Африканка, омажена за Србин е хит на Тикток, покажува како прави сарми (ВИДЕО) - Канал 5

Африканка, омажена за Србин е хит на Тикток, покажува како прави сарми (ВИДЕО)

Африканката Наледи Репаја стана хит на TikTok откако почна да објавува видеа од Србија каде што живее со сопругот Бојан.

Африканка, омажена за Србин е хит на Тикток, покажува како прави сарми (ВИДЕО)

Таа покажа како ја подготвува сармата што ќе му ја направи на сопругот за Денот на вљубените. „Специјален ручек за Денот на вљубените. Девојка зулу + српска снаа“, напиша Наледи во описот на видеото на социјалната мрежа. Додека таа правеше сарма, во позадина се слушаа песни на Здравко Чолиќ.

@ladynaledy8 Valentines special lunch. Zulu girl + serbska Snajka =#zdravkocolic #sarma #foryoupageofficiall #fyp #justlove #justforfun #balkanfood #justforyou #❤️❤️❤️ ♬ original sound - ladyNaledi

„Браво убавице, ти си вистинска домаќинка“, „Браво, супер си во правење сарми“, „Браво сестро, напред“, „Супер си“, ја пофалија следбениците во коментари под објавата.

Наледи својот сопруг Бојан од Пожаревац го познава 10 години. Тие се венчаа во црквата на Калемегдан, каде го крстија и синот Ноа. Покрај него, тие ја имаат и ќерката Неа. Љубовната приказна на Наледа и Бојан започнала на брод за крстарење.

@ladynaledy8 #onthisday #❤️❤️❤️ #foyoupage #vino #justlove #justforyou #fyp ♬ original sound - ladyNaledi

„Бидејќи заедно работевме на крстарење, јас и Бојан многу се дружевме. Не ја сакаше таа работа, па се откажа. Сакав да видам каде е Србија, каде е сѐ подобро. Се заљубив во луѓето , прво во Бојан, а потоа и во Србија - изјавила Наледа во емисијата Викенд на К1.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства

Хашим Тачи и Јакуп Красниќи се осудени на по 25 години затвор за воени злосторства, Кадри Весели на 18 години, а Реџеп Селими на 13 години.

Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства

Судот: Не е докажано дека сториле злосторства против човештвото.

Во Специјализираниот суд во Хаг заврши изрекувањето на првостепената пресуда за четворица поранешни команданти на таканаречената ОВК – Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи – кои беа обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото поврзани со најмалку 407 приведени лица, од кои најмалку 102 биле убиени.

Тачи и Красниќи беа осудени на по 25 години затвор за воени злосторства во Косово и Метохија, додека Весели доби казна од 18 години, а Селими од 13 години затвор.

Судскиот совет соопшти дека обвинителството не успеало да докаже оти обвинетите извршиле злосторства против човештвото. Атмосферата во Хаг е напната; поддржувачи на таканаречената ОВК се собрани пред судот, додека Албанци на еден плоштад во Приштина го следат изрекувањето на пресудата на голем екран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Деклотетот на Џеј Ло

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез секогаш ги радува своите обожаватели кога објавува нови фотографии на социјалните мрежи, а ниту овој пат не беше поинаку. 

Фото: Деклотетот на Џеј Ло

Сите ги сакаат селфињата на „жешката“ Латиноамериканка.

Најмногу внимание привлекуваат нејзините лежерни изданија – какви што објавување во текот на летото, кога таа ден по ден воодушевуваше со својот избор.

Летото се ближи кон крајот, но славната Џеј Ло не се откажува од лежерните парчиња облека и од истакнувањето на својата извајана фигура, па така на една од фотографиите позираше во широка бела кошула и широки бели панталони што ѝ го истакнуваа струкот.

Но, сепак најголемо внимание привлече, длабокото деколте, бидејќи мегапопуларната пејачка нема ништо облечено под кошулата.

Летово атрактивната пејачка редовно ги радуваше фановите со фотки на кои во преден план бешѓе нејзиното деколте.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тешка несреќа на обиколницата кај Загреб, автомобил целосно смачкан (ФОТО)

Денес се случи сообраќајна несреќа на автопатот А3, меѓу клучката кај мостот на Сава и клучката „Загреб-исток“, во правец кон Липовац.

Тешка несреќа на обиколницата кај Загреб, автомобил целосно смачкан (ФОТО)

Поради сударот, сообраќајот беше целосно запрен накратко, што предизвика колона долга околу два километра. Возилата моментално се движат низ овој дел од автопатот со ограничена брзина од 60 км/ч.

Загрепската полиција за „Индекс“ потврди дека во несреќата учествувале два камиона и три патнички возила. Екипите на итната помош се на терен, но засега нема информации за загинати или повредени лица.

Еден автомобил целосно смачкан

Црвен шлепер директно удрил во задниот дел на бел автомобил; силината на ударот целосно го смачкала автомобилот и го заглавила под камионот, додека жолт камион со кран е позициониран веднаш до нив. Во далечината се гледаат запрени возила на итните служби, како и колона од автомобили наредени по лентата за застанување во итни случаи и по сообраќајните ленти.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер