Агенцијата за филм на Берлинале, првпат со штанд на Европскиот филмски маркет - Канал 5

Агенцијата за филм на Берлинале, првпат со штанд на Европскиот филмски маркет

Агенцијата за филм на Република Македонија ќе биде присутна со свој штанд на Европскиот филмски маркет, кој се одржува од 15 до 21 февруари во рамки на Интернационалниот филмски фестивал во Берлин.

Агенцијата за филм на Берлинале, првпат со штанд на Европскиот филмски маркет

- Ова е од огромно значење за македонската кинематографија, имајќи предвид дека во последните 15 години се прават напори Македонија да обезбеди свој промотивен простор во рамки на маркетот во Берлин, каде присуствуваат голем број продуценти, дистрибутери, финансиери и фестивалски организатори од целиот свет, се вели во соопштението од Агенцијата за филм.

Македонскиот штанд ќе биде позициониран на централна локација, во Музејот „Мартин Гропиус Бау“ каде традиционално се одржуваат активностите во рамки на индустрискиот дел на Берлинскиот филмски фестивал. Македонската делегација од Агенцијата за филм ќе ги претстави најновите случувања во нашата кинематографија и ќе остварува средби за идни копродукциски соработки. За оваа цел е подготвен обемен каталог и промотивен материјал.

Агенцијата за филм секоја година е присутна на маркетот со различни активности за промоција на македонски филмови. Така, во 2024 година Агенцијата за филм закупи и проекција на маркетот за филмот „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оровчанец. Со овие проекции, како што се наведува, филмовите добиваат можност да се претстават пред 2.000 професионалци од 110 земји во светот и да бидат откупени или селектирани на некои од филмските фестивали.

- Присуството на нашата кинематографија на Европскиот филмски маркет, еден од најважните случувања во светот на филмската индустрија, е од големо значење бидејќи потврдува дека се вложува во авторите и во филмската индустрија и се олеснува соработката и промоцијата на филмските професионалци на глобалната филмска сцена, стои во соопштението.

Покрај промотивниот штанд, Агенцијата за филм ќе биде присутна и на интернет платформата на маркетот, каде сите оние кои не се во можност да присуствуваат на физичкото издание на маркетот ќе можат да ги проследат содржините во виртуелен формат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре пеколно жешко со температура над 40 степени, невреме во недела попладне

Утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, соопштуваат од УХМР.

Утре пеколно жешко со температура над 40 степени, невреме во недела попладне

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС)

24 Попова Шапка, 30 Крушево, Лазарополе, 33 Претор, 34 Берово, Маврови Анови, 35 Охрид, 36 Крива Паланка, Битола, Прилеп, 37 Виница, 38 Тетово, Струмица, Гевгелија, 39 Штип, Кавадарци, Демир Капија, 40 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денеска беше сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Попладнево ќе се задржи сончево и топло со мала до умерена локална облачност која до крајот на денот ќе се намали. Во текот на ноќта ќе преовладува ведро и тивко време.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до 41 степен.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од недела и во следните денови температурата ќе биде во постепено опаѓање. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али, директно на терен во Никуштак

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, моментално се наоѓа директно на терен во селото Никуштак.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али, директно на терен во Никуштак

Директорот на Центарот за управување со кризи моментално се наоѓа директно на терен во селото Никуштак, каде заедно со екипите на Територијалната противпожарна единица од Куманово и екипите на Национални шуми, активно ги координира мерките и активностите за справување со пожарот.

На терен се ангажирани 3 противпожарни возила, а во текот на денот се очекува и воздушна интервенција, во зависност од метеоролошките услови.

Директорот Али од терен ја следи состојбата и директно ја координира работата на екипите, со цел навремено локализирање на пожарот, спречување на неговото ширење и заштита на населените места и имотот на граѓаните.

Се повикуваат граѓаните на максимална внимателност и претпазливост, да избегнуваат непотребно движење во погодените подрачја и да ги почитуваат упатствата на надлежните институции, соопштуваат од ЦУК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спасени 300 лица во Мавританија

Мавританската крајбрежна стража денес соопшти дека повеќе од 300 мигранти, меѓу кои и 40 деца, се пронајдени покрај брегот на земјата, најверојатно обидувајќи се да стигнат до Канарските Острови.

Спасени 300 лица во Мавританија

Тие беа пронајдени ноќта помеѓу среда и четврток и се вели дека се во сериозна состојба, пренесува „Euronews“.

Нивниот дрвен чамец тргнал од Гамбија и превезувал 315 лица, 191 од Сенегал, 123 од Гамбија и едно од Мали, се додава во соопштението.

„Меѓу овие луѓе има мажи, жени и малолетници, вклучувајќи бебиња, кои се во тешка хуманитарна ситуација“, соопшти крајбрежната стража, додавајќи дека тие биле спасени во близина на рибарското пристаниште Нуадибу, економскиот главен град на земјата.

Во последните месеци, стотици мигранти, главно од Сенегал, Гамбија и Мали, беа спасени во мавританските води додека се обидуваа да стигнат до Европа, но стотици загинаа или исчезнаа откако нивните чамци потонаа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер