Адвокатот на Додик: Потврдена првостепената пресуда против претседателот на Република Српска - Канал 5

Адвокатот на Додик: Потврдена првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

Горан Бубиќ, адвокат на претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик, изјави дека Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина (БиХ) ја потврдил првостепената пресуда против претседателот на РС.

Адвокатот на Додик: Потврдена првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

Бубиќ за новинската агенција Срна изјави дека Судот на БиХ го информирал по телефон дека жалбите и на одбраната и на Обвинителството на БиХ се одбиени и оти првостепената пресуда е потврдена во целост.

Со првостепената пресуда, Додик беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење на претседателската функција, поради неспроведување на одлуките на високиот претставник.

Додик беше прогласен за виновен за преземање дејствија од 1 до 9 јули 2023 година во Бањалука, свесно и со знаење дека високиот претставник Кристијан Шмит донел одлука со која се спречува стапувањето во сила на Законот за непримена на одлуките на Уставниот суд на БиХ од 1 јули истата година, како и одлуката со која се спречува стапувањето во сила на Законот за измени и дополнувања на Законот за објавување на закони и други прописи на РС, со цел продолжување на законодавната постапка, без примена и неспроведување на одлуките на високиот претставник.

Првостепената пресуда против Додик беше изречена на 26 февруари оваа година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН

Македонската делегација на чело со премиерот Христијан Мицкоски беше дел од отворањето на Генералното собрание на Обединетите нации.

Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН

„Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на Обединетите нации.

Настан кој ги обединува претставниците на државите од целиот свет и претставува важна платформа за разговори за глобалните предизвици, мирот, безбедноста и иднината на меѓународната соработка.

Со гордост ја претставуваме Македонија на местото каде што се носат важни одлуки за светот и каде што се градат партнерства засновани на почит, дијалог и заеднички интереси.“- објави Мицкоски на Фејсбук.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Нема извинување, има биографија, броила од 13,2 милиони и човек од доверба на Лазаревиќ

Божиновска бара извинување за 24 часа. СДСМ да ги повлече „лагите“. Фактите не се лаги. Тие се регистар.

СДСМ: Нема извинување, има биографија, броила од 13,2 милиони и човек од доверба на Лазаревиќ

Од 2011 до 2014 била извршен директор на Руднап Група за Централна и Источна Европа. Одговорна за активности во Северна Македонија, Србија, Бугарија и регионот.

Од 23 март 2012 до 11 март 2014 - управител на Руднап Бугарија ЕООД. Во 2012 таа фирма направила промет од над 130 милиони бугарски лева.

Името ѝ стои и во документацијата на загребската фирма на Руднап, промена регистрирана на 6 декември 2013, идентификувана со бугарски пасош.

Не била само вработена. Била запишана управител на компанија на Лазаревиќ во Бугарија и во списите во Хрватска.

Пред тоа, 2006–2011, работела во ЕЗПАДА, меѓународна трговија со струја. ЕЗПАДА се вкрстувала со мрежата на Руднап на Војин Лазаревиќ. Во 2011 нејзиното име влегува во собраниска расправа за увоз на струја.

РСЕ ги пренесува стенограмите: блискост на тогашните Руднап и ЕЗПАДА со тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Истиот човек. Истата гранка. Тогаш имаше шеф. Денеска е министерка.

На 11 август 2026 ЕВН склучува околу 13,2 милиони евра со METER&CONTROL од Србија за броила.

СДСМ ја врзува фирмата со групацијата на Лазаревиќ.

Граѓанинот ќе ги плати на сметка. Таа вели нема врска со постапката. Врската е целата кариера.

Мостот меѓу Лазаревиќ и Мицкоски е Душан Адамовиќ. Човек со криминално минато. Навивач од хулиганските кругови околу Вучиќ. Висок кадар на СНС. Бизнис-партнер на арамијата. Почесен конзул на Македонија во Србија - човек што нашата земја ја нарекува окупирана српска територија, окупирана од Македонци.

Тој е врската. Преку него оди увозот на струја. Преку него се врзуваат Лазаревиќ, Мицкоски и министерството.

Божиновска е ставена да го води ресорот енергетика како човек од доверба на Лазаревиќ.

Затоа има ново министерство. Затоа има увоз. Затоа има броила. Затоа има барање за извинување наместо хартија.

Божиновска не е само човек од доверба. Дваесет години е во бизнис-релација со Војин Лазаревиќ - од ЕЗПАДА, преку Руднап во Софија, Загреб и Скопје, до министерското столче и договорот за броила. Иста гранка. Исти луѓе. Иста каса.

Адамовиќ го држи мостот. Мицкоски ја држи власта. Народот ја плаќа сметката.

Наместо извинување, го молиме Обвинителството, ако може да реагира без повик од Мицкоски.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Општина Центар прва во државата обучува кадар во градинките за рана детска интервенција

Локалната самоуправа, со вложување во вакви проекти, континуирано ја зајакнува социјалната заштита и обезбедува поквалитетен живот за децата и семејствата.

Герасимовски: Општина Центар прва во државата обучува кадар во градинките за рана детска интервенција

Општина Центар, во соработка со Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Македонија, е првата општина во државата која на организиран начин спроведува обуки на воспитно-згрижувачкиот кадар и стручните служби во детските градинки за рана детска интервенција.

„Има голема заинтересираност за оваа обука, која ја спроведуваат стручни лица во нашите градинки. Крајна цел е вработените да создаваат поттикнувачка средина за децата, да знаат како да ги препознаат потешкотиите во нивниот развој и навремено да ги информираат родителите, за да се даде соодветна помош на оние на кои им е потребна", рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Преку проектот на СОРИД, наменет за деца до шестгодишна возраст, се нуди поддршка за рана интервенција, како и поддршка на семејствата. За сите родители кои сакаат да се вклучат се прави индивидуална проценка на детето и потребите на семејството, по што се изготвува Индивидуален семеен план за поддршка (ИСПП), со континуирана поддршка од стручно лице.

За информации и совети функционира и платформата www.ranaintervencija.mk, поддржана од Општина Центар.

Локалната самоуправа, со вложување во вакви проекти, континуирано ја зајакнува социјалната заштита и обезбедува поквалитетен живот за децата и семејствата.

Одделение за односи со јавност

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер