Агелер: САД и Македонија се согласни дека транспарентни институции и силни економии се основа на успешна демократија - Канал 5

Агелер: САД и Македонија се согласни дека транспарентни институции и силни економии се основа на успешна демократија

САД и Македонија се обединети во многу нешта, вклучително и нашето споределено уверување дека транспарентноста на институциите и силни економии се основа на успешна демократија, траен просперитет и безбедни заедници.

Агелер: САД и Македонија се согласни дека транспарентни институции и силни економии се основа на успешна демократија

Сакам да ја поздравам соработката меѓу САД и Македонија во зајакнување на инстуциите, промовирање на економската соработка, и испорачување резултати за граѓаните, порача американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер на денешниот настан организиран од Министерството за финансии „Зајакнување на институционалните капцитети: Одбележување на соработката меѓу САД и Македонија“, на беше претставена досегашната и идна соработка помеѓу Министерството за финансии и Трезорот на САД.

-Оваа специјална програма меѓу Трезорот на САД и Владата на Македонија, поконкретно Министерството за финансии, започна во 2022, но соработката започна многу порано. Денес оваа програма стана втора по големина на американското Министерство за финансии во светот. Напорите се насочени во пет критични области: Управата за јавни приходи, финансирање во инфраструктурата, банкарски и финансиски услуги, буџетска одговорност и борба против економскиот криминал, истакна Агелер.

Агелер нагласи дека успехот на ова партнерство е сведоштво за нашите споделени заложби и отворена средина за соработка поттикната од Министерството за финансии.

-Министерке, програмата забави малку во последните неколку години, како што ние го оценивме од двете страни на Атлантикот влијанието и вистинскиот потенцијал на ова партнерство. Сакам лично да ви се заблагодарам за вашата непоколеблива заложба и поддршка за нејзино продолжување. Поради вас, ние градиме посилни институции, поефикасен фискален менаџмент и креирање појасни и пофер правила коишто им даваат доверба на бизнисите и инвеститорите да ја прошират дејноста, рече Агелер.

Американската амбасадорка посочи дека ееформите ќе помогнат во диференцирањето на финансиите, проширување на капиталните пазари и намалување на зависноста од надворешни долгови.

-Со работење заедно придонесуваме нашите земји да бидат побезбедни, посилни и попросперитетни. И исто така поставуваме основи за посветла иднина за идните генерации, заклучи Агелер.

[This partnership is not just support, but a longstanding process of strengthening institutions, boosting expertise and creating modern systems that ensure predictable, accountable and transpa]

Претходно министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска истакна дека ова партнерство не е само поддршка, туку долгорочен процес на јакнење на институциите, зголемување на експертизата и создавање модерни системи кои ќе обезбедат предвидливи, одговорни и транспарентни јавни финансии.

Таа, осврнувајќи се на соработката со Министерството за финансии на САД преку нивната Канцеларија за техничка помош (ОТА), рече дека соработката со Tрезорот на САД во делот на секторите Буџет и Трезор има длабоки корени и дека нашиот систем за буџетско планирање бил првично развиен со техничка помош од САД во периодот од 2004 до 2008 година и претставува основа врз која денес градиме современо управување со јавните финансии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија - повторно зборува за „талог“!

Христијан Мицкоски го искористи и најголемиот државен празник Илинден за да ја продолжи поделбата на народот.

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија - повторно зборува за  „талог“!

Во својот говор повика на борба против „омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија“.

Кој е тој „талог“ според Мицкоски?

Сите што не мислат како него! Сите што ја разобличуваат неговата политика. Сите што бараат Европа, правда и одговорност.

Истиот човек кој со години ги нарекува граѓаните „талог на општеството“, „мочуриште“, „медиокритети“ и „лешинари“, сега од говорница на Илинден повторно го употребува истиот речник.

На денот кога треба да се слави државноста и единството, Мицкоски повторно сее поделба.

На денот кога треба да се зборува за иднината, тој повторно напаѓа и навредува.

Во исто време, додека зборува против „талогот“, неговата Влада ги пречекува функционерите на Вучиќ – претставници на политиката од деведесеттите, на војните и на заговарањето на етничко чистење.

Луѓе што отворено зборуваат за етничко чистење и што доаѓаат како емисари на „српскиот свет“.

Ова не е патриотизам.

Ова е политичка омраза облечена во празничен говор.

Мицкоски не може да биде премиер на сите граѓани додека го третира народот како „талог“.

Додека тој дели и навредува, Македонија стои во место без реформи, без кластери, со изолација и со граѓани што стојат со часови на границите.

Илинден беше борба за слобода. Мицкоски го претвори во борба против сопствениот народ.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот на СДС денес може да го најдете на јахти во Грчка, на приватни забави во Дубаи или некаде низ Европа на продолжен викенд

СДС се препозна и се самопрогласи за талог, па на што се должи тој талог. 

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот на СДС денес може да го најдете на јахти во Грчка, на приватни забави во Дубаи или некаде низ Европа на продолжен викенд

Талогот се должи на тоа што 7 години не направија ништо, 7 години работеа само за себе, 7 години ги ингорираа проблемите на граѓаните кои му ја дадоа довербата.

Денес талогот на СДС ќе го најдете на јахти во Грција, во Дубаи на приватни елитни забави, некаде низ Европа на продолжени викенди оти тие не се однесуваат, ниту па се чувствуваат како опозиција оти не се присутни во реалноста во која се опозиција, па се разголија сега и кажаа дека се себедефинираат како талог, а талогот секогаш паѓа на дно.

Ги направија сите национални предавства, а јасно зборуваат и сега дека веднаш би направиле нова отстапка и ново национално предавство, ако цената е права. Затоа зависат од секого и се лојални на секого, само не на сопствениот народ.

И јасно е одамна дека СДС е партија која делува спротивно на националните интереси и е лојална на надворешни влијанија, и затоа се самодефинираат и пронаоѓаат како талог.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фестивалот „Охридско лето“ денеска одбележува 66 години од постоењето

Денеска ќе биде одбележан 66.роденден на фестивалот „Охридско  лето“.

Фестивалот „Охридско лето“ денеска одбележува 66 години од постоењето

Со промоција на монографијата „Ана Липша-Тофовиќ” од авторите Снежана Анастасова Чадиковска и Александар Трајковски и концерт на израелскиот машки сопран/контратенор Мајан Лихт и полскиот пијанист Пшемен Виницки, денеска ќе биде одбележан 66.роденден на фестивалот „Охридско лето“.

Монографијата ќе биде промовирана во 19 часот во црквата „Света Софија“ каде што токму на овој ден, 4 август, оперската примадона Ана Липша Тофовиќ со нејзиниот солистички рецитал го означи почетокот на фестивалот „Охридско лето“. Инаку, монографијата е посветена на јубилејот – 100 години од нејзиното раѓањето (1926-2012).

Авторите на монографијата м-р Снежана Анастасова Чадиковска и д-р Александар Трајковски се истакнати музички педагози и публицисти, добитници на повеќе награди од областа на културата, публицистиката и педагогијата, со свој значаен влог во полето на македонското музичко книгоиздателство. Од нивната повеќегодишна соработка, досега се произлезени книгите „Зина Креља, сопран, првенка на Операта при МНТ“ (2018) и „Милка Ефтимова – Моето богатство“ (2020).

Роденденскиот концерт на Мајан Лихт и пијанистот Виницки ќе се одржи во „Света Софија“ од 21 часот.

Добитникот на наградата „Најдобар дебитант“ на Оперските награди во Брисел во 2025 година, Мајан Лихт, се смета за еден од највозбудливите вокални уметници на денешницата. Нарекуван „модерен Фаринели“, Лихт ја освојува светската сцена изведувајќи улоги кои ретко кој може да ги пее комбинирајќи вокална виртуозност со емотивна длабочина. Покрај неговата кариера, тој е интернет-феномен со стотици илјади следбеници на социјалните мрежи и милионски број прегледи на неговите видеа онлајн, со тоа тој директно придонесува кон доближување на оперската уметност кон новата публика насекаде низ светот.

Оваа сезона, Мајан Лихт ќе дебитира во Холандската национална опера во Амстердам во улогата на Ра во премиерата на „Реквием за Мариза“ од Мерич Артач, ќе ја толкува главната улога во операта „Александар во Индија“ во Театер ан дер Виен, а ќе настапи како Нероне во „Крунисувањето на Попеја“ во Театарот „Понкиели“, како дел од фестивалот посветен на Монтеверди.

Пшемек Виницки е полски пијанист, добитник на бројни награди на меѓународни натпревари во Полска и низ светот. Во 2022 година дебитира во Берлинската филхармонија изведувајќи го „Варшавскиот“ концерт од Ричард Адинсел.

Во 2022 година дипломира на Кралскиот колеџ за музика во Лондон. Добитник е на прва награда на натпреварот ЕПТА во Србија во 2021 година и на втора награда на Меѓународниот натпревар во Исхија во Италија во 2015 година. Се закитува со Гран при на Меѓународниот натпревар на наставници по музика во Варшава во 2013 година, прва награда на натпреварот „Шопен-Рим“ (2011), а истата година е финалист на натпреварите „Моњушко“ во Минск и на натпреварот „Јамаха“ во Полска.

Како солист настапува со повеќе оркестри вклучително Националниот оркестар на Белорусија и оркестарот на Летната академија во Рајхенау (Австрија), како и со филхармониските оркестри во Краков, Жешув и Лоѓ. Има снимено ЦД со клавирски концерт на Моцарт и соработува со РМФ Класик, од 2014 година е добитник на стипендија на Фондацијата „КЛЕР“. Редовно настапува низ Европа и низ светот, со концерти во САД, Франција, Шведска, Шпанија, Германија, Белорусија, Австрија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер