Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград отворен за сообраќај, дојавите за бомби биле лажни

Белградскиот аеродром „Никола Тесла“, синоќа, од 22,30 часот, повторно е отворен за авиосообраќај, соопштија службите на аеродромот.

Радио телевизија на Србија (РТС) објави дека извештаите за бомби биле лажни.

Околу 19 часот и 15 минути на белградскиот аеродром пристигнала дојава за поставена бомба, по што била извршена контрадиверзантска проверка, а патниците биле евакуирани.

Претседателката Силјановска Дафкова ги удостои лицата со попреченост во Вила Водно

Коалицијата Менуваме и претставници на граѓанскиот сектор остварија средба со претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Почитувана професорке Дафкова, кога пред 5 години НИЕ од Коалицијата Менуваме поподробно ги осознавме Вашите погледи кон целта што денес ја постигнавте, се надевавме и се молевме дека со Вас ќе престанеме да живееме од сеќавања кои кратко траат и се гасат, да она НИКОГАШ – прерасне во ЗАСЕКОГАШ. За наша огромна жалост, бевте само второпласирана во натпреварот за нашите животи. Сепак, продолживме да се радуваме дека Вашата кандидатура овој пат ќе биде победничка затоа што сите лица со попречености, со посебни потреби, изнемоштените и болните се молеа за сонце во Твоите очи, за допир од Твоите прекрасни зборови кои ќе го разбудат кај нас мигот на животот. Се молевме розите да не свенат како бледи сеќавања и ниту една солза да не испуштат повеќе, се молевме и да ги слушаме Твоите зборови исткаени од желба за нашите души обоени со тага за да самотијата не не боли повеќе. Се молевме да дојдеш во нашиот свет и надежта да ни ја претвориш во стварност, да секој момент со Тебе и после Тебе биде вечност. Да, искрено се молевме и се надевавме и дека конечно ќе престанеме да живееме од сеќавања кои кратко траат и се гасат, да она НИКОГАШ – прерасне во ЗАСЕКОГАШ. Копнеевме да Ти ги кажеме најубавите зборови што ги имаме за тебе и нема поубава надеж од онаа што никнува од тагата и нема поубави сништа од оние кои што ги раѓа болката, со една единствена цел, искрено да ти ја честитаме претседателската функција.

"Stat rosa pristina nomine, nomina nuda tenemus."

Со почит

Коалиција Менуваме

Патрушев назначен за помошник на Путин, Песков останува портпарол на Кремљ

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска ги потпиша указите за назначување на шефови на претседателската администрација, а за помошник на претседателот е назначен досегашниот секретар на Советот за безбедност Николај Патрушев.

Путин за портпарол на Кремљ повторно го назначи Дмитриј Песков, пренесуваат руските медиуми.

За помошник на претседателот на Русија беше назначен и Алексеј Дјумин, поранешен гувернер на областа Тула. /МИА

„GENERALKA WEEKEND 2024“

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај.

МенендМаунтен, заедно со главните стратешки партнери Пивара Скопје и Пакомак, четврта година по ред ја организира масовната еколошка акција GENERALKA WEEKEND.

Оваа година ќе се чисти во сите 81 општина и воНационалните паркови Шар Планина и Галичица. Повеќе од 16 000 волонтери од над 200 организации, граѓански, спортски и пензионерски здруженија и од повеќе од 300 образовни институции се очекува да излезат и да чистат на над 300 локации.

Волонтерите од Пивара Скопје во петок, на 17 мај, ќе собираат отпад на археолошкиот локалитет Кале заедно со сите партнери и волонтери од Град Скопје.

„Партнерската улога на Пивара Скопјево GENERALKA WEEKEND ја гледаме како дел од нашата долгорочна стратегија за одржлив развој, и е продолжение на активностите под платформата „Свет без отпад“ и иницијативата „Нула емисии на СО2 во атмосферата“.Нашата должност како корпоративен граѓанин е да придонесеме за одржлива средина и апелираме до сите со кои ги делиме истите вредности, да ни се придружат во создавање на одржлива иднина за сите“, изјавиСнежана Савиќ Димовска, директорка за корпоративни политики и одржливост на Пивара Скопје.

„Пакомакчетврта година по ред ја поддржува оваа акција за чистење на локации ширум Македонија.Совакви активности, симболично покажуваме дека со секој килограм селектиран и рециклиран отпад, придонесуваме за позелена планета и поздрава животна средина", речеФилип Ивановски, извршен директор на Пакомак.

За секои 10 кг собран отпад, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со Националните шуми посветуваат по 1 дрво во нивните годишни планови за пошумување. Од 2022 година поради GENERALKA WEEKEND беа засадени повеќе од 100.000 дрвја.

Како и лани, на листата официјални партнери водат Шпаркасе банка и Нула Отпад, на кои годинава им се придружуваат и Макстил, Бучим Боров Дол, ЕВН, Бимилк и Костал. Црвениот крст и оваа година ќе се грижи за безбедноста на учесниците низ државата.

Гордана Софија и ХанесЈекл од МенендМаунтен истакнуваат дека „Сите локации за чистење можете да ги најдете на www.generalka-weekend.com. Споделете ги вашите искуства со нас на https://www.facebook.com/groups/generalka.weekend и гледајте го целиот настан во живо на YouTube на https://www.youtube.com/@UrbanFM90.8 -

ДА СЕ ИЗВАЛКАМЕ И ДА ИСЧИСТИМЕ!"

притисни ентер