Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
СветАфД: Мерц ја плати цената за неговите предизборни сплеткиДесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) го поздрави неуспехот на конзервативниот лидер Фридрих Мерц да биде избран за следен канцелар на земјата во првиот круг гласање во парламентот.Ко-лидерката на АфД, Алис Вајдел, рече дека резултатот, според кој на Мерц му недостигаа шест гласа од потребното апсолутно мнозинство, ја покажал „слабата основа“ врз која е изградена коалицијата на конзервативниот лидер со Социјалдемократите. Мерц беше оштетен од самиот почеток, рече првиот секретар на парламентарната група на АфД, Бернд Бауман, во видео објавено на X. Тој „ја плати цената за сите негови сплетки во пресрет на изборите, за досега невидената монструозна изборна измама“. Според Бауман, следниот круг на гласање најверојатно ќе биде закажан за среда. АфД е најголемата опозициска партија откако заврши на второ место зад Христијанските демократи (ЦДУ) на Мерц на предвремените избори во февруари. Откако минатиот месец склучи коалициски договор со Социјалдемократите (СПД), Мерц денеска требаше да биде избран за канцелар, што е последната пречка за новата влада да ја преземе функцијата. Во пресрет на гласањето, Мерц веќе наиде на критики, вклучително и од неговите сопствени редови, при што некои го обвинија дека го разредува партискиот став за да постигне договор со СПД, јави ДПА.Тагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАвион на „Рајанер“ удри во пистата со крило при грубо слетување (ВИДЕО)Авион на „Рајанер“ на лет од Манчестер до Даблин направи ризично слетување за време на бура, а снимката снимена од патник покажува како врвот на крилото ја удира пистата.Авионот силно отскокнува и скршнува од курсот при слетувањето, но пилотите успеале да ја одржат контролата врз авионот. Видеото го прикажува крилото на Боингот 737 како се витка под налетите на ветерот пред неговиот врв накратко да ја допре пистата. Патник по име Метју, кој го снимил инцидентот, го опишал искуството како „многу страшно“, но ја пофалил реакцијата на пилотите. WATCH: Ryanair 737 came close to striking its right winglet at Dublin airport earlier today. Video: Garden-Lane pic.twitter.com/EPE8mrP8s0 — Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) September 10, 2026 Незгодно слетување „Пилотите завршија неверојатна работа. Авионот силно отскокнуваше при слетувањето, потоа се крена и се сврте надесно. Да бидам искрен, мислев дека крилото е готово“, рече тој. „Рајанер“ потврди дека летот „FR5042“ од Манчестер слета во Даблин поради силни ветрови, но ја опишуваат ситуацијата поинаку. Во официјалното соопштение, тие наведуваат дека авионот слета „нормално“ и дека по корекцијата, слета на пистата при вториот обид без тешкотии. Инцидентот се случил за време на бурата Кетлин што ја погоди Ирска. Налетите на ветер достигнаа брзина и до 113 километри на час, поради што неколку летови на аеродромот во Даблин беа откажани или пренасочени кон други дестинации. Извор: Индекс.хрТагови: Рајанер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСообраќајот на државните патишта се одвива непреченоИнтензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголеменСОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона. РАБОТИ НА ПАТ: ВИА ДОО Вевчани известува, поради реконструкција на граничниот премин Делчево, од 09.09.2026 воведен е времен режим на сообраќај. За целото времетраење на градежните работи граничниот премин ќе фунционира непрекинато и сообраќајот ќе се одвива нормално. Во периодот од 17.08.2026 до 01.10.2026 година, поради изведување работи на објектот „Санација на косина на автопат А4, делница Миладиновци – Свети Николе – Штип (кај наплатна станица Преод)“, ќе биде изменет режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата. Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности. Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности. Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт. Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај. На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна). Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Тагови: АМСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоДенес променливо облачно со повремени врнежи од дождВремето денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд (над 15l/m2), грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, кој повремено ќе достигнува брзина од 40 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 26 степени. Денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 l/m²), проследени со грмежи и засилен северен ветер (над 40 km/h). Дневната температура ќе биде во опаѓање. Потоа следува период на сончево време со мала до умерена облачност. Во вторник и четврток наместа ќе има услови за врнежи од дожд.Тагови: дожд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter