Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
Други спортовиАгенцијата за млади и спорт почнува анти-допинг кампања поддржана од УНЕСКО Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Марјан Спасески на денешната прес-конференција ја најави новата кампања за подигнување на свеста за ризикот од користењето на допингот во спортот. Станува збор за проект добиен со грант од „Фондот за елиминација на допингот од спортот“ на УНЕСКО во висина од 20 илјади евра.АМС во соработка Националната анти-допинг почнувајќи од денеска ќе реализира низа работилници, семинари-едукативни предавања за штетноста од користењето на забранети супстанци. - Целта е низ ваквите семинари и работилници, како и преку печатените материјали и медиумската кампања да се подигне свеста за штетните последици од допингувањето, свеста за важноста од зачувувањето и негувањето на спортската етика и фер-плејот, како и свеста за последиците по кариерата на спортистите кои произлегуваат кога надлежните ќе констатираат употреба на недозволени допинг средства и методи, рече Спасески. Целната група на овој проект се спортисти, спортскиот персонал и медицинските лица вклучени во тренажниот процес, националните спортски федерации, клубовите, спортистите. Директорот на АМС очекува одлична соработка од партнери во Проектот, а тоа се националните спортски федерации, Македонскиот олимписки комитет, Сојузот на спортските федерации на Македонија, факултетите за спорт и физичка култура и медиумите. - Во духот на Конвенцијата би кажале дека започнувањето на ваков вид едукативни семинари е во правец на помагање во заштитата на спортската етика како и во правец на зачувување на интегритетот на „чистиот“ спорт. Ангажираните експерти од оваа област, ќе ги запознаат присутните со новините од областа на допинг супстанците, забранетите допинг средства и методи, односно ќе обезбедат едукација и информираност во правец на борбата против допингот во спортот, истакна Спасески. Македонија од 2008 година е потписник на Меѓународната конвенција за борба против допингот на УНЕСКО и со чинот на ратификацијата нашата држава презема обврска да спроведе сопствена национална политика во однос на борбата против допингот во спортот. Во таа насока, согласно одредбите на Законот за спорт формирано е Национално координативно тело за борба против допингот во спортот односно Комисијата за анти-допинг која функционира во рамките на Агенцијата за млади и спорт. - Проектот кој денес започнува, е од огромно значење за Република Македонија и Агенцијата за млади и спорт. Тоа значи дека Република Македонија ги следи европските стандарди и е држава која во целост ги спроведува допинг контролите врз спортистите согласно меѓународната конвенција и правилата и процедурите на ВАДА, потенцира директорот на АМС. За важноста на проектот на средбата со новинарите говореше и д-р Илија Стоилов кој побара поддршка од медиумите во борбата против допингот. - Чистиот спорт подразбира заштита на интегритетот на спортот, заштита на физичкото здравје и менталниот интегритет на спортистите, и обезбедување на еднакви услови за сите натпреварувачи така што резултатите ќе бидат фер рефлексија на природните способности на натпреварувачите, нагласи Стоилов и додаде дека со оваа кампања ќе бидат заштитени и спортистите кои ненамерно, од незнаење за забранетите супстанци, прават допинг прекршок. Спортистите преку изработените брошури може да се информираат за процедурата како да ги користат потребните забранети супстанции поради здравствени причини, односно за терапевтска употреба (ДТУ) и да избегнат евентуални казни наменети за допингуваните. Проектот е предвидено да трае до март следната година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУченик со ловечка пушка пукал во училиште во Франција- се сомнева на тероризам (ВИДЕО)Француските обвинители за антитероризам ја презедоа истрагата за пукањето во училиште во близина на Марсеј. Случајот е пренасочен откако првичните проверки покажаа дека 14-годишниот осомничен ученик е можно да е поврзан со онлајн движењето True Crime Community (TCC), пишува Ројтерс. Вчера, еден ученик рани двајца наставници со ловџиска пушка. Според официјалните лица, тој го скрил оружјето во торба за гитара. Нападот предизвикал паника, а децата избегале за да се засолнат. 🔴 Un collégien à tiré sur une professeure et le principal à Aubagne (Bouches-du-Rhône). Les deux victimes ont été hospitalisées. Leurs jours ne sont pas en danger. L'élève est ce soir en garde à vue. Une enquête pour "tentatives d'assassinat" est ouverte. #JT20h https://t.co/fx7j0TPLiy — Le20h-France Télévisions (@le20hfrancetele) October 12, 2026 Истрагата е префрлена во Париз Канцеларијата на обвинителот за антитероризам објави дека го презема случајот од канцеларијата на обвинителот во Марсеј. „Првите истраги, кои вклучуваат анализа на дигиталните уреди на малолетниците, укажуваат на веројатна врска со движењето True Crime Community (TCC). Тие исто така сугерираат дека злосторството во училиштето било мотивирано од таа идеологија“, се вели во соопштението на обвинителот. FRENCH ANTI-TERROR PROSECUTOR SAYS TAKING OVER INVESTIGATION INTO SOUTHERN FRANCE SCHOOL SHOOTING — CGTN Europe (@CGTNEurope) October 13, 2026 Во истиот текст, TCC е опишан како „екосистем на онлајн заедници кои ги слават сторителите на масовно убиство и на одредени начини поттикнуваат екстремно насилство“. Обвинителството потврди дека е покрената истрага поради сомнение за „обид за убиство како дел од терористички потфат, учество во терористичко злосторничко здружение со намера за извршување кривични дела против лица и прекршување на законот за оружје поврзано со терористички потфат“.Тагови: тероризам ученик Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
МакедонијаЈанев во работна посета на СВР Тетово: Фокус на безбедносната состојба и претстојните избориДиректорот на БЈБ, Александар Јанев, во работна посета на СВР Тетово: Фокус на безбедносната состојба и претстојните избори.Денеска (13.10.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, заедно со дел од својот тим, оствари работна посета на СВР Тетово, при што беа разгледани актуелните безбедносни состојби, сообраќајната безбедност, јавниот ред и мир и борбата против криминалот. Посебен акцент беше ставен на претстојните локални избори и обврската на полицијата да обезбеди безбеден, мирен и демократски изборен процес, без притисоци и незаконски влијанија врз граѓаните. Директорот Јанев ја нагласи важноста на превентивното дејствување, оперативната координација и користењето на современите технолошки средства, како и професионалното и непристрасно постапување на полициските службеници. „Во борбата против криминалот нема простор за селективност, а во извршувањето на полициската должност нема простор за неодговорност. Законот мора да важи за сите подеднакво“, порача Јанев, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГруби излегува од домашен притвор, но без пасошПоранешниот вицепремиер Артан Груби излегува од домашен притвор, но без пасош. потврдија од Кривичниот суд попладнево. Основниот кривичен суд Скопје го одби барањето на одбраната за враќање на патната исправа на Груби, кој е второобвинет во предметот за „Државна Лотарија“. Иако мерката куќен притвор му е укината по сила на законот, обвинетиот и натаму останува без пасош. По добиено негативно мислење од надлежното јавно обвинителство, Судот го одби барањето на Груби да му биде вратен пасошот и покрај гаранцијата од околу 336.000 евра во недвижен имот што тој ја понуди, а против него се определени дополнителни мерки за претпазливост. „Се прифаќа предлогот на Основното јавно обвинителство за определување мерки за претпазливост, и тоа: Забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, Обврска повремено да се јавува во судот, Забрана за приближување односно остварување контакт и врски со одредени лица. Дополнително, против обвинетиот и натаму останува активна мерката за претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за издавање нова патна исправа или друг документ за преминување на државната граница, соопштија од Кривичен.“ За укинувањето на домашниот притвор за Груби од Судот велат дека согласно членот 470 од Законот за кривична постапка, притворот што му е определен на ексвицепремиерот во конкретниот случај може да трае најдолго 60 дена од поднесувањето на обвинителниот предлог, кој во конкретниот случај е поднесен на 13 август годинава, поради што Кривичниот совет донел решение за укинување на мерката. Артан Груби е обвинет заедно со уште седум лица, меѓу кои и поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, за злоупотреба на службената положба во врска со набавката на ВЛТ-апарати за потребите на Лотарија. За ова дело е предвидена казна од една до пет години затвор. Поранешниниот вицепремиер, по повеќе од една година недостапност за органите на прогонот, во февруари годинава се врати во земјава и беше приведен на граничниот премин „Блаце“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter