Аеродром воведува системска селекција на пластичен отпад директно од домаќинствата - Канал 5

Аеродром воведува системска селекција на пластичен отпад директно од домаќинствата

Општина Аеродром денеска официјално го започна проектот за системска селекција на пластичен отпад директно од домаќинствата.

Аеродром воведува системска селекција на пластичен отпад директно од домаќинствата

Општина Аеродром денеска официјално го започна проектот за системска селекција на пластичен отпад директно од домаќинствата, при што точно 50 домаќинства добија специјални канти за селекција на пластика, а во наредните фази ќе бидат опфатени вкупно 600 домаќинства. Воведувањето ваков модел на управување со пластичен отпад претставува прв чекор кон систем што постепено ќе се проширува низ целата општина.

„Ова не е кампања, туку функционален систем што им овозможува на граѓаните активно да учествуваат во заштитата на природата, почнувајќи од сопствениот дом“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.

Тој додаде дека како прва општина што воведува ваков модел, испраќаме јасна порака дека одговорното управување со отпадот е можно кога постои визија, институционална поддршка и соработка со граѓаните.

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, изјави дека Општина Аеродром ја покажува вистинската иницијатива и одговорност кон животната средина. Според него, она што е особено важно за имплементацијата на проектот „Clean AirDrom“ – Нулта цврст отпад во Општина Аеродром, е што, покрај неговото значење за заштитата на животната средина, тој претставува и пример за успешно партнерство помеѓу Делегацијата на Европската Унија, Владата преку Министерството за локална самоуправа, Швајцарската Влада и Општина Аеродром. Преку ова партнерство е обезбедено и специјално електрично товарно возило за еколошки транспорт на отпадот.

За спроведување на проектот, за поттикнување на селекцијата кај граѓаните и за предавање на селектираниот отпад на овластени компании на понатамошен соодветен третман е задолжено Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром.

Со почнувањето на овој проект Општина Аеродром директно придонесува кон намалување на мешан комунален отпад, заштита на природните ресурси и развој на свесни граѓански навики, но исто така покажува и дека нејзините еколошки политики не се само декларативни, туку практични и применливи.

Грижата за животната средина започнува од секој дом, а овој систем овозможува токму тоа – секој граѓанин да биде активен дел од промената.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Светот црта – Велес изложува“: Рекорден број на дела на Меѓународниот стрип конкурс

Велес уште еднаш докажува дека е значаен фактор  на меѓународниот  стрип. 

„Светот црта – Велес изложува“: Рекорден број на дела на Меѓународниот стрип конкурс

Најновото издание на Меѓународниот стрип салон и традиционалната Стрип колонија, организирани од Стрип центарот на Македонија (СЦМ-Велес), започнува во знак на историски успеси – голем бран на пријавени дела на меѓународниот конкурс. Притоа, велешкиот стрип Салон јасно го истакнува чистиот стрип како култура по себе, (без никакви дополнителни општествени и креативни додатоци ) впрочем и самата стрип култура во себе состои повеќе култури, социјални пораки и уметнички светови. Овие манифестации се финансирани од страна на Министерството за култура на Република Македонија, како и Општина Велес.

Традиционалниот меѓународен конкурс „Златен стрип“ привлече огромен број на уметнички трудови, соборувајќи ги сите досегашни рекорди. Како што извести Томе Трајков од организацискиот тим, наместо ланскиот рекорден број на примени стрипови од 396 автори, годинава нивните пријави се многукратно надминети,(497) со што конкурсот го достигнува својот историски врв по масовност на пријавени уметници од целиот свет.

Во пристигнатите трудови доминираат стрипови од македонски автори од разни генерации и градови, што ја потврдува домашната уметничка сила и силниот континуитет на сцената. Сепак, конкурсот има силен глобален карактер — на него масовно учествуваат автори од балканските држави, но и од далечната Азија, Полска, па сè до Нигерија, со што Велес се зацврстува како светска престолнина на деветтата уметност.

Централниот настан и свеченото отварање на Меѓународниот стрип салон, придружено со прогласувањето на најдобрите трудови, ќе се одржи на 19 август 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во просториите на Европската куќа (Europe House) во Велес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Хипокритот Филипче да не глуми како во политиката да е од вчера

 Филипче да не се однесува како народот да има колективна амнезија и да каже зошто не реагирал за водата во Гостивар кога бил министер.

ВМРО-ДПМНЕ: Хипокритот Филипче да не глуми како во политиката да е од вчера

Хипокритот Филипче да не глуми како во политиката да е од вчера и да дава лицемерни изјави и да се однесува како јавноста да страда од колективна амнезија.

Постојат документи од кога Филипче беше дел од владата на Зоран Заев и министер за здравство, документи кои укажуваат на сериозни проблеми и нерегуларности. Тие проблеми денес излегуваат на површина.

Наместо да се однесува очајнички, за да присобрери некој поен оти партијата на која е лидер му е во слободен пад, сега е должен да одговори на јавноста зошто кога бил министер молчел и не делел лелции, а сепак постоеле индиции дека водата за пиење во Гостивар не ги задоволувала законските стандарди.

Инаку не е ова одлика само на Филипче туку и на целата СДС, затоа што

проблемот продолжил и откако Филипче веќе не бил министер.

Во документте стои дека на 11.11.2020 година, микробиолошката анализа покажала зголемен број на колиформни бактерии и констатирала дека водата не треба да се користи за пиење.

15.02.2021 и 01.03.2021, повторно било констатирано дека водата не ги задоволува критериумите согласно правилниците за безбедност и квалитет на водата за пиење.

11.07.2022, водата за пиење доставена од ЈП „Комуналец“ – Гостивар, не одговарала за употреба поради зголемен број на аеробни мезофилни бактерии.

29.06.2023 повторно била констатирана неисправност поради бактериски колонии.

04.08.2023 година повторно било утврдено дека водата за пиење не одговара поради зголемен број на аеробни мезофилни бактерии.

Ама на ова, ни Филипче ни СДС, како тогашна владејачка партија не реагирале соодветно. А и сега не реагираат соодветно, туку само се обидуваат да продадат своја верзија на случајот со намера дека тоа ќе им донесе политички поени.

Одговорност од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, не бараат оти коалицијата СДС-ДУИ-Тарабари не може да се раздели, па и во опозиција делува заеднички, против народот.

Филипче да даде јасен одговор и недвосмислен на јавноста зошто молчел за време на неговиот мандат како министер за здравство.

Ова не е времето на Зоран Заев и криминалната СДС кога се игнорираа вакви случаи. Во тек е официјална постапка за утврдување на сите околности поврзани со случајот. Надлежните институции детално ја разгледуваат целокупната документација и ги проверуваат сите релевантни факти. Лицата за кои постои сомневање за најголема одговорност веќе се лишени од слобода, а истрагата продолжува, се преземаат сите неопходни активности за целосно расветлување на случајот, а јавноста ќе биде навремено информирана и добива соодветни препораки и насоки врз основа на резултатите од анализите.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Обвинителството да отвори истрага за Мицкоски и Клековски - го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар

Владата сѐ уште не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна.

СДСМ: Обвинителството да отвори истрага за Мицкоски и Клековски - го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар

Повторно ново ветување.

Повторно неисполнето.

Повторно водата не е чиста, ниту техничка.

Владата сѐ уште не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна.

Единствена „потврда“ беше изјавата на Мицкоски.

Ништо повеќе.

Денес повторно се врши хиперхлорирање.

Кога се прави хиперхлорирање - капењето не е дозволено.

Но никој не смее тоа јавно да им го каже на граѓаните, затоа што тогаш ќе се открие дека Мицкоски лажеше.

А лажењето и навредите се единствениот начин на комуникација што тој го познава.

Министерот Клековски најави дека од оваа недела водата ќе може да се пие.

Мицкоски рече дека има бактерија.

Денес официјално е потврдено: присутна е опасната бактерија Pseudomonas aeruginosa, која има сериозни последици по здравјето на човекот.

Тоа значи дека капењето не било дозволено, а граѓаните се капеа.

Ова е страшна информација што власта се обидува да ја прикрие.

За ова мораат кривично да одговараат:

• Христијан Мицкоски

• министерот Клековски

• и сите одговорни лица од институциите што молчеа додека се загрозуваше здравјето на граѓаните на Гостивар.

Ова сѐ уште трае.

Одговорноста не може и не смее да се избегне.

Го повикуваме Савевски барем еднаш да постапи согласно законот и да застане во одбрана на граѓаните. Знаеме дека е под команда на Мицкоски, но овојпат се во прашање животите на граѓаните и нивното здравје.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер