АЕТМ: Пораст од 32% на вредноста и 37% на бројот на направените трансакции од Македонци кон странски е-трговци - Канал 5

АЕТМ: Пораст од 32% на вредноста и 37% на бројот на направените трансакции од Македонци кон странски е-трговци

Вкупната вредност е остварена со направени 6.1 милиони онлајн трансакции што е за 18.3% повеќе во однос на минатата година. 

АЕТМ: Пораст од 32% на вредноста и 37% на бројот на направените трансакции од Македонци кон странски е-трговци

Вредност на реализирани трансакции

Согласно најновите објавени податоци за трансакции на места на продажба за е-трговија (со исклучок на трансакциите со електронски пари) на Народната банка на Република Македонија во првите три месеци од 2025 година вредноста на вкупните трансакции направени кон интернет продавниците од Македонци дома и во странство, како и од иматели на странски картички изнесува 13,119.6 милиони денари или 213.3 милиони евра и преставува пораст од 25.4% во однос на истиот период минатата година.

При тоа, кон македонските е-трговци биле направени онлајн трансакции во вредност од 8,192.9 милиони денари или 133.2 милиони евра од домашни и странски иматели на платежни картички со пораст од 21.7% во однос на истиот период минатата година. Само од македонски иматели на платежни картичи кон домашните е-трговци направена е вредност од 7,452.3 милиони денари или 121.2 милиони евра односно 20.2% повеќе во однос на истиот период минатата година, додека странците кон македонските е-трговци направиле трансакции во вредност од 740.1 милиони денари или 12.1 милиони евра односно оствариле 40.3% пораст. Од друга страна Македонците во странство направиле онлајн трансакции од 4,926.6 милиони денари или 80.1 милиони евра што преставува пораст од 32% во однос на минатата година.

Број на реализирани онлајн трансакции

Вкупната вредност е остварена со направени 6.1 милиони онлајн трансакции што е за 18.3% повеќе во однос на минатата година. Притоа кон македонските е-трговци бројот на направените е-трансакции изнесува 3,652.3 илјади и е за 8.3% повеќе во ондос на истиот период лани. Најголем пораст на бројот на направените е-трансакции од 37% е забележан од домашни иматели на платежни картички кон странски е-трговци.

- “Вредноста на вкупните реализирани онлајн трансакции во првиот квартал бележи раст од 25.4%, додека кон домашните е-трговци растот е 21.7%, а растот со домашни картички кон странски е-трговци изнесува 32%. Ако земеме предвид дека ова се први податоци во кои се вклучени и трансакциите кон Тему, може да констатираме дека и растот кон домашните е-трговци, како со домашни и така со странски картички е на солидно ниво. Што се однесува до бројот на трансакции очекувано, растот кон домашните е-трговци е значително помал од оној кон странските, и изнесува 7% (дома) спрема 37% (кон странство). Имајќи предвид дека тука се отсликува улогата на Тему каде што се прават повеќе но помали трансакции, просечната вредност на трансакција кон странските се намалила од 34 на 33 евра. Тему кој за сега нуди единствено плаќање со картичка, влијае во насока на едукација на потрошувачите да плаќаат со картички, што е важно за зголемување на дигиталните вештини и вештините за дигитални плаќања. Преференцата за плаќање во готовина се уште доминира на македонскиот пазар, а потребно е забрзувње на транзицијата кон безготовински плаќања, што воедно може да влијае и на намалување на сивата економија која е значаен предизвик за е-трговијата и целокупната економија. Инаку Европската комисија води бројни дискусии во врска со влијанието на Тему, милионите мали пратки кои пристигнуваат и нивното влијание врз околината, одржливоста и целокупно економија.” - вели Претседателката на АЕТМ, д-р. Нина Ангеловска Станков.

Просечна вредност на трансакција

Анализата на просечната вредност на онлајн трансакциите во првиот квартал од 2025 година покажува различни движења по категории, кои може да се разберат во контекст на веќе забележаниот раст во вкупната вредност и бројот на трансакции. Кај трансакциите од домашни картички кон домашни е-трговци, просечната вредност пораснала од 32 на 36 евра односно 12.4%. Овој тренд е во согласност со зголемената вредност на трансакциите (+20.2%) и релативно мал пораст на бројот на трансакции (+7%), што укажува дека македонските потрошувачи трошат повеќе по трансакција кај домашните продавници, веројатно заради зголемена понуда, доверба и навики. Кај странски картички кон домашни е-трговци, просечната вредност се зголемила од 37 на 41 евра (+10.3%), што повторно е во согласност со порастот и на вредноста на трансакциите и бројот на трансакции. Спротивно на тоа, кај трансакциите од домашни картички кон странски е-трговци, просечната вредност бележи намалување од 34 на 33 евра (-3.7%), иако вкупната вредност пораснала за 32%, а бројот на трансакции дури за 37%. Овој пад на просечната вредност по трансакција се објаснува со масовниот пораст на купувања со пониска вредност, во главно поттикнати од Temu, која нуди ниски цени и бесплатна достава. Тоа доведува до зголемен број на помали трансакции, што ја намалува просечната вредност, иако вкупната активност драстично се зголемила. Вкупно, просечната вредност на онлајн трансакциите пораснала од 33 на 35 евра (+6.1%).

Повторливи (recurring) онлајн трансакции

Според усогласувањето на извештаите во податоците од доменот на платежната статистика со Законот за платежни услуги и платни системи се известува и за повторливи онлајн транскации (Recurring payments) кои може да се однесуваат за плаќање на сметки или претплати за најразлини услуги. Тие најчесто се однесуваат на: претплати (на пример за Netflix, Spotify, Microsoft, Apple, ChatGPT и сл.), комунални услуги (струја, интернет, телефон), членарини (фитнес, професионални здруженија), автоматски обновувања на услуги и лиценци.

Во првиот квартал на 2025 година се забележува раст на повторливите трансакции и тоа кај трансакциите од домашни картички кон домашни е-трговци има раст од 29% во вредноста и 18% во бројот на онлајн трансакции, а од друга страна, трансакциите од домашни картички кон странски е-трговци, бележат раст од 29% по вредност, но и значителен скок од 43% по број на трансакции. Сѐ поголем број Македонци користат претплатнички услуги, како што се дигитални содржини (стриминг платформи, софтвер), но и претплати на комунални услуги и се одлучуваат за автоматско плаќање со платежни картички, наместо традиционални уплати.

Нови отворени е-продавници

Во текот на првото тромесечје од 2025 година, регистрирани се 65 новоотворени онлајн продажни места, што претставува значаен показател за зголемена понуда и заинтересираност на бизнисите да влезат во е-просторот. Овој тренд упатува на сѐ поголема свесност кај трговците за потребата од присуство на интернет пазарот, како и на поволни услови за развој на онлајн продажбата.

АСОЦИЈАЦИЈА ЗА Е-ТРГОВИЈА НА МАКЕДОНИЈА - АЕТМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл.

Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени.

Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата.

На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“.

„Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата.

На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август.

Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден.

„Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“.

За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби.

Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“.

„Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање.

„Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. 

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ.

Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра.

Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи.

Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови.

„Сите опции се отворени“

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат.

„Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој.

Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој.

Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина.

Беше во брак со Клое Кардашијан

Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус.

Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24).

Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3.

Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен.

Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето.

Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер