Агенцијата на Европска унија: Ниту еден лек засега не покажа ефикасност во третирање на Ковид-19

Ниту еден лек засега не покажа ефикасност во третирање на Ковид-19, се вели во најновото соопштение на Агенцијата на Европска унија.

Европската агенција за лекови го поздравува големиот број на клинички тестирања бидејќи тие се неопходни да се дојде до податоци потребни да се соберат докази кои лекови навистина се успешни и потоа да им се даде соодветен совет на медицинските лица и пациентите.

Од агенцијата информираат дека две вакцини веќе се влезени во првата фаза од клиничко тестирање, каде што се тестираат на здрави волонтери.

Иако е тешко да се предвиди од агенцијата претпоставуваат  дека можеби ќе биде потребно најмалку една година пред вакцината  за Ковид-19 да биде одобрена за широка употреба.

притисни ентер