АЕК објави студија за влијанието на зрачењето од телекомуникациските уреди и технологии - Канал 5

АЕК објави студија за влијанието на зрачењето од телекомуникациските уреди и технологии

Тензијата, па дури и стравот од нови технологии (како технологијата 5G) е присутна во јавноста со векови.

АЕК објави студија за влијанието на зрачењето од телекомуникациските уреди и технологии

Резултатите од тековните научни истражувања за можните здравствени ризици од изложеност на РФ ЕМП (електромагнентни полиња) покажуваат дека нема евидентни негативни здравствени ефекти доколку изложеноста остане под граничните нивоа на изложеност утврдени со сегашните меѓународни упатства, се наведува во заклучоците од научната монографија „Влијанието на зрачењата од телекомуникациските уреди и технологии врз здравјето на луѓето и околината – животната средина која нè опкружува (4Г, 5Г итн), што ја објави Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

Aвтори на монографијата се: доц. д-р Кухар Андријана и вон. проф. д-р Раковиќ Валентин од Факултет за електротехника и информациски технологии при Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, доц. д-р Гајшек Петер и д-р Валиќ Блаж од Институт за нејонизирачко зрачење (ИНЗ) Љубљана, како и м-р. Черне Томаж, Игеа, Словенија.

Тензијата, па дури и стравот од нови технологии (како технологијата 5G) е присутна во јавноста со векови. Научниците и креаторите на нови откритија и технологии, посочуваат авторите, отсекогаш се соочувале со отпор при нивното докажување и реализација. Иако речиси сите луѓе секојдневно користат мобилни телефони, постојат активистички групи и значително медиумско внимание е посветено на ризикот од РФ ЕМП. Загриженоста на јавноста за наводните штетни ефекти од новата 5G технологија се зголемува заедно со научните несогласувања.

-5G технологијата е едноставно петта генерација на технологија за мобилна телекомуникациска мрежа. 5G е само име на новата фаза во развојот на мобилната мрежа, со главни технички барања: обезбедување многу поголема брзина на комуникација, екстремно мали доцнења во комуникацијата и значително зголемена ефикасност во користењето на спектарот и другите мрежни ресурси. Северна Македонија отсекогаш имала, има и ќе има огромен потенцијал и капацитет за имплементација на проекти поврзани со ИКТ полето, секако вклучително и 5G технологијата. Почнувајќи со изградбата на првата мобилна мрежа во 90-тите години, беа реализирани бројни проекти во областа на телекомуникациите. Во тој процес, редовно се следат препораките од телекомуникациските организации и меѓународните тела за стандардизација, наведуваат авторите на монографијата.

Мрежните оператори под надзор на Агенцијата за електронски комуникации на Северна Македонија (АЕК) дополнуваат, ги развиваат и модернизираат сопствените мрежи, со цел да постигнат соодветен квалитет на услугите што ги добиваат крајните корисници.

-Резултатите од тековните научни истражувања за можните здравствени ризици од изложеност на РФ ЕМП покажуваат дека нема евидентни негативни здравствени ефекти доколку изложеноста остане под граничните нивоа на изложеност утврдени со сегашните меѓународни упатства. Темелното испитување на сите релевантни, неодамнешни податоци од експертски членови на меѓународни тела за стандардизација не донесе никакви убедливи докази за тоа дека РФ ЕМП се опасни. Официјалната гледна точка на Светската здравствена организација е дека со оглед на многу ниските нивоа на изложеност и резултатите од истражувањата собрани до денес, нема убедливи научни докази дека слабите РФ сигнали од базните станици и безжичните мрежи предизвикуваат негативни здравствени ефекти. Сепак, од страна на мнозинството релевантни организации се препорачува понатамошно истражување, особено во областа на долгорочна изложеност на РФ ЕМП и потенцијалните ризици од изложеност на повеќе извори на ЕМП, се наведува во заклучоците.

Авторите на монографијата ги посочуваат и поголемиот број предизвици кои треба да се решат или регулираат во државава во насока на поддршка на 5G имплементацијата во тест фазата, но и комерцијалната фаза која треба да следува. Се очекува операторите да инвестираат во две клучни области, односно во инфраструктурата и во иновации на услугите.

Неопходни се инвестиции во инфраструктурата, како што појаснуваат, главно за да се изгради густа оптичка мрежна инфраструктура за да се осигура поврзување на 5G базните станици, како и да се финансира нивното инсталирање. Следната генерација на 5G безжични мрежи ќе поддржува апликации кои побаруваат големи брзини. Еднo од решенијата во тој случај е да се овозможи поголема густина на базните станици со поставување на мали ќелии.

Во однос на инвестициите во иновациите на услугите се препорачува да се стимулира воведувањето

на новите 5G услуги. Ова вклучува и финансирање на пилот-проекти преку кои што ќе се демонстрираат и тестираат потенцијалните 5G карактеристики и ќе се овозможи развивање на новите услуги. Имплементацијата на 5G архитектурата главно зависи од можностите за инсталација на малите ќелии и нивно поврзување со јадрениот систем со користење на мрежна инфраструктура со голем пропусен опсег која се базира на оптичката технологија. Овој процес, стои во студијата, тековно е макотрпен поради различни компликации кои се јавуваат при пронаоѓање на локација за нова базна станица и добивање на дозвола за поставување, како и поради процедурите кои треба да се следат при инсталација на кабелската мрежна инфраструктура.

АЕК во јуни годинава ја стартуваше постапката за објава на тендер со којшто ќе додели одобренија за користење на радиофрекфенции за петтатата мобилна генерација 5Г.

Во Националната стратегија за широкопојасен пристап до интернет е предвидено до крајот на 2023 година, најмалку еден поголем град треба да биде покриен со 5G сигнал, а до крајот на 2025 година автопатите и магистралните патишта/главнитe коридори на основната и сеопфатна патна мрежа во државата утврдени од Агенцијата да бидат покриени со непрекинат 5G сигнал. Со стратегијата е предвидено и до крајот на 2027 година, пак, сите градови во државата треба да бидат покриени со непрекинат 5G сигнал, а до крајот на 2029 година, секој да има можност за пристап до интернет преку 5G со минимална брзина на пристап до интернет од најмалку 100 Mbps.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еден од најдобрите голмани на светот ја заврши кариерата

Мануел Нојер, легендарниот голман на Баерн и германската репрезентација, потврди дека ќе ја заврши својата играчка кариера на крајот од сезоната. 

Еден од најдобрите голмани на светот ја заврши кариерата

Нојер, кој ќе наполни 41 година во март, објави дека ќе се пензионира откако ќе му истече договорот во јуни следната година.

Тој се справуваше со повреди во последните месеци, а се очекува да се врати на теренот во декември, иако не е сигурно дали повторно ќе ја преземе позицијата прв голман. Јонас Урбиг веќе се појавува како негов наследник, а самиот Нојер потврди дека желбата за транзиција во тимот влијаела на неговата одлука.

Нојер за иднината на клубот и наследникот

Светскиот шампион од 2014 година и двократниот освојувач на Лигата на шампионите (2013, 2020) ја објави својата одлука оваа недела за време на состанокот со членовите на еден навивачки клуб.

„Почнувам од фактот дека по ова лето повеќе нема да играм. Сега се обидувам да уживам во времето што ми преостанува. Исто така, размислувам за благосостојбата на клубот, за градење темели за иднината заедно со Јонас, така што Баерн ќе има врвен голман барем во следните десет години. Јонас е на одличен пат. Тој обезбедува врвни игри за нашиот тим, што ме прави многу среќен. Секојдневно доаѓаме на тренинзи со задоволство и секогаш се обидуваме дополнително да се мотивираме“, рече Нојер.

Сè освои во Баерн

Нојер ја започна својата професионална кариера во Шалке, во чија фудбалска школа порасна, а пристигна во Баерн во летото 2011 година. Во Минхен, тој стана еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот и освои голем број титули во германскиот шампионат и два трофеи во Лигата на шампионите. Со Баерн, тој ја освои тројната круна во 2013 и 2020 година, односно првенството, националниот куп и Лигата на шампионите.

Со германската репрезентација, тој го освои Светското првенство во 2014 година во Бразил, каде што беше прогласен за најдобар голман на турнирот. За Германија одигра 124 натпревари, а се збогува со националниот фудбал по Европското првенство во 2024 година. Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (IFFHS) го прогласи за најдобар голман во светот пет пати, додека во 2014 година заврши трет во гласањето за „Златната топка“, зад Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

За време на својата кариера, Нојер ја редефинираше улогата на голманот во модерниот фудбал. Покрај исклучителните рефлекси и способноста да брани удари, тој стана познат по тоа што одеше далеку надвор од шеснаесетникот, играше со нозе и учествуваше во конструкцијата на нападот. Неговиот стил на игра стана пример за цела генерација голмани, а многумина го сметаат за еден од највлијателните играчи на таа позиција во историјата на фудбалот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бентли тврди дека со неговите светла може да читате книга од километар оддалеченост (ФОТО)

Bentley откри нови детали за својот претстоен модел Torcal, а овој пат фокусот е на технологијата на осветлување. 

Бентли тврди дека со неговите светла може да читате книга од километар оддалеченост (ФОТО)

Британскиот производител разви предна маска со 76 рачно склопени елементи кои личат на исечени кристали, со повеќе од 260.000 микроскопски дупки и 202 LED диоди.

Уште поинтересни се новите фарови, за кои Бентли тврди дека се доволно моќни за читање книга од растојание до еден километар.

Секој фар има четири модули

Bentley разви сосема нов систем на фарови за Torcalo. Секој се состои од четири модули, меѓу кои се два микро LED проектори, од кои секој има 16.000 пиксели. Заедно со нив, постојат и конвенционални модули за кратки и долги светла.

Градежниот проектор ја распрснува светлината под агол од 40 степени, подобрувајќи ја видливоста при вртење. Долниот има светлосен зрак кој е двојно потесен, што овозможува попрецизно насочување на светлината.

Системот автоматски ја прилагодува распределбата на светлината според условите на возење со цел да му обезбеди на возачот најдобра можна видливост, а во исто време да спречи заслепување на другите учесници во сообраќајот.

Повеќе од 260.000 отвори на предната маска

Дизајнерите пронајдоа инспирација за изгледот на предната маска во моделот Continental T на Bentley. Наместо класична решетка, Torcal има тродимензионална структура составена од 76 елементи со различни големини кои изгледаат како сечени дијаманти.

Секој елемент е составен рачно и е заштитен од надворешни влијанија со транспарентен капак направен од истите материјали што се користат за фаровите.

Особено интересна е металната рамка на маската, во која се направени повеќе од 260.000 микроскопски дупки со ласер. 202 LED диоди се скриени под површината. Кога осветлувањето е исклучено, рамката изгледа како обична метална површина, додека ноќе, светлината поминува низ ситни отвори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германска „Луфтханза“ укинува уште 1.000 работни места- планираните отпуштања сега достигнаа 5.000 луѓе

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ планира да скрати уште 1.000 работни места во Франкфурт и Минхен, покрај 4.000-те што ги објави групацијата „Луфтханза“ во септември 2025 година.

Германска „Луфтханза“ укинува уште 1.000 работни места- планираните отпуштања сега достигнаа 5.000 луѓе

Портпарол на компанијата потврди за германскиот портал за авијација Airliners.de на 24 ноември дека намалувањата ќе вклучуваат дополнителни нивоа на персонал, кои ќе ги покриваат административните и оперативните задачи.

Менаџментот на „Луфтханза“ ги информираше вработените за новите мерки во интерен меморандум на 19 ноември, наведувајќи дека компанијата повеќе не е конкурентна во голем број деловни сегменти.

„Луфтханза“ забележа прилагодена оперативна загуба од 180 милиони евра во првите девет месеци од 2026 година.

Покрај намалувањата на персоналот, компанијата планира да го намали капацитетот на кратките и средните рути, а некои од нејзините авиони од семејството „Ербас А320“ треба да бидат заменети со помали авиони „Ербас А220“.

На 29 септември 2025 година, групацијата „Луфтханза“ презентираше план за елиминирање на околу 4.000, главно административни, работни места до 2030 година, со поголема употреба на дигитализација, автоматизација и вештачка интелигенција. На крајот од истата година, групацијата имаше околу 67.100 вработени во Германија, што е за еден процент повеќе од претходната година.

Компанијата сè уште не објави рок за дополнителните 1.000 намалувања на работни места, ниту како ќе се спроведе намалувањето на бројот на вработени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер