Африканската чума ќе ја дигне цената на свинското месо

Свинското месо во иднина може да стане луксуз, доколку се остварат стравувањата на екпсертите дека новата болест кај свињите, африканска чума, ќе го преполови светското производство.

Цените на свинското месо ќе растат само прашање на време е кога тоа ќе се почувствува и кај нас и во колкава мера. Причина за ова е губењето на милиони свињи во светот заради вирусната болест африканска свинска чума која е безопасна за луѓето но за свињите нема лек, ниту вакцина и единствена мерка за заштита е со уништување на цели фарми. Ударот од епидемијата на оваа болест која ќе предизвика земјотрес во свињарството веќе се гледа во Кина каде годинава се проценува дека ќе мора да бидат убиени од 150 до 200 милиони свињи што е една третина од нивното производство или за споредба во сите европски земји заедно годишно се одгледуваат 250 милиони свињи. Интернетот е преплавен со снимки од камиони во редици кои истураат свињи во огромни дупки и со багери ги затрупуваат.

Недостигот од свинско за кинескиот пазар кој е и еден од најголемите потрошувачи веќе се чувствува преку продажбата на се што беа залихи на смрзаното свинско во Европа а за 20% е зголемена цената на свинското и на берзата во Чикаго. Ударот врз цените на свинското полека ќе се чувствува и кај нас а особено критично ќе биде ако оваа болест се рашири и кај нас. Според ветеринарите не е прашање дали Македонија ќе ја зафати туку само кога. Болеста ја има во Унгарија, цела Романија е зафатена а во соседна Бугарија по едниот случај во црно морскиот регион последна информација која ја потврдија и од АХВ е дека чумата е регистрирана и во регионот на Плевен кој е на воздушна линија од 200 километри од Македонската граница.

Големите свињарски фарми имаат спроведено био сигурносни мерки но покритични се малите домаќинства каде се одгледува 60% од производството. Доколку се појави кај некоја мала фарма тогаш според процедурите се што е во радиус од три километри треба да се уништи што може да биде серозен удар врз големите фарми.

Ковачки: Ветуваме изградба на експресниот пат Кочани-Виница- Делчево

Денеска во пресрет на големиот христијански празник сме во посета на Кочани.

За Кочани предвидуваме изградба на експресниот пат до Делчево, и тоа во два мандати. Потоа, реконструкција на пругата Кочани - Велес, третман на атмосферските и фекални отпадни води на Пониква и секако 17 милиони евра за нашиот град Кочани за изградба на Јужниот Булевар, за изградба на катна гаража и изградба на старечки дом.

Почитувани граѓани,

Пред нас се историски избори на 8 мај ве повикувам сите да ни се придружите и заеднички да ги донесеме промените. Да донесеме промена за Македонија, да заокружиме за бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски да биде премиер на владата на Република Македонија. рече Драган Ковачки, носител на изборна единица 3.

.

НБА кошаркар дивее на теренот- намерно со топка ги гаѓа навивачите (ВИДЕО)

Милвоки Бакс се прости од оваа сезона во НБА со пораз во првото коло од плејофот на Источната конференција од Индијана Пејсерс.

Серијата ѝ припадна на екипата на Индијана со вкупни 4:2, а додека се уште траеше последниот натпревар, кошаркарот на Бакс, Патрик Беверли, на непримерен начин го исфрли бесот и фрустрацијата.

Во последните минути од натпреварот кој отиде на страната на Пејсерси со 120:98, Беверли седеше на клупата за резерви. Тој стана од неа и со топка удри навивачка на ривалскиот тим во глава. Потоа побарал да му ја вратат топката, а потоа со неа го удрил човекот кој му ја фрлил. Играчите на Бакс, стручниот штаб и обезбедувањето ја смируваа ситуацијата.

На Борис Џонсон не му дозволиле да гласа без лична карта, самиот тој го вовел овој закон

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон, кој ја воведе контроверзната обврска гласачите да приложат лична карта со фотографија при гласањето, вчера беше отстранет од гласачкото место бидејќи заборавил да си ја донесе.

Британските медиуми објавија дека Џонсон, кој се повлече од функцијата во 2022 година по скандалот со локдаун забавите, првично бил одбиен на избирачко место во Оксфордшир, јужна Англија, додека се обидувал да гласа на локалните избори одржани низ Англија.

Неговиот портпарол рече дека Џонсон гласал за конзервативците, не оспорувајќи дека поранешниот премиер првично не носел лична карта со фотографија.

Во 2022 година, владата на Џонсон воведе барање за лична карта на гласачките места за да се спречи можната изборна измама, а владата тогаш беше жестоко критикувана за потенцијалот да ги обесправи деловите од електоратот.

Претходно, гласачите требаше да го наведат само своето име и адреса за да гласаат.

„Мислам дека не е неразумно да се бара од оние што првпат гласаат да покажат некаков доказ за идентитет“, рече Џонсон за новите правила од 2021 година.

Минатата година, при првото гласање со спроведување на новите правила, на околу 14.000 луѓе во Англија им била ускратена можноста да гласаат на локалните избори, бидејќи не приложиле лична карта.

Ова е само последниот инцидент во шарената политичка кариера на Џонсон.

Како градоначалник на Лондон, тој еднаш беше оставен да лебди во воздух од зип-лајн, а како премиер беше снимен како се повлекува во голем ладилник додека новинарската екипа бараше интервју.

Анкетата на YouGov покажа дека 14 отсто од Британците сè уште не знаеле, во деновите пред вчерашните избори, дека има правило за задолжително носење лична карта за гласачите.

притисни ентер