Герасимовски: Да ги вратиме дебатите во партиските простори, СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен
2Герасимовски: Да ги вратиме дебатите во партиските простори, СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен
3Расте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарци
ЗабаваАеромитинг кај Стенковец по повод 100 години македонска авијацијаНа спортскиот аеродром во скопски Стенковец, денеска ќе се одржи голем аеромитинг по повод одбележување на јубилејот „100 години македонска авијација“, за чиј почеток се смета основањето на Аероклубот Скопје во далечната 1923 година. Како што информираат од аероклубот во Стенковец, за настанот на кој ќе присуствуваат владини претставници и гости од земјата и регионот, подготвена е богата програма во која ќе учествуваат над 30 различни воздухоплови од земјава и странство како и падобранци од нашата земја и од пријатели на клубот од целиот регион. Вратите за посетители ќе бидат отворени во 9 часот, а официјалната програма почнува во 11 часот. -Посетителите ќе уживаат во акробатско летање со авиони, прелети во група и низок прелет на патнички авион. Падобранците ќе го развеат најголемото државно знаме од воздух, а едриличарите ќе презентираат неверојатни акробации, најавуваат организаторите. Освен тоа, во програмата предвидено е да има акробации кои се стандардни за аеромитинзи, а свое учество ќе земат и хероите на летните пожари, трите Air Tractor AT-802A Fire Boss на Дирекцијата за заштита и спасување кои ќе летаат во формација, потоа владиниот авион од типот Лирџет 60, полициските хеликоптери и авионот на воените сили Mi-17, а во низок лет ќе лета патничкиот авион Ербас А320 на авиокомпанијата Визер. Специјални гости ќе бидат авиони од воздушните сили на Србија, Италија и Грција, а посебна атракција ќе приредат двата суперсонични пресретнувачи MIG-29 на Српското воено воздухопловство кои исто така ќе биде дел од големиот Аеромитинг. Влезот на аеромитингот ќе биде бесплатен за посетителите, но, бидејќи паркинг-местата се ограничени, на посетителите од Скопје им се препорачува, наместо со автомобил, на Стенковец да дојдат со бесплатните автобуси кои тргнуваат во 8.30 часот, од пет локации во Скопје: Автокоманда кај ЈСП, Транспортен центар, Ѓорче Петров кај пазарот на вториот кружен тек, Бутел кај Еделпром и салата Борис Трајковски. Автобусите ќе возат во двата правци до 19 часот. Низ годините во клубот поминале над 3.000 воздухопловни ентузијасти, пилоти, едриличари, падобранци и механичари. -Низ овие години тој изгради силна репутација за воздухопловна безбедност, образование и обука, и обезбеди можности за младите луѓе да продолжат со кариерата во воздухопловството, посочуват од клубот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Мбапе во жешка акција на јахта со сексапилна русокоса По крајот на Светско фудбалско првенство, капитенот на Франција, Килијан Мбапе и покрај неуспехот на тимот ужива во заслужен одмор. Деновиве вниманието на јавноста го привлекува и неговата сакана... Според пишувањата на странските медиуми, тој моментално престојува на јахта на Сардинија во друштво на својата девојка, шпанската актерка Естер Експосито. Нивното опуштено дружење веднаш го привлече вниманието на јавноста и дополнително ги поттикна шпекулациите за нивната блискост. Фотографите на странските медиуми ги уловија во интимен момент – додека се прегрнуваа и бакнуваа на јахтата. Soccer star Kylian Mbappé and "Elite" star Ester Expósito were photographed kissing and cuddling during their yacht vacation. Photos: Backgrid pic.twitter.com/CUyNRA50re — JustJared.com (@JustJared) July 29, 2026 Сепак за јавноста поинтересна е убавата Естер, која покажа совршена фигура и витко тело од кое беше тешко да се тргне погледот. Фотографиите од јахтата брзо се проширија на мрежите, по што јавноста го доби одговорот на прашањето - дали Мбапе се бакнува со убавица? Естер е актерка која се прослави во 2018 година, кога ја доби улогата на Карла Росон во тинејџерската серија на „Нетфликс“, „Елита“ (Elite). Инаку според фотките може да се заклучи дека Килијан и Естер вистински уживаат во летниот одмор на луксузната јахта. Тагови: Килијан Мбапе Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАмерикански центар: Владите да вложуваат повеќе во критичните минералиЗападот треба значително да ги зголеми инвестициите во ископ и преработка на критични минерали за да ја намали зависноста од Кина, предупредува американскиот Центар за стратегии за критични минерали.Главниот проблем за проектите за критични минерали во западните земји е недоволното финансирање, поради што државите остануваат зависни од Кина за суровини неопходни за технолошката и одбранбената индустрија. Ова се наведува во најновиот извештај на американскиот Центар за стратегии за критични минерали, кој повикува владите многу поактивно да ги поддржат инвестициите во рударството. Во извештајот се оценува дека геополитичката трка за критични ресурси нема да ја добијат земјите што само најавуваат стратегии и партнерства, туку оние што ќе успеат брзо да обезбедат капитал и стратешките рударски проекти да ги претворат во производство. Додека западните држави сè повеќе користат јавни средства за поттикнување на нови рударски инвестиции, во Македонија сè уште е во застој единствениот најавен проект за експлоатација на критичен минерал – рудникот за бакар во Иловица, зад кој стои компанијата „Трафигура“. Домашни експерти претходно повикаа Македонија да го искористи својот ресурсен потенцијал и да се вклучи во западните синџири за снабдување со критични минерали. Според плановите, рудникот во Иловица би експлоатирал околу 10 милиони тони руда годишно и би произведувал повеќе од 10.000 тони бакар, со предвиден работен век од околу 23 години. За разлика од препораките за јавна финансиска поддршка, за овој проект веќе е обезбеден приватен капитал. Првата фаза од изградбата е проценета на околу 340 милиони евра, а покрај стотици нови работни места, се очекува секоја година околу 75 милиони евра да се слеваат кон локални и регионални компании од угостителството, земјоделството, прехранбената, текстилната, хемиската и дрвната индустрија, како и кон занаетчиски и сервисни дејности. Во извештајот се посочува и дека Западот се соочува со недостиг од бакарен концентрат за работа на топилниците. Причината е што глобалните капацитети за топење, особено во Кина, растат побрзо од понудата на суровина, што создава силна конкуренција за ограничените количини бакарен концентрат. Дополнително, се наведува дека Кина од 2001 до 2023 година инвестирала околу 98 милијарди долари во проекти за критични минерали, обезбедувајќи долгорочен пристап до стратешки суровини и доминантна позиција на глобалниот пазар. Заклучокот на Центарот е дека создавањето сигурни синџири за снабдување независни од Кина ќе бара тесна соработка меѓу владите и приватниот сектор. Според проценките на Меѓународната агенција за енергетика, за исполнување на поставените цели ќе бидат потребни повеќе од 500 милијарди долари инвестиции во нови проекти за критични минерали.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Актерка облече бикини и го истакна задникотАктерка облече бикини го покажа задникот и ги воодушеви фановите .Откако ја раскина свршувачката со Шон Вајт, американската олимписка шампионка во сноубординг, актерката Нина Добрев ужива во животот. Често се појавува на големи настани и во друштво на славни ѕвезди, што и доликува на нејзиниот актерски статус, а не е тајна ниту тоа дека неодамна беше фотографирана во страсна прегратка со своето ново момче. Иако потенцијалниот пар не ги рекламираше провокативните фотографии, тоа не ја спречи убавата Нина да објави компилација од своите провокативни фотографии на Инстаграм. Како што можете да видите, таа ги поминува жешките летни денови во Италија, а слободното време го искористи за да сподели дел од атмосферата од патувањето со своите фанови на социјалните мрежи. Вниманието на јавноста го привлекоа фотографиите во бикини, на кои таа покажа прекрасна фигура и со тоа воодушеви многумина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook