АЕК треба да донесе одлука за најповолен понудувач на тендерот за трет мобилен оператор - Канал 5

АЕК треба да донесе одлука за најповолен понудувач на тендерот за трет мобилен оператор

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска треба да донесе одлука за избор на најповолен понудувач на тендерот за трет мобилен оператор.

АЕК треба да донесе одлука за најповолен понудувач на тендерот за трет мобилен оператор

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска треба да донесе одлука за избор на најповолен понудувач на тендерот за трет мобилен оператор откога на 24 ноември лани ги продолжи роковите од тендерската документација на барање на единствениот понудувач „Оне Македонија телекомуникации“, на унгарски „Фор-ај-џи“.

Со последната одлука на АЕК, краен рок за доделување одобрение за користење радиофреквенции е 25 февруари 2026 година.

- Се предвидува официјалниот влез да се случи на почетокот на 2026. Ова ќе ја зголеми конкуренцијата на пазарот, што беше константна забелешка во извештаите на Европската комисија за напредокот на Македонија - изјавија за МИА од АЕК минатиот месец.

Процесот за воведување трет мрежен оператор за мобилни мрежи и услуги почна минатата година откога Групацијата 4иГ, преку својата подружница „Оне Македонија телекомуникации“, на 17 декември 2024 година официјално достави писмо за намери до АЕК, каде што изрази интерес за обезбедување достапни радиофреквенции како дел од планот за влез на телекомуникацискиот пазар како нов оператор во државата. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски во изјава за медиумите тогаш оцени дека официјализирањето на интересот за влез на пазарот од Групацијата 4иГ ќе значи крај на дуополот на двата мобилни оператори во земјава и намалување на цените за мобилни услуги.

На 22 април 2025 година Агенцијата за електронски комуникации отвори јавна расправа која резултираше со Писмa за искажување на интерес од ОНЕ Македонија Телекомуникации ДООЕЛ Скопје, Битстрим Мобиле ДООЕЛ Скопје и од е& ппф Телеком Груп Б. В. , а на 19 јули 2025 година донесе Одлука за распишување на јавен тендер со јавно наддавање за доделување на одобренија за користење на радиофреквенции од радиофреквенциските опсези 700 MHz, 1800 MHz и 3.x GHz. Најнискиот почетен изос на пазарната вредност на радиофрекфенциите како еднократен надомест за одобрението А1 изнесува 4,2 милиони евра, за одобрението Б1 е 1,5 милиони евра, а за одобрението C1, 2,32 милиони евра. Рокот на важност на одобренијата за користење на радиофреквенции А1 и С1, ќе биде 12 години, односно до 2037 година, а на одобрението В1 8 години, до 2033 година, поради усогласување со претходно издадените одобренија на другите два оператори.

На македонскиот пазар моментално работат „Македонски Телеком АД Скопје“ и „А1 Македонија ДООЕЛ Скопје“, како и виртуелните оператори „Лајкамобајл ДООЕЛ Скопје“, „МТЕЛ ДООЕЛ Скопје“, „РОБИ ДООЕЛ Штип“ и „Греен Телекомуникации ДОО Прилеп.

Заклучно со третиот квартал лани, бројот на активни претплатници во мобилната телефонија изнесува 2.105.467. Резиденцијални припеид претплатници се 833.089, резиденцијалн постпеид 1.024.072, а деловни постпеид 248.306.

Според податоците на АЕК за третиот квартал лани, А1 Македонија има 47,41 процент удел во вкупниот број претплатници, Македонски Телеком 46,68 проценти, М ТЕЛ 4,55 проценти, Телекабел 1,27 проценти, а Греен мобиле 0,10 проценти. Во приходите од обезбедување на мобилни комуникациски услуги (малопродажно ниво) во третиот квартал од 2025 година Македонски Телеком има удел од 49,49 проценти, А1 Македонија 48,58 проценти, М ТЕЛ 0,93 проценти, Телекабел 0,79 проценти, а Греен мобиле 0,11 проценти. Пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2G/3G/4G) во третиот квартал имале 1.781.697 претплатници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски со порака од Брвеница: Сплотени и обединети гласајте за Стојанчо Радичевски за развој и иднина на општината

Денеска од овде од општина Брвеница, заедно со идниот градоначалник на општина Брвеница, Стојанче нашиот Цоки, испраќаме порака .

Мицкоски со порака од Брвеница: Сплотени и обединети гласајте за Стојанчо Радичевски за развој и иднина на општината

Денеска од овде од општина Брвеница, заедно со идниот градоначалник на општина Брвеница, Стојанче нашиот Цоки, испраќаме порака во која што зборуваме за единство, зборуваме за заедништво, зборуваме за обединување, нешто што е поразлично од тоа што го зборува нашиот противкандидат и луѓето коишто застанаа против кандидатот. Тие зборуваат за поделби по етничка линија, ние се обраќаме на сите граѓани овдека во општина Брвеница и зборуваме за заедништво.

Зошто? Затоа што за нив овие избори се спас на нивните политички кариери, политички кариери коишто нема да останат запаметени по ништо друго освен по криминалот и поделбите коишто ги правеа и затоа кога зборуваме за обединување и она што ние го промовираме, зборуваме и за крај на нивните политички кариери коишто останаа такви какви што се и нема да бидат запаметени ама по апсолутно ништо.

Затоа би сакал да ги повикам жителите на општина Брвеница, кога ќе излезат на следните избори да размислат добро за кого ќе гласаат бидејќи следните избори, пораката којашто ќе ја испратат не е само порака за општина Брвеница, туку е и порака за цела Македонија. Бидејќи едната опција е опцијата којашто нуди криминал и поделби, а опцијата којашто ние ја промовираме, позади којашто застанавме, позади идниот градоначалник на општина Брвеница, Стојанче Цоки, е опција на развој, опција на обединување, опција на иднина, опција на иднина, опција на 21 век.

Немојте да дозволите да ве делат затоа што после 1ви ноември ќе дојде 2ри ноември, тие ќе заминат и можеби никогаш повторно нема да се вратат, ќе уживаат во она коешто вие им го овозможувате, а вие ќе останете да живеете едни покрај други и едни до други.

Затоа да ја препознаеме заедно оваа шанса, да го заокружиме бројот 1 и на 1ви ноември да славиме заедно голема победа за Брвеница и за Македонија и да биде Стојанче Цоки идниот градоначалник на општина Брвеница.

Ви благодарам и се гледаме во победничка Брвеница на 1ви ноември со заокружен број 1, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Радичевски: Со поддршка на Владата и претседателот Мицкоски се реализираат голем број на проекти во Брвеница

Почитувани мои сограѓани, денес со мене е претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Бевме во теренска посета во неколку населени места, Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница.

Радичевски: Со поддршка на Владата и претседателот Мицкоски се реализираат голем број на проекти во Брвеница

Најнапред сакам да се заблагодарам на претседателот што ми ја дава поддршката за сите проекти коишто се во фаза на реализација, а тоа се неколку коишто ги набројавме претходните денови.

Благодарност до сите граѓани коишто ми ја доверија довербата во првиот изборен круг, очекувам поголема поддршка во вториот изборен круг, очекувам и победа да славиме сите заедно, рече Стојанчо Радичевски, кандидат за градоначалник на општина Брвеница.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Остварив средби со жителите на Радиовце, Теново, Брвеница и Седларце

Денеска остварив средби со жителите на Радиовце, Теново, Брвеница и Седларце, во Општина Брвеница.

Мицкоски: Остварив средби со жителите на Радиовце, Теново, Брвеница и Седларце

Непосредниот разговор со граѓаните е најдобриот начин да ги препознаеме нивните приоритети, да ги разбереме предизвиците со кои се соочуваат и да понудиме конкретни решенија.

Нашата обврска е да градиме доверба преку одговорна работа, исполнети ветувања и проекти што носат вистински придобивки за секое населено место. Силна општина се гради со визија, посветеност и партнерство со граѓаните, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер