Аеродромот во Амстердам тестира автономно возило за транспорт на багаж (ВИДЕО) - Канал 5

Аеродромот во Амстердам тестира автономно возило за транспорт на багаж (ВИДЕО)

Аеродромот во Амстердам, Шипхол започна со тестирање на иновативно самостојно електрично возило за транспорт на багаж, во соработка со авиокомпанијата KLM.

Аеродромот во Амстердам тестира автономно возило за транспорт на багаж (ВИДЕО)

Целта на овој проект е да се зголеми ефикасноста и да се намали товарот на системот за ракување со багажот, а со тоа да се подобри севкупната оперативна способност на аеродромот.

Новото возило, развиено од британската компанија Aurrigo, е дизајнирано да го транспортира багажот со подолго време на оставање одделно од другите куфери, намалувајќи го притисокот врз централниот систем за ракување со багажот. Ова ги оптимизира ресурсите и го подобрува протокот на багаж низ аеродромот.

Тестирањето започнало во август 2024 година, а фокусот е на навигацијата низ аеродромските области, автономен утовар и истовар и безбедно маневрирање во средини со голем сообраќај. Возилото користи најсовремени Lidar сензори и камери со покриеност од 360 степени, што му овозможуваат прецизно да ги детектира пречките и безбедно да се движи во динамични средини.

Планирано е во следните фази возилото да се тестира во непосредна близина на воздушни мостови и паркинзи, со цел да се оцени неговата ефикасност во реални работни услови. Проектот ќе трае до крајот на 2025 година, по што ќе се разгледа можноста за поширока примена на оваа технологија.

YouTube video

Оваа иницијатива е дел од пошироката стратегија на аеродромот Шипхол за постигнување нула емисии и целосна автономија во копнените операции до 2050 година. Интеграцијата на паметните технологии во логистичките процеси има за цел не само да ја зголеми ефикасноста, туку и да ги зачува клучните улоги на човечкиот персонал во операциите на аеродромот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби

По пола година од враќањето во земјава, денеска во Кривичниот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби денеска ќе седне на обвинителна клупа за злоупотреба на службената положба за Државна лотарија. 

Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби

Освен правните перипетии што го следат случајот, судењето го привлекува вниманието на јавноста и поради политичките импликации што може да произлезат од процесот..

Во кривичниот суд е Михајло Видимлиски..

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НУ Драмски театар Скопје со „Гидионовиот јазол“ гостува на фестивалот РУТА на Бриони

 НУ Драмски театар Скопје со претставата „Гидионовиот јазол“ вечерва (24 август) ќе гостува на Бриони во Хрватска каде што театарот „Улисис“ е домаќин на фестивалот на Регионалната унија на театри (РУТА). 

НУ Драмски театар Скопје со „Гидионовиот јазол“  гостува на фестивалот РУТА на Бриони

Претставата ќе биде изведена во Летното кино во 21 часот.

„Гидионовиот јазол“ на режисерката Драгана Милошевски-Попова е претстава работена по текст на авторката Џона Адамс. Драматург на претставата е Викторија Рангелова-Петровска, а улогите ги играат актерките Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Ања Митиќ.

Гостувањето на Бриони ќе биде дваесетта изведба на претставата, која досега гостувала на неколку фестивали низ Македонија, како и во регионот на сцените на театрите членки на РУТА. На минатогодишниот 33. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата на Корин Фел ја доби наградата за високо актерско достигнување.

Режисерка Драгана Милошевски-Попова во програмската белешка истакнува дека: „Претставата ‘Гидионовиот јазол’ е моќна и вознемирувачка приказна за вината, одговорноста, тагата и сложениот однос во комуникацијата, како и состојбите во образовниот систем, проблемите со кои се соочува детето низ периодот на детството. На училишна средба меѓу мајката Корин и наставничката Хедер, кој се случува по еден трагичен настан, преку деликатен, емотивно исполнет/напнат дијалог, се отвораат прашањата за детската креативност, слободата на изразување, за уметноста, за одговорноста на наставниците и за родителите, за социјалните мрежи, за врсничкото насилство, за осаменоста, преку кои постепено се разоткрива длабоката болка и се бара, па и се посочува можниот виновник“.

Авторката Џона Адамс е претставничка на новата генерација американски драмски автори. Таа е авторка на 20 драмски текстови во кои драмската структура ја гради преку исклучително јаки и богато нијансирани карактери и ги поставува во сложени меѓусебни психолошки ситуации. Друштвото на американските театарски критичари ѝ ја доделува наградата „Стинберг“ (Steinberg Award) за делото „Гидионовиот јазол“.

Претставата „Гидионовиот јазол“ е на редовниот репертоар на Драмски театар од премиерата која се одржа во мај минатата година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска нови цени на нафтените деривати

Регуалаторната комисија за енергетика денеска треба да донесе нова одлука за малопродажните цени на горивата.

Денеска нови цени на нафтените деривати

Со претходната одлука бензините поскапеа за 4,5 денари, а дизелот поскапи за 6,5 денари по литар. Во последната пресметка на регулаторна продолжена беше и примената на намелените акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер