3Николоски ќе зборува за економските политики и предизвиците на регионот на 23-тиот Виенски економски форум
Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
1Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
ЖивотАфрика остана без кралот на животните - во западниот дел од земјата лавот речиси го нема!Три години траела потрагата по лавови во Гана, Конго, на Брегот на слоновата коска, во мали. Не е забележан ниту еден лав! Во западна Африка лавовите веќе ги нема.Симболот на убавината, моќта и слободата, кралот на животните, гордоста на Африка - изчезнува! Филип Хеншел од групата за одржување на дивината „Пантера“ три години барал лавови по западна Африка но не видел ниту еден. Првиот го здогледал дури во Најроби. - Тоа ме изненади, бидејќи Нигерија има прилично голем број на жители во однос на останатите држави кои ги посетив, а националните паркови во неа се прилично мали во споредба со оние во Западна Африка, од каде лавовите исчезнаа. Сите бевме воодушевени па дури и ренџерите од Нигерија кога видовме лав - вели Хеншел за агенцијата АП. Во таа 2009 година биле видени само околу 30 лавови во националниот парк Каинџа, а во националниот парк Јанкаи биле најдени само пет. Три години пред овие поразувачки резултати нигериските активисти за зачувување на дивината регистрирале лавови во 6 области на својата територија. Хеншел детално пребарал 21 област во Западна Африка која била под заштита поради лавовите. Нашол само девет лавови во 4 резервати. Во неговото истражување објавено минатата година тој заклучува дека лавовите не постојат на 99% од територијата на која порано живееле во Западна Африка. Ова откритие ја наведе Меѓународната заедница за зачувување на природата да ги стави африканските лавови на црвената листа на критично загрозен вид! Ново истражување објавено деновиве покажува дека во западна и Средна Африка бројот на лавови во споредба со 1990 драматично опаѓа. Бројот на лавови се зголемил само во Боцвана, Намибија, Јужна Африка и Зимбабве, каде лавовите се во оградени резервати. - Лавовите постоеле во голем дел од светот, во Африка, Европа и Азија па до Северна Америка, но тоа било пред илјадници години. Сега ги има само во Африка и Индија. Во Индија има 500 лавови, сите во Гуџарат, а во Африка се слуша рикот на нешто под 20 000 лавови - вели Хеншел. Изгледа дека во битката на човекот и лавот - лавот губи, бидејќи причините за неговото исчезнување се тесно поврзани со човекот, кој не му остава доволно простори и храна на кралот на џунглата. лавовите беа ловени и како трофеи, а тоа е легално дозволено само во Буркина Фасо и Бенин. Но ова убивање е речиси запрено откако ЕУ која беше најголем увозник на вакви трофеи, минатата година го забрани забрани увозот на таков вид трофеи од овие две земји. / извор: thestar.comКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПоранешна амбасадорка на Белгија во Србија откри што направила ЕУа во ноќта на поразот на ВучиќПоранешниот српски претседател Александар Вучиќ ги повлече војската и полицијата од Пионирскиот парк во Белград во изборната ноќ, по притисокот од Европската унија, која се обиде да спречи судири што би можеле да прераснат во граѓанска војна. Ова го изјави Дениз де Хаувере, поранешната белгиска амбасадорка во Србија, во интервју за телевизијата „Инсајдер“. Според неа, Европската унија активно ги следела настаните во Србија пред парламентарните избори на 25 октомври, на кои „Студентската листа“ ја победи СНС на Вучиќ и стави крај на неговото долгогодишно владеење. „Сигурно сте слушнале дека токму благодарение на Европската унија, Вучиќ ги повлече војниците и полицијата од Пионирски парк. Унијата изврши притисок врз него да не започнува нешто што би можело да заврши со граѓанска војна. Тоа значи дека ЕУ многу внимателно следи што се случува“, изјави Де Хаувере. Во изборната ноќ, владата на Вучиќ распоредила голем број припадници на безбедносните сили околу зградата на Претседателството и Републичката изборна комисија во Белград. Ваквото распоредување на војската и полицијата го зголемило стравот од можни судири по објавувањето на изборните резултати. Де Хаувере смета дека Европската унија не само што ги набљудувала настаните, туку презела и чекори за да спречи насилство. Поранешната амбасадорка изјави дека Европската унија е подготвена да им помогне на новите власти во Србија во спроведувањето на реформите и во зачувувањето на политичката стабилност. „Сега не е време за одмазда или за расчистување сметки со политичките противници, туку за работа на реформирање на институциите. Европската унија е тука и е подготвена да помогне“, рече Де Хаувере. Таа ја истакнала важноста од одржување на функционирањето на економијата и обезбедување стабилна политичка ситуација за време на транзицијата на власта. Де Хаувере, која служеше како белгиски амбасадор во Белград од 2006 до 2011 година, го обвини Вучиќ дека во Брисел зборувал поинаку за Европската унија отколку што со години им зборувал на граѓаните на Србија. Според неа, на средбите со европските претставници тој се претставувал како политичар посветен на европските интеграции, додека во Србија тврдел дека Брисел поставува неправедни барања. „Се разбира, тоа беше лага. Но, тоа функционираше некое време – сè додека критиките не станаа навистина пресилни“, изјави поранешната амбасадорка. Таа оцени дека ваквата политика придонела за назадување на демократијата во Србија и дека, со текот на времето, ЕУ престанала да прави отстапки пред Вучиќ.Тагови: Александар Вучиќ ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАВидео: Дончиќ ја зема таблата од рацете на тренерот и ја нацрта акцијата за кошНов фанастичен меч на еден од најдобрите светски кошакари Лука Дончиќ во НБА. Утрово Лука Дончиќ и Лос Анџелес Лејкерс го победија Феникс со 131–123. Словенечкиот кошаркар постигна 43 поени, предводејќи ги уште еднаш Лејкерс до нивната 12-та победа во сезоната, во вкупно 14 одиграни натпревари. За време на натпреварот, Дончиќ повлече необичен потег. На еден тајмаут Лука ја зема таблата од рацете на еден од помошните тренери, Линдзи Хардинг и сам ја нацрта акцијата што сакаше Лејкерс да ја одиграат во следниот напад. Luka took coaching into his own hands 😳 https://t.co/33NnrKRiXl — NBA on ESPN (@ESPNNBA) November 15, 2026 Тагови: Лука Дончиќ НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МакедонијаЗајкова: Да не ви паднало на памет да ги штитите!„Да не ви паднало на памет да ги штитите!!! Итно да се постапи и да одговара за обид за убиство, а сите што му давале инструкции во неговата паника (согласно сведочењата неговиот татко и мислам беше тетка) да одговараат за помагање….По последниот случај на насилство врз жена, во кој девојка претепана и без свест беше оставена на улица пред маркет во Охрид, а според пишувањата на медиумите, членови на семејството на насилникот се обиделе да ја „заташкаат“ работата, со објава на социјалните мрежи се огласи и претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова. „Да не ви паднало на памет да ги штитите!!! Итно да се постапи и да одговара за обид за убиство, а сите што му давале инструкции во неговата паника (согласно сведочењата неговиот татко и мислам беше тетка) да одговараат за помагање…. Не ме интересира што функции имаат неговите, ниту од која партија се! Девојката можеше да заврши како следна жртва на фемицид! “, пишува Зајкова во својата објава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter