3Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
ЖивотАдолесцентите стануваат сѐ поагресивниОд мало и мирно детенце, одеднаш родителите гледаат пред себе млад бунтовен човек со кога тешко можат да се справат. Бунтовноста во пубертетот се смета како нормална појава. Но, според експертите, она што загрижува е тоа што насилноста на адолесцентите во последниве години е сѐ поизразена и се повеќе ги загрижува оние кои живеат со тинејџери. Пубертетот е период кога детето физички и психички се менува и прераснува во возрасна личност. Овој процес најчесто се одвива од 12 до 18 години. Она што најмногу ги загрижува родителите е психолошката трансформација на нивното дете. – Загрижувачки е што младите стануваат сѐ понасилни и побрутални и што агресивноста најчесто се манифестира во групата на врсници, по училишта, кафулињата, на улици и натпревари. Внатре, во самата категорија на агресивност можно е да се разликуваат различни видови агресивно однесување. Директната агресија се покажува кон личност која го предизвикала агресивното однесување, а манифестната агресија се насочува кон т.н. заменски цели. Позната е и поделбата на агресијата на емотивна (импулсивна, експресивна, хостилна), која е мотивирана од силни емотивни возбудувања, а е насочена на нанесување на штета и повреда на друга личност. Со овој вид на агресија треба да се оствари некоја посакувана цел, на пример, поседување на некаков предмет. Во овој случај агресивното однесување е само инструмент (средство) за постигнување на таа цел, објаснува психологот Милка Ололоска. Најважна е ситуацијата во семејството Според начинот на изразување, агресијата може да биде вербална и физичка. Самата адолесценција е период во кој се јавува непријателско однесување, отворена агресија кон родителите и авторитетите. – Сето ова е во насока, адолесцентот да се ослободи од различните видови на фантазија во односот кон нив. Адолесценцијата е период на криза и бунтовништво, период на проценка на носење одлуки и преземање одговорност во процесот на созревањето, вели таа. Според неа, причините за настанување на агресивноста се многубројни и тешко е точно да се одреди етиопатогенезата (причините) за настанување на агресивното однесување кај адолесцентите. – Најважна е ситуацијата во семејството, односно каков е воспитниот стил на родителите. Ако тој е казнувачки, полн со забрани и критики, ако родителите агресивно се однесуваат или ги злоставуваат, децата ќе го усвојат нивниот модел на однесување и ќе го потиснат чувството на страв, болка и понижување, па така, и тие самите ќе развијат агресивно однесување. Учењето на агресивното однесување, опасностите и секојдневната фрустрација ја зголемува можноста за агресивно реагирање на младите, вели Ололоска. За насилното однесување на адолесцентите виновни и медиумите За насилното однесување на адолесцентите своја улога имаат и медиумите. Психологот Ололовска вели дека, неконтролираното влијание на медиумите предизвикуваат кај насилните млади да се намали чувството на емпатија, односно сочувство со оние млади кои се нашле во улога на жртви. – Современиот стил на живеење, неквалитетното и кратко време минато со родителите, па дури и неквалитетната исхрана со која доаѓа до растење на адреналинот, сѐ заедно, влијае врз развојот на агресивноста. Во адолесценцијата, нестабилните адолесценти, дестабилизирани од адолесцентните случувања во нив самите или дестабилизирани заради конфликтите со околината и другите, по правило чувствуваат недостаток на сигурност, самодоверба, самопочитување и инфериорност. Незадоволни се, често напнати, пречувствителни и многу ранливи. Неподнесувањето на тие состојби и доживувања предизвикува импулсивно рагирање и однесување, бунтовност, насилство и агресивност. Некои адолесценти од чувството на депресивност, безпомошност која им е неподнослива се бранат со разни форми на проблематично однесување. Што се однесува до групата на врсници, индивидуалното чувство на немоќ се заменува со чувство на сила и моќ на групата, особено ако групата е многу насилна. Младите се ретко индивидуално насилни. Агресивноста на јавно место е во група на врсници, потенцира нашата соговорничка. Негативните изјави да се заменат со позитивни Ололоска потенцира дека адолесцентната агресивност мора да ја разбереме на комплексен начин. – Родителите треба да научат да ги заменуваат негативните изјави како наредби и закани насочени кон децата со позитивни изјави. Во примената на казните заради одржување на дисциплината, а не заради казни, родителите мора да бидат доследни. Со адолесцентите треба да се разговара и кога со нив разговарате треба да ги третирате како рамни на себе. Со јакнење на емпатијата (сочувствување) подучување и почитување во емотивните реакции и со други психолошки техники може да се делува врз одржување на контролата на агресивното однесување. Постапувањето со агресивната личност бара трпеливост и истрајност. Улогата на родителите е и во раното детектирање на потенцијалните форми на агресивно однесување и кон нив правилно и сензибилно однесување. Родителите, стручните лица, наставниците, заедно можат да придонесат во откривањето на причините за агресивно однесување и во нивно санирање, вели Ололоска. Таа објаснува дека пристапот кон овој проблем бара мултидисциплинарност. Според неа, младите низ постојана едукација, низ едукативни работилници треба да се едуцираат како да се стекнат со нови вештини, како што е на пример агресивното однесување сосема спротивно на агресивното. – Потребно е да се стимулираат кон спортски активности, креативни изразувања. Проблемот така генерално можеби нема да се реши, но барем ќе се намали, заклучува Ололоска. Минатата година регистриран рекорден број на инциденти сторени од омраза Хелсиншкиот комитет во текот на 2018 година регистрирал рекорден број на инциденти сторени од омраза, а ваквиот тренд продолжува и во 2019 година, каде што заклучно со јуни, евидентирани се вкупно 109 случаи. – Бројот на инциденти извршени по основ на етничка припадност е алармантен и достигнува 64 процентиод сите регистрирани инциденти, а најзагрижувачки е податокот дека огромно мнозинство на жртви и сторители се млади лица, велат од Хелсиншкиот комитет. Оттаму потенцираат дека делата од омраза не се случуваат во вакуум, тие се насилна манифестација на предрасуди која понатаму продира во пошироката заедница. Поради тоа, неопходно е да се зајакнат превентивните мерки, меѓу другото, со преземање чекори за едукација на јавноста за вредностите на културната разновидност и инклузија, со посебен фокус на децата и младите луѓе./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНова драма во Краков: Маж пукал во полицијата, користел посебен пиштолДенеска кратко по 13 часот, во близина на улицата Бежановска во Краков, маж пукал во полицајци, кои одговориле со предупредувачки истрели и го совладале напаѓачот. Во инцидентот нема повредени, јавува Радио Краков. Како што објави полицијата во Краков, полицајците добиле пријава за маж кој се движел низ улицата Бежановска носејќи предмет што личел на огнено оружје. За време на полициската интервенција, мажот почнал да пука кон полицајците. Тие одговориле со предупредувачки истрели, по што напаѓачот го фрлил предметот од кој пукал. Потоа полицајците го совладале и го уапсиле. Осомничен е дека користел пиштол за стартување Според првичните информации, уапсениот најверојатно користел пиштол за стартување, односно оружје што произведува звучен ефект на истрел. Сепак, полицијата нагласува дека точниот вид оружје ќе се утврди по детален преглед. Во инцидентот нема повредени. Полициските екипи се уште се на местото на настанот и ги утврдуваат сите околности на пукањето. Инцидентот се случил пет дена по терористичкиот напад Инцидентот се случил само пет дена по терористичкиот напад во Краков, што дополнително ги зголеми загриженостите за безбедносната состојба во градот. Сепак, во моментов нема информации што укажуваат на поврзаност помеѓу двата настани. Во терористичкиот напад што се случи на 7 ноември на Главниот плоштад во Краков, 24-годишен маж со автомобил влетал на плоштадот, а потоа почнал да пука кон минувачите. Во нападот загинале шест лица, а 15 биле повредени. Напаѓачот потоа се обидел да избега, но бил ранет и уапсен по размена на оган со полицијата. Тагови: краков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМлада ѕвезда ја одби понудата на Реал за продолжување на договорот- од ПСЖ му нудат тројно повеќеТурскиот репрезентативец Арда Ѓулер (21) наводно ја одбил понудата на Реал Мадрид за продолжување на договорот, објавува турскиот Ајансспор, кој се повикува на ESPN. Според тие информации, шпанскиот клуб му понудил годишна плата од осум милиони евра, но младиот играч од средниот ред не ги прифатил понудените услови. Пари Сен Жермен е исто така заинтересиран за Ѓулер, кој наводно е подготвен да плати дури 200 милиони евра отштета за играч кој, според Transfermarkt, вреди 100 милиони евра. Францускиот шампион е исто така подготвен да му понуди на турскиот фудбалер годишна плата од приближно 22 милиони евра, што е речиси три пати повеќе од сумата што наводно му ја нуди Реал. Шпанскиот „Ел Гол Диџитал“ исто така пишуваше за евентуалното заминување на Ѓулер, во кој се наведува дека ПСЖ го следи развојот на ситуацијата околу неговиот договор. Сепак, засега нема потврда дека парискиот клуб му испратил официјална понуда на Реал или дека се започнати преговори за трансфер. Шпанците претходно напишаа дека Гулер веќе се преговарал за нов договор Информациите за одбивањето на понудата од страна на Гулер се разликуваат од она што го објавија шпанските медиуми на почетокот на октомври. Во тоа време, угледниот „АС“ објави дека Реал Мадрид и турскиот репрезентативец постигнале договор за продолжување на соработката до летото 2031 година. Според тој весник, новиот договор требало да вклучува зголемување на платата и продолжување на соработката за две сезони во споредба со постојниот договор кој важи до 2029 година. „Мундо Депортиво“ исто така напиша на почетокот на октомври, повикувајќи се на Фабрицио Романо, дека е постигнат договор за продолжување на договорот, но ја наведе 2032 година како година на истекување. Во меѓувреме, Реал Мадрид официјално не го потврди новото времетраење на договорот. Затоа, сè уште не е јасно дали преговорите станале покомплицирани во меѓувреме или најновите информации за одбивањето на понудата од страна на Гулер се неточни. Фенербахче би заработил и од евентуален трансфер Евентуалното заминување на Гулер од Мадрид би било финансиски значајно и за неговиот поранешен клуб Фенербахче. Турскиот гигант, при продажбата на младиот играч од средниот ред на Реал во 2023 година, се согласил за правото на 20 проценти од износот на неговиот следен трансфер. Доколку ПСЖ навистина плати 200 милиони евра, Фенербахче би можел да заработи 40 милиони евра според таа клаузула. Сепак, износот на надоместокот во моментов се базира исклучиво на непотврдени шпекулации за трансфер. Тагови: ПСЖ Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре променливо облачно со температура дури до 25 степени, заладување од сабота Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 12 Попова Шапка, 14 Зајчев Рид, Тетово, Крушево, 15 Лазарополе, 16 Струмица, Претор, 17 Велес, Скопје Петровец, Демир Капија, Гевгелија, 18 Охрид, Кавадарци, 19 Штип, 20 Виница, Берово, Прилеп, 21 Крива Паланка, Битола. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше променливо облачно со слаб до умерен, наместа повремено засилен, ветер од јужен правец. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 24 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на серија од влажни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Утре ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање, особено во северните делови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook