АФМ во недела организира Женско рели низ улиците на Скопје - Канал 5

АФМ во недела организира Женско рели низ улиците на Скопје

Автомобилистичката федерација на Македонија (АФМ) организира Женско рели низ улиците на Скопје во недела

АФМ во недела организира Женско рели низ улиците на Скопје

„Ова е веќе 6 пат да организираме ваков настан, каде низ натпревар на вештини и брзина ги поттикнуваме сите девојки, сите жени активно да се вклучат во овој убав спорт. Преку вклучување во автомобилизмот, нашата федерација придонесува не само во забава, туку и развој и промоција на вредности и култура на однесување во сообраќајот. Сметам дека ова е навистина важно за сите нас и како девојки, жени ќе испратиме силна порака на еднаквост, на позитивен дух, внимание и почит кон сите со кои се натпреваруваме, но и со кои секојдневно се сретнуваме, возејќи низградските улици“.

Ова го истакна Кристина Станојковска, потпретседателна АФМ, која денес учествуваше на редовниот состанок на европските клубови при Светската автомобилистичка федерација (ФИА).

Организацијата на #женскорели2025 тече според планираното, со забележителен зголемен интерес за учество. Досега пријавени се над 80 учеснички од сите возрасти, а до денот на одржување се очекува бројот дополнително да се зголеми. Учесничките на #женскорели2025 имаат обврска да поседуваат возачка дозвола и сопствено возило, а во тимот имаат и совозач.

Релито е поддржано од повеќе домашни и меѓународни партнери, а е структурирано во два дела: градско возење по однапред дадена рута (се дава непосредно пред почетокот на релито) и брзински испит т.н. гимкана.

Автомобилистичката федерација на Македонија е членка на Светската автомобилистичка федерација (ФИА). За оваа и наредните години е предвидена организација на повеќе настани и натпевари, со кои ќе се подигне не само видливоста, туку и привлечноста на мотоспортот во Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер