да го следиме европскиот пат. Обраќањето на Али Ахмети, Претседател на ДУИ, по повод Денот на независноста, 8 Септември Демократска унија за интеграцијаТагови: Ахмети Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаКолекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата играАко се суди според огромната возбуда околу „Grand Theft Auto VI“, брзо се приближуваме кон еден од најголемите настани во светот на видеоигрите во последните неколку години.Новата „GTA“ ветува враќање на сè што ги направи автомобилите клучен дел од серијалот – од брзи потери и трки до уште подетални опции за прилагодување на возилата. Сето ова доаѓа со препознатливата мешавина од криминал, хаос и судири со законот, по кои станаа познати „Rockstar Games“. Сепак, иако очекувањата се огромни, најновата одлука на „Rockstar“ може да разочара дел од фановите. Компанијата претстави колекционерско издание насловено „The Goodtime State - Vice City Collection“, со висока цена од 399,99 долари. Проблемот е што во пакетот недостасува најважниот елемент: самата игра. Што добивате? „Rockstar“ ја претставува колекцијата како луксузен пакет со предмети за колекционери, инспириран од светот на „Vice City“. Таа содржи разновидни предмети, вклучувајќи очила за сонце „Oakley“, налепници, значки и мапа на Леонида – измислениот регион во кој се одвива дејството на „GTA VI“. Купувачите добиваат и бејзбол капа, фигура на маскотата на „Vice City“, чашка за жесток пијалак, торба за носење преку тело, приврзок за клучеви, стапче за мешање коктели и магнетно огледало. Иако колекцијата е очигледно наменета за сериозни колекционери, во кутијата нема да го најдете најважниот предмет: „GTA VI“. За самата игра, ќе треба да издвоите дополнителни 79,99 долари за стандардното издание или 99 долари за „Ultimate“ верзијата. Тоа значи дека купувачот што го сака целиот пакет ќе мора да плати речиси 480 или 500 долари, во зависност од изданието на играта. „GTA VI“ без физички диск Колекционерскиот сет пристигнува во време кога „Rockstar“ веќе предизвика реакции со одлуката „GTA VI“ да биде првиот голем AAA наслов на компанијата без традиционално издание на физички диск. Играта ќе биде достапна дигитално преку продавниците на „PlayStation“ и „Xbox“, додека физичките примероци во продавниците ќе содржат само код за преземање. Оваа одлука предизвика негативни реакции во дел од гејмерската заедница. Извршниот директор на „Take-Two Interactive“, Штраус Зелник, го бранеше овој пристап, тврдејќи дека физичките дискови веќе немаат голема смисла за потрошувачите. Ситуацијата е особено интересна за колекционерите. Тие сега можат да потрошат речиси 400 долари за кутија полна со предмети поврзани со играта, а сепак да не ја добијат самата игра во таа кутија. „Rockstar“ има направено нешто слично и претходно Сепак, ова не е првпат „Rockstar“ да продава колекционерска кутија без самата игра. Компанијата направи сличен потег во 2018 година со „Red Dead Redemption 2“, изданието „Collector's Box“ објавено тогаш, исто така, не содржеше примерок од играта. Разликата, сепак, беше во цената. Таа колекционерска кутија чинеше 99 долари – помалку од една четвртина од цената на новата „Vice City Collection“. Денес, оригиналните колекционерски кутии за „Red Dead Redemption 2“ можат да се најдат на „eBay“ по цени што надминуваат 700 долари, што покажува дека вредноста на ваквите производи може да порасне кај колекционерите со текот на времето. Сепак, останува фактот дека фановите на „GTA VI“, кои ги сакаат и колекционерските предмети и самата игра, ќе мора да ги купат одделно. Со цена од речиси 400 долари само за колекционерските предмети, „Rockstar“ очигледно цели кон најпосветените фанови на серијалот и кон колекционерите кои се подготвени да платат висока цена за предмети поврзани со еден од најочекуваните наслови во историјата на видеоигрите. Извор: Б92Тагови: GTA 6 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Живот„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објаваЛука Модриќ преку социјалните мрежи ѝ го честиташе деветтиот роденден на својата најмлада ќерка, Софија.По тој повод, хрватскиот фудбалер сподели неколку фотографии на кои се заедно, придружени со кратка и емотивна порака. На една од фотографиите, таткото и ќерката се насмеани додека позираат заедно, додека другите прикажуваат опуштени моменти од семејниот живот. На пример, на една фотографија се гледа како Софија седи на рамениците на татко ѝ, а на друга Модриќ ѝ помага да си ја исуши косата. „Среќен роденден на мојата прекрасна и многу посебна мала принцеза! Многу те сакам!“, напиша Модриќ. Најмладото од трите деца Софија е најмладото дете на Лука и неговата сопруга, Вања Модриќ. Покрај неа, тие имаат син, Иван, и ќерка, Ема. Лука и Вања стапија во брак во 2010 година, а една година подоцна ја прославија и црковната венчавка во Загреб. Модриќ честопати преку социјалните мрежи ги одбележува важните моменти од животот на своите деца, особено нивните родендени. Неговото семејство често го придружува на фудбалски настани. Сопругата и децата честопати го бодреле од трибините за време на клучни натпревари и му се придружувале во прославите по големите победи. Извор: Индекс.хрТагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредувањеРускиот претседател Владимир Путин вчера присуствуваше на воена вежба на планините Урал, во која учествуваа војници од Кина и од неколку други земји.Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност – безбедносен сојуз предводен од Москва, составен од неколку поранешни советски републики. Путин изјави дека 47.000 војници учествуваат во вежбата „Центар-2026“, вежбајќи одбивање напади на 11 полигони и во Каспиското Море. Вежбата започна во понеделникот, а завршува денес. Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград. „Околу 6.000 војници од Русија и од други земји учествуваа во завршната фаза на полигонот Чебаркул“, рече Путин. Тој додаде дека делегации од 55 земји учествувале како набљудувачи. Според извештаите на руските медиуми, во вежбата учествуваат воени единици од Белорусија, Киргистан и Таџикистан, заедно со војници од Кина, Монголија и Пакистан. За време на посетата, Путин изврши увид во различни видови вооружување, вклучително и новите беспилотни летала „Геран“ на млазен погон, кои руската војска ги користи во нападите врз Украина. Посетата на Путин уследи еден ден откако Русија го предупреди НАТО дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград, доколку некоја членка на воениот сојуз се обиде да ја отсече таа руска ексклава на западот на земјата од остатокот на Русија. Извор: Б92Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter