Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
2Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
ЖивотАдвокатката бара „таткото од пеколот“ Јозеф Фрицл од затвор да биде префрлен во дом Австрискиот радиодифузер ОРФ јави дека новиот психијатриски извештај за Фрицл, кој боледува од деменција, вели дека тој повеќе не претставува опасност за јавноста. Тоа значи дека сега судот може да одлучи дали тој ќе биде префрлен во редовен затвор.Австрискиот монструм - „таткото од пеколот“, Јозеф Фрицл, кој ја држел својата ќерка 24 години затворена во подрумот каде ја силувал и со неа станал татко на седум деца, може да биде преместен од затворот со максимална безбедност, јавуваат австриските медиуми. „Јутарњи лист“ пренесува дека Фрицл, кој сега има 88 години, во 2009 година е осуден на доживотен затвор по откривањето на случајот кој го шокираше светот. Австрискиот радиодифузер ОРФ јави дека новиот психијатриски извештај за Фрицл, кој боледува од деменција, вели дека тој повеќе не претставува опасност за јавноста. Тоа значи дека сега судот може да одлучи дали тој ќе биде префрлен во редовен затвор. Фрицл моментално се наоѓа во високобезбедна институција за ментално пореметени престапници во затворот Штајн, во градот Кремс. Во Австрија, доживотните осуденици можат да поднесат барање за условно ослободување по отслужување на 15 години од казната. Според тој закон, Фрицл годинава има право да поднесе такво барање. Правните експерти велат дека барањето е можно да биде одобрено. Тоа значи дека Фрицл, кој во меѓувреме го смени името, би можел да биде преместен во дом за стари лица, пишува Би-Би-Си. Минатата година, регионалниот суд пресуди дека Фрицл повеќе не е опасен и може да биде префрлен во стандарден затвор, но Вишиот регионален суд во Виена подоцна ја блокираше таа одлука. Да потсетиме, случајот Фрицл беше откриен во градот Амштетен во 2008 година и е опишан како еден од најстрашните во австриската криминална историја. Фрицл беше осуден за убиство на едно од неговите деца и за занемарување, силување, инцест и затворање на неговата ќерка. На крајот на процесот, неговата ќерка и децата добија нови идентитети.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАнима Мунди: Сакаме во Еу, а толерираме суровост кон животните- во ЕУ за ова се оди во затвор!Замислете го човекот кој во преплашено живо суштество, врзано и изложено на страдање, страв и болка, не гледа апсолутно никаков проблем! Коза на покривот на возило, додека тоа се движи, принудена да се бори за рамнотежа и да се обидува да се исправи. Ова е одвратна суровост без оправдување, крајно непочитување на животот и целосно отсуство на совест, емпатија и одговорност! Со што сме опкружени кога некој може толку бесчувствително да постапува со живо суштество? И ако ваквото однесување помине без последици, каква порака испраќаме? Еве го возилото. Јавно ја објавуваме регистрацијата благодарение на хуман и одговорен човек кој го забележал и снимил ова постапување. И не, ова не смее да заврши со згрозување на јавноста и уште еден случај што ќе биде заборавен. Сакаме во Европската Унија? Тогаш европските стандарди за заштита на животните мора да важат и кај нас не само на хартија! За вакво постапување мора да има сериозна правна одговорност, вклучително и затворска казна доколку се утврдат законските услови. Министре за внатрешни работи, Панче Тошковски, директоре на АХВ, Јовица Андовски - бараме итно постапување, целосно утврдување на одговорноста и примена на најстрогите санкции предвидени со закон! БАРАМЕ МВР И АХВ ВЕДНАШ ДА ПОСТАПАТ! Бараме козата веднаш да биде одземена и спасена, да ѝ се обезбедат ветеринарен преглед и сигурно згрижување, а против одговорното лице да се поведе соодветна постапка. Ова е и директна опасност за безбедноста во сообраќајот. Не е загрозено само животното, туку и сите учесници во сообраќајот. Бараме итно дејствување, спас за козата и вистинска казна за сторителот. Институциите се на потег!, соопштуваат од Анима Мунди. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПоради барања за паузи, закажаните опозициските прашања во Собрание за првпат не се одржаа Кавги, дофрлања, навреди, аплаузи и бројни процедурални забелешки – хаотична седница во Собранието откако спикерот Гаши констатираше дека опозициските пратенички прашања нема да се одржат. Неговата одлука следи по двете побарани едночасовни паузи, со што според него било потрошено предвиденото време за поставување на прашања. Повикувајќи се на деловникот, Гаши рече дека времето почнало да тече откако е усвоен дневниот ред, а според опозициските партии тој со свое толкување ја саботирал седницата. За да се смират тензиите Гаши свика вонредна координација. Ова е прв случај да не се одржат опозициските прашања откако се воведени со новиот Деловник на Собранието. На почеток првата пауза ја побараа од ДУИ бидејќи министрите за кои имале прашања не биле присутни во салата, а втората пауза ја побараа од ЗНАМ со образложение дека, со барањата за паузи опозицијата досега не покажала интерес за прашања до премиерот и министрите. Според претседателот на Собранието, денеска сите министри се одзвале на поканата, освен тие кои се на службени патувања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтојаноски: СДСМ одбива да свика продолжение на надзорната расправа за Алта банка.Денеска сакам да ве известам за две работи.Прво, СДСМ одбива да свика продолжение на надзорната расправа за Алта банка. По вчерашното фијаско кое самите си го приредија, денеска нè известија дека немаат намера да свикаат продолжение. Ние, како пратеничка група од мнозинството, бараме итно и неодложно, утре да биде свикано продолжението на надзорната расправа, со цел да продолжи испрашувањето на сведоците, за да можеме конечно вистината да ја расветлиме. Тоа што тие го правеа изминативе денови, со фабрикувани лаги во јавноста, кои вчера им се распрскаа, повторно укажуваме дека сакаме да се свика и да се продолжи надзорната расправа, за да продолжиме дополнително со разјаснувањето на фактите кои исклучително ја прикажуваат вистината. Во текот на денот, една третина од членовите на Комисијата за финансирање и буџет, писмено ќе се обратиме до претседателката Сања Лукаревска, со цел, повторно ќе кажам, итно и неодложно, утре да ја продолжи надзорната расправа, со цел усвојување на заклучоци. Сè друго е бегање од вистината, бидејќи, како што кажав претходно, беа вчера соочени со истата и сите можевте да видите како заврши. Втората работа е дека опозицијата, особено СДСМ, прави сè што може за да го спречи поставувањето на опозициските пратенички прашања. Самите си бараат пауза, заради тоа што не сакаат да прашуваат, бидејќи не е во нивен интерес да се знае вистината. Видовме дека има неколку пратеници пријавени. Сите оние за кои тие сметале дека треба да дојдат и да одговорат на нивните прашања, беа во Собранието. Но, по сè изгледа, по тоа што се случи вчера, не сакаат јавноста да ги знае одговорите за Алта банка, но и за сите други случувања. Овие два преседани сметам дека се невидени. Ако нешто започнеме, треба да го завршиме и ние ќе направиме сè како мнозинство. Прво, надзорната расправа да заврши и да се усвојат заклучоци, бидејќи тоа им го должиме на граѓаните. А второ, кога ќе се свика седница за опозициски прашања, тие кои бараат да дојдат оние функционери на кои сметаат дека треба да им ги постават прашањата, треба да дозволат одржување на таква седница, рече Бојан Стојаноски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter