Максим Димитриевски: Оваа е резултат од теренска анкета работена за Куманово во период Јануари - Март 2026та
2Максим Димитриевски: Оваа е резултат од теренска анкета работена за Куманово во период Јануари - Март 2026та
Видео-фото: Мадона го покажа својот дом во Лондон,уметнички дела вредни милиони, кукли и необична колекција
2Видео-фото: Мадона го покажа својот дом во Лондон,уметнички дела вредни милиони, кукли и необична колекција
ЖивотАеродром во Нов Зеланд воведе правило за три минути гушкањеЗнак на аеродромот Данедин во Нов Зеланд стана вирален затоа поставува ограничување за тоа колку долго луѓето можат да се гушкаат во зоната за оставање патници.- Максимално време за гушкање 3 минути. За подолги збогувања, ве молиме користете го паркингот, стои на неодамна поставениот знак. Забраната за подолги гушкања предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, но претставник на аеродромот рече дека сето тоа било со цел добра забава. - Знакот е во согласност со нашето брендирање кое треба да биде малку необично и забавно во начинот на кој испраќаме порака, рече генералната менаџерка на аеродромот Данедин за развој на бизнисот, Меган Крафорд за веб-страницата Stuff. Во септември, аеродромските оператори го преместија местото оставање патници со возила на друга локација со цел да го подобрат протокот на сообраќај и безбедноста околу терминалот. Со промената дојдоа и новите знаци. На друг пишува: „Тешко е да се каже збогум, затоа направете го тоа брзо. 3 минути максимум“. Данедин е втор по големина град на Јужниот Остров во Нов Зеланд со околу 135.000 жители.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18Универзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00
ЗабаваИзвини Кевин, но Бразил е во срцето: Изабела Гулар во бикини во националните боиИзвини Кевин, но Бразил е во срцето. Убавата манекенка Изабела Гулар во мини-костим за капење во националните бои го освои светот.Веќе две недели светот пулсира во ритамот на најважната споредна работа на светот фудбалот, „виновник“ за тоа е 23 Светски шампионат организаран во три држави, САД, Канада и мексико. Вниманието на спортските фанови го привлекуваат и познати лица од светот на модата и забавата. Меѓу нив е и бразилската манекенка Изабел Гулар, која не пропушта можност да ја бодри репрезентацијата на својата земја дури и за време на одморот. Атрактивната убавица, која е во врска со германскиот голман Кевин Трап, објави неколку фотографии од одморот на социјалните мрежи. На нив, таа позира во впечатливо бикини во боите на Бразил, додека во рацете го држи бразилското знаме, јасно покажувајќи за кого навива во големото фудбалско натпреварување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизВидео-фото: Мадона го покажа својот дом во Лондон,уметнички дела вредни милиони, кукли и необична колекцијаМадона го покажа својот дом во Лондон, луѓето гледаат со неверување.Кралицата на попот, 67 годишната светска музичка дива Мадона ги отвори вратите на својот луксузен дом во Лондон за „Вог“ и притоа зборуваше за предмети што ја потсетуваат на семејството, пријателите и најважните моменти од нејзиниот живот, но исто така покажа и неколку необични уметнички дела кои привлекоа големо внимание. Меѓу првите работи што ги претстави беше портрет на Фрида Кало – уметница на која ѝ се восхитува уште од млади години и чија работа ја следи со години. „Кога пристигнав во Њујорк, првото нешто што го видов беше разгледница со таа слика од Фрида Кало. Значи, уште во првите 10 минути од мојот престој во Њујорк, ја видов неа. Тогаш си ветив дека еден ден ќе ја имам таа слика. По 11 години, сликата се појави на аукција и оттогаш е тука“, изјави Мадона за „Вог“. Зборувајќи за славната сликарка, таа сподели и една анегдота што отсекогаш ја фасцинирала. „Таа многу ги сакаше мајмуните и имаше неколку од нив. Тие ѝ кажуваа кога нејзиниот сопруг ѝ бил неверен. Кога тој ќе се вратеше од некоја авантура, тие го намирисуваа тоа и стануваа агресивни кон него. Така таа дознаваше“, рече Мадона низ смеа. Иако поседува работна соба исполнета со уметнички дела, таа признава дека најголемиот душевен мир за работа го наоѓа во бањата. „Успевам да завршам по нешто во бањата, бидејќи таму сите ме оставаат на раат“, рече таа. Токму во таа просторија таа ги чува некои од предметите што за неа имаат најголема емотивна вредност. Таму има бројаници и парфеми на нејзината покојна мајка, музичка кутија што ја свири песната „Ciao Bella“, како и пораки што нејзината посвоена ќерка Естер ѝ ги оставала како девојче додека учела англиски јазик. Покрај спомените што ја поврзуваат со семејството, во бањата има и колекција од уметнички скулптури во форма на пенис, подарок од младиот бразилски уметник Андерсон Астеклинс. „Сакам да имам уметнички дела и во бањата. Меѓу моите омилени се овие скулптури на пениси, односно мојата колекција на пениси, како што сакам да ги нарекувам. Имам четири. Две помали и две поголеми“, рече пејачката. Таа со посебна почит зборуваше за нивниот автор: „Уметникот се вика Андерсон Астеклинс. Тој е млад бразилски уметник кој моментално е дел од програма што ја води Трејси Емин.“ Мадона изјави дека за време на запознавањето со уметникот, особено ја погодила неговата приказна за односот со мајка му. „Ја посетив Трејси и тогаш го запознав Андерсон. Неодамна купив една од неговите слики што зборува за неговиот однос со мајка му. Го прашав: 'Дали мајка ти е горда на тебе? Дали ги има видено твоите слики? Дали ѝ ги покажуваш твоите дела?' Тој одговори: 'Не. Мислам дека тоа би можело да ја вознемири, а никогаш не сакам да ја растажам мајка ми'. Ми кажа дека секоја негова слика на некој начин ѝ е посветена нејзе. За малку ќе заплачев, толку ме трогна неговата приказна“, изјави Мадона за „Вог“ и додаде: „Се збогував со него откако поминавме некое време заедно. Тој потрча по мене носејќи кафеава хартиена кеса и рече: 'Сакам да ти подарам нешто'. Влегов во автомобилот, тргнав кон дома и ја отворив кесата. Внатре беа овие прекрасни скулптури на пениси, и затоа тие се меѓу предметите што особено ги сакам“ – а како изгледаат, погледнете во галеријата на почетокот на текстот.Тагови: Мадона Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАнгелов: Пред малку во Штип помеѓу населбите Баби и Дузла изби пожарПред малку изби тежок пожар на територијата на општина Штип помеѓу населбите Баби и Дузлак над филтер станицата, информира првиот човек на ДЗС, Стојанче Ангелов.Со оган е зафатена борова шума. ТППЕ Штип со полн капацитет дејствува врз пожарот, помош ќе пристигне и од неколку Доброволни противпожарни друштва.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook