Швајцарија воведува ограничување на брзината на автопатиштата на 80 км/час- причината е недостиг на гориво
2Швајцарија воведува ограничување на брзината на автопатиштата на 80 км/час- причината е недостиг на гориво
3 По Пентагон, и Европската комисија реши да реагира по сајбер нападите на фрижидери во супермаркетите
Вселенската опсерваторија на НАСА паѓа од орбитата- ќе има спектакл, се очекува огнена топка на небото
2Вселенската опсерваторија на НАСА паѓа од орбитата- ќе има спектакл, се очекува огнена топка на небото
МакедонијаАгелер: Се надевам дека политичарите ќе го препознаат овој клучен момент за земјатаРазбирам дека постојат потешкотии, но преговорите помеѓу Македонија и Бугарија се од билатерален карактер и мораат да бидат“, рече американската амбасадорка Анџела Агелер во ексклузивното интервју за Канал 5 ТВ во „Вести плус“. На прашањето на Александар Видиновски за начинот за решавање на спорот со Бугарија, односно прифаќањето на т.н. Француски предлог, амбасадорката Агелер вели дека по разговорите со политичарите, кои биле дел од преговорите, ова била најдобрата зделка за земјата. “Мораат лидерите на двете држави да бидат способни да продолжат понатаму.Тоа е најдобриот интерес за земјата, да се решат меѓусебните разлики, да се исполнат обврските преземни минатото лето и да бидам искрена, јас не бев тука минатото лето. Не бев дел од групата која што го ревидира Францускиот предлог и кои што одлучија да продолжат согласно предлогот, но разговарав не само со американската страна туку и со овдешните лидери кои што беа дел од преговорите и тие се чувствуваа многу сигурни дека позициите кои беа понудени се најдобрата можна зделка за земјата да продолжи напред со преговорите. Затоа сега прашањето е како да се продолжи кон ЕУ, затоа што тука лежат изворите на сите можности за економски раст на оваа земја кои верувам дека и се потребни и ги сака. Затоа се надевам дека ќе престанеме да гледаме во минатото и гледано од историски контекст да престанеме да се грижиме за поплаките и компомисите во минатото, и наместо тоа да гледаме во иднината. И исто така верувам Александар, многу силно, дека историчарите ќе се навраќаат на овој момент во иднината како на еден многу критичен момент за земјата и ќе гледаат кон лидерите на различните партии и како тие се однесувале, дали да го оправдале нивниот избор или ќе ги презират. Во врска со перспективата на односите меѓу двете земји, амбасадорката Агелер со одговор: “Видете, мислам дека е важно да се знае дека и двајцата новиот Премиер и претходниот Премиер, бидејќи знаеме дека во Бугарија имаше пет пати избори изминатите две години, но како што споменав новиот Премиер како и претходниот, двајцата покажаа намери дека сакаат да ја видат оваа земја како дел од ЕУ и ги држам за збор, но од моја перспектива важно е што оваа земја и нејзиното раководство прават сега, а не што се случува во Софија. И мојата надеж е повторно дека ќе гледаме кон инднината, а не во минатото. И без поплаки, да се фокусираме на она што треба да се направи, како што велиме ние во САД со сета почит во однос на политичкиот и историски контекст, топката е во вашиот агол. Одлуката е на граѓанитге и на лидерите на оваа земја да одлучат да го продолжат патот кон ЕУ. И многу е важно дека единствениот начин да се одбегнат притисоците од било кој европски центар или неговите водачи, е придружување на ЕУ. Тоа се моите очекувања за оваа земја.“ Во врска со изјавите на одделни политичари дека може повторно да се преговара за Договорот за добрососедство со Бугарија, Агелер е децидна: „Европската унија беше кристално јасна за тоа што се бара од оваа земја за да се придвижи напред кон интеграцијата и да биде целосно рамноправна членка на евро-атлантската заедница. Тоа ќе се постигне со исполнување на обврските од договорот постигнат минатото лето и со тоа да оди напред низ разните пристапни процеси. Лажна вест е тоа дека некој може да го репреговара договорот постигнат минатото лето. Тоа е лажна вести. Исто така лажна вест е дека е можен подобар договор кој сè уште не сме го откриле. амбасадорот на ЕУ овде во Скопје Гир, но и Брисел беа многу јасно дека ова се барањата за одење напред. Така што уште еднаш, наместо да биде заглавени во историски прашања и контексти, тоа што е барање на граѓаните од политичарите кои ги избрале, е тие да работат за нивните интереси и да ја придвижат земјата кон Европската унија. Тоа е местото каде што се можностите за економски раст, образование, социјала, трговија и многу други можности постојат. И навистина искрено за надевам дека тие ќе ги направат тешки одлуки.“ Во врска со најавите на опозицијата дека нема да гласаза уставните измени , американската амбасадорка смета дека политичките партии ќе го препознаат овој клучен момент за европската перспектива на Македонија. „Па мислам дека тоа е веројатно прашање кое најдобро е упатено до професорот Мицкоски, кој е претседател на ВМРО-ДПМНЕ и на кое навистина не можам да одговорам наместо него. Но, она што можам да го кажам е тоа што го кажав и претходно дека многу се надевам дека пратениците, лидерите и членовите на сите политички партии повторно ќе го препознаат овој клучен момент за оваа земја и ќе донесат одлуки кои се за доброто на граѓаните, а не во интерес на нивните политички или лични аспирации. Оваа земја може и ќе има огромна корист од членството во ЕУ и членството во широката трансатлантска заедница. И тоа е државна цел на оваа земја и речиси 80 проценти од граѓаните во оваа земја сакаат да бидат дел од ЕУ. Патот напред е многу јасен и повторно се надевам дека лидерите и избраните функционери, кои беа избрани со цел да ја направат вистинската работа за доброто на своите граѓани, да ги направат тие тешки избори сега и да ја придвижат својата земја напред кон поголема стабилност, просперитет и можности.“, рече меѓу другото амбасадорката на САД во Македонија Анџела Агелер во интервјуто на Канал 5, кое го водеше Александар Видиновски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
НаукаШто гледаат луѓето пред смртта- научниците споредиле искуства на 50 лица Од сите искуства поврзани со искуства блиску до смртта (NDEs), ниту едно не е толку познато како светлината на крајот од тунелот.Луѓето кои биле на работ на смртта, па дури и оние кои биле мртви неколку моменти, понекогаш опишуваат движење низ темнина, како тунел, кон портал на светлина, премин во друг свет, објавува ScienceAlert. Сликата станала толку вкоренета во популарната култура што станала моќен симбол на крајот на животот. Сепак, не сите преживеани блиску до смртта виделе тунел. Некои опишале огромен, осветлен простор, закривен хоризонт или чувство дека се опкружени со светлина, според студија на 50 преживеани блиску до смртта. Истражувачот за неврофеноменологија Франс Лернер од Универзитетот во Хаифа во Израел и нејзините колеги сакале визуелно да пристапат кон прашањето, верувајќи дека тоа ќе открие обрасци што зборовите не можат, објави веб-страницата. На учесниците им било кажано да нацртаат облик на простор што го паметат дека го доживеале и да опишат каде се доживуваат себеси во него, како се движат низ него и какви бои се сеќаваат. Потоа научниците составиле база на податоци од овие реконструкции и ги споредиле, барајќи сличности во геометријата на просторите. Откриле дека конусните простори, кои го вклучувале познатиот тунел, се повторувале често, како и широките, закривени простори како лакови. Учесниците исто така често цртале простори кои изгледале како целосно да го опкружуваат набљудувачот, како што е внатрешноста на сфера или овал. Од 28-те конусни простори што ги реконструирале учесниците, 22 биле црни, бели или сиви, или во светлина без препознатлива нијанса. Од друга страна, 27 од 31 широки, закривени простори биле перцепирани во боја. Според Лернер и нејзините колеги, истражувањата за невронауката и перцепцијата веќе документирале некои слични визуелни односи. Еден пример е тунелскиот вид, кој може да се појави кога е нарушено снабдувањето со кислород до мрежницата или мозокот, стеснувајќи го видното поле. Според неа, доминацијата на црната, белата и сивата боја во простори слични на тунел има научно објаснување поврзано со човечкиот вид. Во услови на слаба осветленост, нашите очи стануваат помалку чувствителни на бои бидејќи клетките чувствителни на светлина одговорни за гледање во темнина преземаат контрола. Иако истражувачите претходно идентификуваа повторливи карактеристики кај луѓе кои доживеале искуства близу до смртта, како што се тунели и светла, малку внимание е посветено на просторната структура на овие искуства или на тоа како луѓето се перцепираат себеси додека се движат низ нив. Студијата е објавена во списанието „Frontiers in Psychology“.Тагови: научниците смртта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаКарикатурист е осуден на четири години затвор- нацртал карикатура на кралот на Мароко Мароканскиот карикатурист Јасер Мунбир е осуден на четири години затвор за „навреда на кралот“ по објавувањето на карикатура од Мухамед VI, објави денес неговиот адвокат.Судот во Казабланка, исто така, му наложи на карикатуристот да плати казна од 40.000 дирхами, или 3.600 евра. Неговиот адвокат, Фарук Мехдауи, објави дека ќе поднесе жалба на пресудата. Член 179 од мароканскиот кривичен законик забранува „клевета, навреда или нарушување на приватноста на кралот“, а таквите дела се казнуваат со затвор од шест месеци до две години. Во случајот на 22-годишниот Јасер Мунбир, казната е двојно зголемена бидејќи цртежот е објавен онлајн, објави „Ле Фигаро“. Мунбир беше уапсен во јуни откако цртал и објавил карикатура од кралот на Мароко на својот Инстаграм профил. Мароканското здружение за човекови права (AMDH) побара негово ослободување. Активистите за човекови права во Мароко побараа укинување на законите за кои велат дека ја ограничуваат слободата на изразување, како и помилување на осудените за објави на социјалните мрежи, пишува Фигаро.Тагови: карикатура Мароко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаТелефоните на германските министри и пратеници на удар на шпионски софтвер Apple предупреди дека iPhone-ите на членовите на Бундестагот и членовите на федералната влада можеби биле цел на шпионски софтвер. Германскиот министер за дигитална администрација, Карстен Вилдбергер, изјави дека Федералната канцеларија за информациска безбедност (BSI) им советувала на засегнатите да претпостават дека нивните уреди се компромитирани за секој случај, бидејќи предупредувањето не укажувало дали нападот бил успешен. Според BSI, овој вид шпионски софтвер може да им даде на напаѓачите пристап до пораки, вклучително и оние испратени преку шифрирани апликации, како и повици, контакти, календари и податоци за локација. Исто така, може да го вклучи микрофонот и камерата на телефоните. Вилдбергер изјави за ARD дека „добивме известување од Apple дека одредени уреди можеби биле компромитирани од таканаречен шпионски софтвер“, објави Euronews. Предупредувањата до засегнатите телефони почнаа да пристигнуваат на 29 октомври, според BSI, и тие наведоа дека Apple го открил нападот користејќи „шпионски софтвер“. Министерот рече дека BSI „реагирала супер брзо“ и ги известила засегнатите, со упатства за заштита. Вилдбергер не кажа колку политичари биле предупредени или кои биле цел. Ниту „Епл“, ниту германските власти не кажаа кој би можел да стои зад нападот.Тагови: телефоните софтвер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook