3Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркач
1Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
3Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
ФормулаАдријан Њуи се приклучи на Астон Мартин Легендарниот дизајнер Адријан Њуи се приклучи на Астон Мартин, потврди британскиот тим, а тој ќе ја преземе улогата на извршен технички партнер. 65-годишниот дизајнерски гуру пред неколку месеци најави заминување од Ред Бул, по 19 години минати во тимот од Милтон Кејнс. За Њуи беа заинтересирани и Ферари, Мекларен и Мерцедес, но на крајот тој потпиша договор со Астон Мартин според кој ќе заработува 20 милиони фунти годишно. Новото работно место ќе започне на 1 март следната година. -Среќен сум што му се приклучувам на Астон Мартин. Многу сум инспириран и импресиониран од страста и посветеноста што Лоренс Строл ги вложува во сè што прави. Тој е решен да го создаде најдобриот тим во светот, тој е единствениот мнозински сопственик активно вклучен во спортот, а неговата посветеност може да се види во развојот на технолошкиот центар и тунелот за ветер во Силверстоун, кои не се само дело на уметност, но и создаде неверојатна средина за работа. Заедно со Хонда и Арамко, тие го имаат она што е потребно за да го направат Астон Мартин шампионски тим и со нетрпение очекувам да помогнам да се постигне таа цел, рече Њуи. Формула 1 легендата работеше за Вилијамс и Мекларен пред Ред Бул. За време на неговата богата кариера, во болидите кои тој ги дизајнираше беа освоени вкупно 12 титули во конкуренција на возачи и 13 кај конструкторите. Иако се чинеше дека Ферари ќе успее да го привлече Њуи, особено поради фактот што следната година во тимот ќе го имаат Луис Хамилтон, тој сепак одлучи да остане во Велика Британија. Се очекува многу брзо да почнат да работат на болидот на Астон Мартин, не за следната сезона, туку во 2026 година кога ќе стапат на сила новите прописи. Иако на почетокот се чинеше дека заминувањето на Њуи нема големо влијание врз Ред Бул, сепак австрискиот тим предводен од Макс Верстапен претрпе порази не само од актуелниот главен ривал Мекларен, туку и од Ферари. Холанѓанецот, кој брка четврта титула по ред, има 62 поени предност пред Ландо Норис од Мекларен. Следната Формула 1 трка ќе се одржи претстојниот викенд за Големата награда на Азербејџан. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
БалканУапсен е осомничениот за напад врз мајката на Александар Вучиќ Со наредба на Првото основно јавно обвинителство во Белград, на М.Н. (28) му е одреден притвор до 48 часа поради наводен напад врз мајката на Александар Вучиќ утрово.Уапсеното лице е осомничено за сторено кривично дело разбојништво, изјавија за Танјуг од Првото основно јавно обвинителство во Белград, објави Телеграф. Осомничениот ќе биде приведен во обвинителството на сослушување во наведениот рок. Српската напредна партија претходно денес објави дека мајката на Александар Вучиќ била вербално и физички нападната, во непосредна близина на пазарот Калениќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканДемонстранти среде говор го исвиркаа словенскиот премиер Јанша, интервенираше полицијата (ВИДЕО) Словенскиот премиер Јанез Јанша денеска одржа говор на државната прослава на Денот на суверенитетот во Копер, но за време на неговото обраќање постојано беше прекинуван од свирежи и извици на демонстрантите. Поради напнатата атмосфера, полицијата исто така мораше да интервенира, пишува N1 Словенија. Демонстрантите се собраа на плоштадот Укмарје, каде што се одржа централната државна прослава. Полицијата ги предупреди да не го прекинуваат настанот, а на снимката се гледаат неколку вербални конфликти меѓу демонстрантите и граѓаните кои дојдоа да ја поддржат прославата. Јанша зборуваше за „изгубените можности“ Јанша во својот говор рече дека словенечката независност е резултат на долгогодишна борба за јазикот, идентитетот и опстанокот на народот. Тој рече дека по независноста, Словенија е на добар пат да стане „уште една Швајцарија“, но дека следеле години пропуштени можности. „Словенија денес е безбедна, а безбедноста е главен услов за стабилност и економски развој“, рече Јанша. Тој како клучни причини за победата во војната за Словенија ги наведе јасната политичка цел, единството на граѓаните, навремените подготовки за одбрана, доброто разузнавање и мотивацијата на словенечките сили. Претседателот и опозицијата не дојдоа Прославата се одржа по повод 35-годишнината од заминувањето на последните војници на ЈНА од Словенија. Ноќта помеѓу 25 и 26 октомври 1991 година, последната воена единица на Југословенската народна армија го напушти пристаништето Копер. Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар не дојде на прославата, а отсуствуваа и претставници на опозициските партии. Пирц Мусар претходно ја откажа својата посета поради несогласување со потезите на владата, вклучително и преименувањето на празникот, на што се спротивставуваат и опозициските партии Свобода, Левица и СД.Тагови: Јанез Јанша Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваАна Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија во Малта, победи ЕрменијаМакедонската претставничка ана Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија, која се одржа синоќа во Малта. Со песната „Идната јас“, младата пејачка од Струга освои вкупно 57 поени, од кои 51 од публиката, но доби само шест од стручното жири. Победник на 24. издание на детската Евровизија е 13-годишната Наре од Ерменија, која со песната „Бу!“ освои 202 поени. Второто место го освои Шпанија, а трета беше Франција. За победникот одлучуваа гласовите на националните жирија и публиката, со еднаков удел од по 50 проценти во конечниот резултат. Музиката за „Идната јас“ ја напиша Никола Мицевски, а текстот е на Илчо Нечовски од групата „Дупер“. Песната зборува за соништата, растењето и откривањето на сопствениот идентитет. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38