Африм Фидани е нов претседател на Врховниот суд - Канал 5

Африм Фидани е нов претседател на Врховниот суд

Врховниот судија Африм Фидани е наследник на Беса Адеми.

Африм Фидани е нов претседател на Врховниот суд

За некои анонимен и неистакнат, за други пак кандидат со добар акциски план, сепак врховниот судијата Африм Фидани ја доби поддршката од 8 членови на Судскиот совет и стана нов претседател на највисокиот суд во земјава. Како судија почнал да работи од 2011та во скопска Апелација, а за судија во Врховен е избран во 2017та.

„Не го познавам многу по професијата, но мислам дека може да се справи со раководењето на Врховниот суд.“

„Јас сум изненадена колку имаше малку познавање во однос на актуелните состојби во судството, а како прв човек на највисокиот суд сметам дека тоа е недозволиво.“

„Многу важно е што има акционен план со точно утврдени временски рамки и има неколку точки во програмата коишто сметам дека ќе бидат во насока некои состојби да се подобрат. “

Против изборот на Фидани гласаа петмина членови на Советот - Камбовски, Николовски, Ристова, Димовска и Чачрова Илиевска. Единствен противкандидат му беше доскорешната претседателка на судот Беса Адеми која доби само 2 гласа „за“ но и критики за нејзиниот однос кон Судскиот совет.

„Беса Адеми тогашниот претседател дека имале притисоци и ние ја повикавме тука во Судскиот совет, никогаш не дојде да објасни какви се тие притисоци. Без оглед дали веруваш во телото или не, обврска на претседателот е да дојде и да го пријави таквото нешто.“

„Јас не видов во нејзиниот ангажман одреден предлог или заедничка расправа во надминување и изнаоѓање рационални решенија за подобро и поефикасно судство.“

За разлика од Врховен кој доби нов, скопскиот Кривичен суд пак остана без претседател откако Иван Џолев беше избран за судија во Апелација. Покрај Џолев, судии кривичари во скопска Апелација заминуваат и Марија Клетничка Марковска и Оља Ристова од Кривичниот суд и Бетим Јахја од Основниот суд Тетово.

YouTube video

Лишен од слобода дилер во Скопје, пронајден кокаин, одредена мерка притвор

СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.П.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл.215 од КЗ.

Лишен од слобода дилер во Скопје, пронајден кокаин, одредена мерка притвор

Имено, на 10.07.2025 во 22.10 часот, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода К.П.(30) од Скопје, затоа што при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја, а по извршеното вештачење констатирано е дека станува збор за кокаин со нето маса 46,56 грама. Со К.П. бил извршен службен разговор, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Петрушевски: СДС со невидена леснотија се радува на секоја катастрофа во државата

СДС со невидена леснотија се радува на секоја катастрофа во државата, надевајќи се дека ќе добие некој ситен политички поен, ако Македонија минува низ предизвици.

Петрушевски: СДС со невидена леснотија се радува на секоја катастрофа во државата

Пожарите кои гореа низ државата, а за кои веќе се докажува дека не се чиста природна непогода, туку човечки подметнати, од лица блиски до опозицијата, беа главна тема на политичкиот наратив на СДС.

На повеќе места низ државата на местата на пожарите меѓу другото најдени се и дрва потопени во бензин, гума, ракавици.

Истрагата на институциите дојде и до лица блиски до опозицијата, кои се веќе и во притвор.

Секој може многу јасно да види дека државата не гори само од природни непогоди, туку и од човечки фактор.

И додека некој подметнуваше пожари, а некој ликуваше преку политички соопштенија, институциите го дадоа својот максимум и навремено локализираа и изгаснаа десетици пожари низ државата.

Повикуваме на одговорен пристап на СДС, тие беа власт до пред само 1 година, а на државата и оставија расипани авиони без пилоти, стари возила и недоволна опрема.

Една година потоа, државата има функционални авиони, пилоти, и приспособени воени и полициски возила за гаснење на пожари.

Народот ја гледа разликата.

YouTube video

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Синот на нарко-босот Ел Чапо се изјасни за виновен пред американски суд во замена за полесна казна

Еден од синовите на мексиканскиот нарко-бос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, коосновач на картелот Синалоа, Овидио Гузман Лопез, се изјасни за виновен пред американски суд како дел од спогодбата за признавање на вина што обезбедува полесна затворска казна.

Синот на нарко-босот Ел Чапо се изјасни за виновен пред американски суд во замена за полесна казна

Познат по прекарот „Ел Ратон“ (глувчето), 35-годишниот Овидио е единствениот од четирите синови на водачот на картелот кој постигна спогодба со американското судство и ја призна вината.

Ел Чапо, отслужува доживотна казна затвор во САД, изречена во 2019 година.

Американскиот обвинител Џеј Клејтон изјави вчера на суд во Менхетен дека ова е „важен чекор во повикувањето на одговорност на картелот Синалоа и неговите водачи за нивната улога во епидемијата на фентанил, дрога што одзеде многу американски животи“.

Судот во Њујорк на 1 јули ги отфрли обвиненијата за трговија со дрога против Овидио Гузман како дел од спогодбата за признавање на вината, избегнувајќи судење и обезбедувајќи, според аналитичарите, полесна казна од казната на неговиот татко. Датумот на изрекување на пресудата сè уште не е закажан.

Како дел од спогодбата, Овидио Гузман се изјасни за виновен за заговор поврзан со трговија со дрога и учество во криминално здружение, објави Министерството за правда на САД. Тој, исто така, призна дека тој и неговите тројца браќа ја презеле улогата на нивниот татко во рамките на картелот.

Овидио беше уапсен во јануари 2023 година во операција во Кулијакан во северозападно Мексико, во која беа убиени најмалку 29 лица. Девет месеци подоцна, тој беше екстрадиран во САД.

притисни ентер