2Поднесено обвинение за злоупотреби против полициски службеници од Велес за случајот на Росица Коцева
3Грчката полиција потврди: Македонските служби го имаа главниот товар во истрагата за иранската мрежа
Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
2Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
МакедонијаАгелер: Разочарана сум што корупцијата е се уште проблем во МакедонијаКорупцијата продолжува да биде еден од најголемите предизвици за македонското општество, и одговорноста е на сите влади до сега зошто корупцијата во земјава е ендемски проблем вели во ексклузивно интервју за Канал 5 американската амбасадорка Агелер.Целото интервју со американската амбасадорка Анџела Агелер ќе го емитуваме во Вести плус по 18 и 30 часот . Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпозициски прашања во СобраниетоОд јануари догодина единствен организатор на онлајн игри на среќа ќе може да биде државата, односно Државната лотарија. Ова го предвидува новиот Закон за игри на среќа кој стапува на сила од 1-ви јануари, а освен за онлајн игрите на среќа ќе се однесува и на ВЛТ терминалите. Ова го најави вицепремеирот Аелксандар Николовски во одговор на пратеничко прашања на денешната собраниска седница упатено од пратеничката Јована Мојсовска од Левица. Опозициските пратеници се интересираа и за теми од образованието, земјоделието и животната средина, но и за долгот во вториот пензиски фонд. Пратеникот Јован Митрески од СДСМ обвини дека долгот на ПИОМ кон вториот пензиски фонд е над 40 милиони евра. Од Власта возвратија дека и покарај доцнењето немало надминување на законските рокови за префрлање на средствата во вториот пензиски столб. Денешните опозициски пратенички прашања следуваа откако минатиот четврток тие пропаднаа поради низата паузи побарани од народните избраници, што предизвика предивика тензии, кавги и меѓусебни навреди во собраниската сала. Пропаднатите опозициски прашања тогаш резултураа со договор меѓу Гаши и кординаторите на пратеничките групи во идинина да нема паузи на ваквите седници. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаПоднесено обвинение за злоупотреби против полициски службеници од Велес за случајот на Росица КоцеваТие не постапувале соодветно по пријавите на оштетената за семејно насилство.Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднесе обвинение против девет полициски службеници од Велес за сторени кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 1 и Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик. Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција презеде опсежни истражни дејствија со кои утврди дека обвинетите, во временскиот период од 21.02.2025 до 15.09.2025 година, со неизвршување на својата службена должност, потешко го повредиле правата на оштетената сега почината Росица Коцева, повредувајќи го нејзиното уставно загарантираното право на живот, како и правата предвидени со чл.2 и чл.3 од Европската конвенција за човекови права. Тие не постапувале соодветно по пријавите на оштетената за семејно насилство, непочитувајќи ги одредбите од Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, Правилникот за начинот за процена на ризик од сериозна опасност по животот и физичкиот и психичкиот интегритет на жртвата и членовите од нејзиното семејство и на ризикот од повторување на насилството, Правилникот за вршење на полициските работи и Законот за полиција. Во услови кога биле изречени судски мерки за заштита на жртвата од семејно насилство, тие не постапувале по итните мерки за заштита. Исто така, дел од обвинетите прземајќи дејствија по пријава на оштетената, постапувајќи спротивно на изричните одредби од Законот за полиција, не го известиле надлежниот јавен обвинител за да добијат понатамошни насоки за постапување, а доказите ги чувале во просториите на ООК-ОКП Велес без да поведат никаква постапка.Тагови: Росица Коцева Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрчката полиција потврди: Македонските служби го имаа главниот товар во истрагата за иранската мрежаПреку добра соработка со безбедносните служби на Македонија, спречена е незаконска активност на територијата на Грција, посочи портпаролката на грчката полиција – Костандија Димоглиду .Преку добра соработка со безбедносните служби на Македонија, спречена е незаконска активност на територијата на Грција, посочи портпаролката на грчката полиција – Костандија Димоглиду за случајот во кој иранска прокси-мрежа се сомничи за подготовка на атентат врз одредено лице или терористички напад во Грција, а беше разоткриена од Агенцијата за национална безбедност и МВР. Како што потенцираше Димоглиду, истрагата, вклучително и со откриените докази во Македонија, ќе разјасни дали станува збор за атентат или пак планиран терористички чин. Идентитетот на целта на атентатот засега не го откриваат ни грчката Национална разузнавачка служба а ниту АНБ. Во меѓувреме, грчките медиуми повикувајќи се на свои извори објавуваат претпоставки за кој би можело да станува збор. Сценаријата кои преовладуваат се - грчки бизнисмен со еврејско потекло, Израелец кој работи во компанија од големи размери во Грција, или пак лице кое работело за израелски интереси во Грција. Како што вчера обелоденија од МВР четворица македонски државјани кои дејствувале на подрачјето на Скопје и Куманово, се уапсени под сомнение за соработка со иранските разузнавачки структури преку врски со иранскиот државјанин Едрис Јахангири Маванех. Уште еден осомничен е уапсен во Грција, а по шестиот се трага. Како што пишуваат грчките медиуми, едно од уапсените лица е 30 годишен маж, прогласен за непожелен во Грција по основ на националната безбедност, а кој што со македонски регистарски таблички на крајот на октомври се обидел да ја напушти Грција и да влезе во Турција на копнената граница во Еврос.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45