Африканска свинска чума се шири низ Европа - Канал 5

Африканска свинска чума се шири низ Европа

Африканската свинска чума сериозна закана за македонското свињарско производство.

Африканска свинска чума се шири низ Европа

Агенцијата за храна и ветеринарство на сите сточари кои чуваат свињи без разлика дали една или имаат фарма им наложи да преземат безбедносни мерки за да се спречи евентуална појава и ширење на болеста која е потврдена во соседна Бугарија во реонот на Варна но и во други Европски земји.

Африканската свинска чума не е опасна за човекот но спаѓа во групата на болести кои предизвикуваат огромни економски загуби. За оваа болест нема вакцина и каде ќе се појави на цели фарми мора да им се уништи стоката во целост.

Болеста се пренесува и шири со директен контакт од болно на здраво животно, индиректно се пренесува преку заразена храна и отпадоци од храна, опрема, возила и облека и биолошки преку вектори односно преку крлеж.

Најсериозна закана е за оние домаќинства во селата кои чуваат макар една свиња а особено ризична група се свињи кои се пуштаат слободно да шетаат.

Бидејќи еден од главните начини на ширење на африканската свинска чума се дивите свињи од агенцијата за храна и ветеринарство апелираат до сите ловџии ако најдат угинато животно тоа да го пријават и по одењето на лов најмалку 48 часа да немаат контакт со место каде се чуваат свињи.

На добиточните пазари ќе се воведе строга контрола на продажбата на добитокот а се воведува и забрана за продажба на стока надвор од пазарите.

Големите фарми треба да ги подигнат биосигурносните мерки и како дел од акцискиот план од 1 јануари 2020 да можеме да извезуваме свинско месо во земјите од Европската унија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

И покрај големата побарувачка, БМВ М дефинитивно ги напушта рачните менувачи

BMW е еден од ретките премиум производители кои сè уште се држат до мануелните менувачи, но се чини дека таа ера е при крај. 

И покрај големата побарувачка, БМВ М дефинитивно ги напушта рачните менувачи

И покрај големата побарувачка, особено во САД каде половина од купувачите на М2 избираат рачен менувач, сегашниот М2 би можел да биде последниот модел на BMW M со три педали.

Високата продажба го натера БМВ да лансира специјална серија M3 CS Handshalter, но идните генерации на M3 и M4 најверојатно ќе се откажат од оваа опција.

Голема побарувачка за рачен менувач

Додека конкурентите како Audi и Mercedes-Benz одамна ги напуштија мануелните менувачи, BMW продолжи да им ја нуди опцијата на ентузијастите. Шефот на BMW M, Френк ван Мел, откри дека побарувачката за нивните автомобили со рачен менувач е сè уште значителна. Бројката е импресивна: секој втор модел М2 во САД е опремен со шест-брзински мануелен менувач, наместо достапниот автоматски ZF со осум степени.

Големиот интерес за мануелните M2 модели во САД го убеди BMW неодамна да ја претстави ограничената серија M3 CS Handschalter за тој пазар. За прв пат, овој модел ги комбинира намалената маса и техничките надградби на верзијата CS со рачен менувач.

„Погонот на задните тркала и мануелниот менувач се комбинација од соништата за многу пуристи“, рече ван Мел во едно неодамнешно интервју. „Затоа направивме и ограничен модел со рачен менувач за американскиот пазар. Побарувачката беше огромна, а автомобилот се распродаде практично веднаш.

Последните М модели со рачен менувач?

BMW не објави точно колку примероци од M3 CS Handshalter планира да произведе, но само потврдија дека бројот ќе биде „многу ограничен“. Тој модел ќе служи како збогум на генерацијата M3 G80 во САД и најверојатно ќе биде последниот M3 со опција за рачен менувач.

Според достапните информации, следната генерација на M3, која се очекува околу 2028 година, ќе го задржи познатиот 3.0-литарски мотор со 2-турбо полнач, но повеќе нема да се нуди со мануелен менувач.

Актуелниот BMW M4 ќе остане на пазарот уште некое време, но и тој ќе биде заменет пред крајот на деценијата. Неговиот наследник исто така се очекува да го отфрли шестстепениот мануелен менувач. Поради сето ова, моделот М2 би можел да остане последниот BMW M кој му овозможува на возачот самостојно да менува брзини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руски пратеник се заканува со нуклеарно оружје: Ако треба да се удри, ќе удриме

Пратеникот на руската државна Дума и лидер на партијата Родина, Алексеј Журавлев, изјави дека Русија треба да започне нуклеарен напад врз Украина и да ја принуди да се предаде. 

Руски пратеник се заканува со нуклеарно оружје: Ако треба да се удри, ќе удриме

Тој верува дека „мора да удриме за непријателот да разбере дека мора да капитулира“.

„Постојано се дискутира дали можеме да користиме тактичко нуклеарно оружје. Не можеме. Слушајте, не треба да има таква дискусија. Доколку е потребно, ние сме должни да го користиме. Ако треба да удриме, ќе удриме. Нема дискусија за тоа“, рече Журавлев.

Дипломатијата и рускиот одговор

Извори блиски до Кремљ, цитирани од Блумберг, претходно објавија дека претседателот Владимир Путин подготвува ескалација на конфликтот во Украина. Тие велат дека тој би можел да користи тактичко нуклеарно оружје како последно средство за да спречи пораз. Во средината на ваквите пишувања, директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, неочекувано пристигна во Москва на 25 август. Извори на Аксиос тврдат дека Ратклиф се обидел да го одврати Путин од ескалација и да го убеди да се врати на преговорите.

„Њујорк тајмс“ објави дека американскиот функционер дал „мрачна проценка“ за состојбата на руската војска и економија и повикал на договор пред да биде предоцна. По посетата, Русија тестирала нуклеарна ракета што може да стигне до САД, чие име Министерството за одбрана не го откри.

Меѓународни предупредувања

И покрај засилената реторика, „Блумберг“ забележува дека во моментов нема знаци дека Путин всушност се подготвува да употреби нуклеарно оружје. Партнерите на Русија, вклучително и Кина, се остро против идејата и го предупредуваат Кремљ да не прави таков потег. Администрацијата на поранешниот американски претседател Џо Бајден, исто така, го предупреди Путин за последиците од нуклеарен напад.

Фиона Хил, виш соработник во Институтот Брукингс и поранешен советник на тројца американски претседатели, потсети дека Белата куќа во тоа време изјавила дека одговорот ќе биде конвенционален напад на американските вооружени сили врз Русија. Според неа, Путин тестира колку далеку може да оди пред да му се даде шанса.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Купиле куќа, стара 102 години, па се шокирале кога ги подигнале теписите (ВИДЕО)

Кога Ајдан и Кетрин Мекгован се преселија во нивниот „дом од соништата“, беа исполнети со возбуда и радост.

Купиле куќа, стара 102 години, па се шокирале кога ги подигнале теписите (ВИДЕО)

Сепак, имаше едно нешто што ги мачеше - куќата од 1900-тите што планираа да ја реновираат беше исполнета со постојан, непријатен мирис, па затоа решија прво да се справат со тоа.

Новите сопственици се разболеа

Веднаш ги отстранија теписите од нивниот рурален дом во Јужна Дакота, очекувајќи да најдат оригинални дрвени подови под нив.

Наместо тоа, двојката откри дека подовите се целосно натопени со урина!

Кетрин, која работи како наставничка, откри дека непријатниот мирис станал уште поинтензивен кога ги отстраниле теписите. Еден агол бил толку натопен што им се слошило кога се обиделе да го исчистат.

„Нашето куче стоеше во близина...“

„Бевме без зборови кога ја сфативме состојбата на подовите. Сè што можевме да направиме беше да стоиме таму во шок“, рече жената.

„Нашето куче стоеше во близина и изгледаше подеднакво ужаснато, како да може да се обвини за овој хаос“, додаде таа.

За жал, кошмарот на новите сопственици не заврши тука, објавува The Sun.

Немале искуство во реновирање

Вековните борови подови испуштаа непријатен мирис и покрај неколкуте нови слоеви боја. Затоа решија целосно да ги заменат со даб, што ќе ги чини околу 20.000 долари!

Тие исто така ќе ги отстранат гипс-картонските плочи во собите за да се обидат да ја отстранат смрдеата од нивниот нов дом. Сепак, крајната цел е да се зачува карактерот на куќата од почетокот на 20 век.

Ејдан и Кетрин нагласуваат дека немаат претходно искуство во реновирање и велат дека знаеле дека преземаат зграда која ќе бара средување.

И покрај трошоците за замена на подовите, тие сè уште се возбудени што ќе го декорираат својот нов дом по свој вкус.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер