Костадиновски: Потребно е повторно да учиме да бидеме обединети околу Уставот, владеењето на правото и заедничката одговорност кон Републиката
2Костадиновски: Потребно е повторно да учиме да бидеме обединети околу Уставот, владеењето на правото и заедничката одговорност кон Републиката
3ВМРО-ДПМНЕ: Илинден е обврска кон иднината, со инспирација од делото на Илинденците да ја градиме Македонија
МакедонијаАхмети е за избори во јуниБрифинг за Канал 5 од лидерската средба кај Пендаровски.Претседателот на ДУИ Али Ахмети инсистира изборите да се одржат најдоцна до јуни, или почетокот на јули. Ахмети истакнал дека според него најдобро е изборите да се одржат на 21 јуни , 5 јули е последен термин што го прифаќаме истакнал лидерот на ДУИ: Според него јули и август не се вооопшто во опција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЛевандовски се претстави во МЛС со два голаРоберт Левандовски ги постигна своите први два гола во МЛС и го предводеше Чикаго Фајр до победа од 2:1 над Шарлот, на својот прв домашен натпревар за новиот клуб.Полскиот напаѓач пристигна во Чикаго од Барселона летово, а на своето деби пред домашната публика веднаш покажа зошто е доведен. Шарлот прв поведе со голот на Пеп Биел, кој погоди по асистенција на Идан Токломти. Левандовски израмни во 20-тата минута со спектакуларен удар од далечина, а во 68-мата минута го комплетираше пресвртот со прецизен удар во долниот лев агол и ѝ донесе победа на домашната екипа. Со тоа, Чикаго ја забележа својата деветта победа сезонава, покрај шест порази и две нерешени средби, а натпреварот имаше и дополнително значење бидејќи тимот играше на својот стадион за првпат по повеќе од два месеци. Шарлот се обиде да израмни во завршницата и имаше корнер во судиското надополнување, но домашниот тим ја задржа минималната предност. Ова беше трет последователен пораз на гостите во дуелите со Чикаго.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го одбележува 2 Август – Илинден, Денот на Републиката09:21Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
МакедонијаДелегација на СДСМ оддаде почит во Пелинце по повод Денот на РепубликатаЗа многу години Илинден! Да живее Македонија!По повод големиот празник 2-ри август - Денот на Републиката, делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, заедно со потпретседателката Јована Тренчевска и членот на Извршниот одбор Андреј Жерновски, положи цвеќе и оддаде почит пред меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце. Нашите корени се во АСНОМ, во генерациите што ја поставија темелната вредност на соверемената македонска државата. СДСМ е наследник на АСНОМ, на највозвишениот идеал за Македонија, на борбата за слобода, рамноправност и достоинство. За многу години Илинден! Да живее Македонија!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го одбележува 2 Август – Илинден, Денот на Републиката09:21Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
МакедонијаКостадиновски: Потребно е повторно да учиме да бидеме обединети околу Уставот, владеењето на правото и заедничката одговорност кон РепубликатаПо повод одбележувањето на 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, д-р Дарко Костадиновски, во свое лично име и во име на Судот, ја упатува следната честитка:По повод одбележувањето на 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, д-р Дарко Костадиновски, во свое лично име и во име на Судот, ја упатува следната честитка: Почитувани граѓани, Денес, кога одбележуваме 123 години од Илинденското востание и 82 години од Првото заседание на АСНОМ, со длабока почит се поклонуваме пред визионерството, храброста и жртвата на генерациите кои ги поставија темелите на македонската државност. Идеалите на илинденците и на асномската генерација нè обврзуваат да создадеме просперитетна, современа и правна држава, во која институциите ќе постапуваат одговорно, а граѓаните ќе имаат доверба дека нивните права и слободи се сигурно заштитени. Чин на највисок патриотизам денес претставува вистинската посветеност на владеењето на правото, почитувањето на Уставот и јакнењето на правната држава. Силата на Уставот лежи целосно во посветеноста на секој граѓанин да го штити истиот.. Само доколку секој од нас ја чувствува таа должност, уставните права и слободи ќе бидат вистински заштитени, а правната држава ќе биде наша заедничка реалност. Денес повеќе од кога било, потребно е повторно да учиме да бидеме обединети околу Уставот, владеењето на правото и заедничката одговорност кон Републиката. Илинденската идеја не завршува со освојувањето на слободата. Таа продолжува со обврската да ја чуваме истата. Мирот и слободата се неразделни, а праведното општество може да постои само таму каде што владее правото и секој ја презема својата одговорност кон државата и кон Уставот. Нека ни е честит и вековит Илинден – Денот на Републиката! Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook