Јамалов: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни политики и мерки обезбедува континуиран раст на туризмот во Македонија
1Јамалов: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни политики и мерки обезбедува континуиран раст на туризмот во Македонија
НБААдетокунбо: Искрено треба да сме загрижени поради нашите игриПрвата ѕвезда на Милвоки бакс, Јанис Адетокунбо, го критикуваше тимот поради лошите игри во последно време.- Гордост. Самопочит. Гордост. Самопочит. Искрено треба да се навредиме. Мора да земеме сè при срце. Тој што сака да игра напорно, игра тешко. Кој не сака да игра борбено и максимално да се залага, тогаш мора да се донесат одредени одлуки. Тоа важи и за мене. Ако не се трудам, ставете ме на клупа. Има моменти кога сум уморен и не го давам најдоброто од себе, а има моменти кога давам сè што имам. Но, мора да има менталитет: секогаш кога одиме на паркетот, мора да правиме се за да го задржиме противникот, објасни Адетокунбо. Милвоки вчера загуби од Хјустон, што е нивни трет пораз во последните четири натпревари во НБА-лигата. Бакс во моментов имаат биланс 25 победи и 11 порази и се наоѓаат на второто место во Источната конференција. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈамалов: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни политики и мерки обезбедува континуиран раст на туризмот во МакедонијаРазвојот на туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Од почетокот на мандатот се спроведуваат конкретни политики и мерки со кои Македонија се позиционира како се поатрактивна туристичка дестинација. Истовремено се инвестира во подобра авионска, патна и железничка поврзаност, се создаваат подобри услови за нови инвестиции во туристичките капацитети и се обезбедува силна поддршка за руралниот туризам. Дека овие политики даваат резултати, потврдуваат и најновите показатели. Според извештајот на Светска банка, Македонија бележи најголем раст на авиосообраќајот и туризмот во регионот, со раст од 40 проценти на годишно ниво на бројот на патници во пристигнување. Позитивниот тренд се потврдува и преку официјалните статистички податоци. Во првите пет месеци од годината бројот на странски туристи е зголемен за 23,6%, додека бројот на реализирани ноќевања е повисок за 18,7% во споредба со истиот период минатата година. Овие бројки се доказ дека Македонија станува сè попривлечна за странските посетители и дека туристичкиот сектор бележи стабилен раст. Особено значајно е што туристичката сезона повеќе не е ограничена само на летните месеци. Сè поголем број странски туристи ја посетуваат Македонија и поради културниот, историскиот и гастрономскиот туризам во текот на целата година. Тоа значи повеќе можности за локалните заедници, поголема работа за угостителите, туристичките водичи, занаетчиите и семејните бизниси, како и порамномерен економски развој во сите региони на државата. Паралелно со зголемувањето на туристичкиот промет, Владата работи и на подобрување на условите за нови инвестиции во туристичката индустрија. Се поедноставуваат процедурите за изградба на нови сместувачки капацитети и се создава поповолна деловна клима за домашните и странските инвеститори, со цел да се збогати туристичката понуда и да се подигне квалитетот на услугите. Посебен акцент се става и на развојот на руралниот туризам. Преку Програмата за рурален развој се обезбедуваат финансиски грантови за инвестициите во руралните средини, со кои се поддржуваат земјоделците, малите семејни бизниси и преработувачките капацитети. На тој начин се создаваат нови туристички содржини, се отвораат нови работни места и се поттикнува развојот на локалната економија. Почитувани, Со јасна визија, конкретни инвестиции и континуирана поддршка, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да создава услови за понатамошен раст на туризмот, поголем број домашни и странски посетители и посилен економски развој на Македонија. Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Јамалов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРистовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
МакедонијаСДСМ: Економија на Мицкоски - Небото е граница!Ова веќе станува толку смешно, што кога не би се работело за животниот стандард на граѓаните, би можеле само да се смееме.Според Мицкоски и неговата криминална група ВМРО, Македонија е: • Трета економија во Европа (без коментар) • Прва по туризам (можеби поради екскурзијата на ВМРО-ОКГ и Мицкоски). • Лидер во авио-сообраќајот (откако две авиокомпании ги укинаа линиите за Скопје) • Прв аеродром во Европа (најверојатно затоа што младите бегаат од земјата) • Најбрзо растечка економија (луѓето немаат за леб) • Најбрзо растечки минимални плати (платите останаа 400 евра - најниски во Европа) • Најголема куповна моќ (Ова најдобро го знаат граѓаните) • Најевтино гориво (дизел 100 денари) • Најдобри мерки за поевтинување (при секоја најава на мерки - сè поскапува) • Континуиран раст (на криминални тендери) • Индустриски раст (фабриките се затвораат BMZ и Artex, 3% помалку вработени) • Огромен инвестициски раст (инвестициите паднаа повеќе од 60%) • Седум квартали раст на БДП (Во последниот квартал само 0,3%. Трендот е забавување, а не забрзување). • Пензиите зголемени (пари за пензии нема, а вториот столб сакаат да го национализираат) • Буџетот во одлична кондиција (секоја недела ново задолжување) • Смален долг (државата ја задолжија со над 2,5 милијарди евра за две години) • Заштитени од енергетски шок (ММФ забележа дека ги користеле државните резерви на енергенси за да го ублажат шокот). Дали постои некој подобар од Мицкоски? Нема. Можеби само Вучиќ - бидејќи него го копира и црта на табла исто како него. А кога некој ќе почне да ти црта на табла, народот вели: „Толку ли си глуп што морам да ти нацртам?“ Граѓаните не се слепи. Не се глуви. А најмалку се наивни. Тие имаат своја секојдневна статистика - паричникот и фрижидерот. И таа статистика вели едно: и двете се празни. Изгледа Мицкоски бил првиот човек на Месечината. Веројатно затоа што рускиот космонаут одел со Лајка во посадата. Небото е граница за Мицкоски. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураХоландска вечер и разговор со Никола Ристановски на четвртиот фестивалски ден на „Дрим Шорт“ Специјалната ВР програма е достапна секој фестивалски ден во Дуќан, со филмовите односно виртуелни искуства „Shelter“ и „8 billion selves“.Програмата за четвртиот фестивалски ден на 10. Дрим Шорт ќе започне во 15 часот во Europe House Struga со разговор со Никола Ристановски, каде публиката и авторите ќе имаат шанса да зборуваат на тема „Дали ги поставуваме вистинските прашања?“ и да ги анализираат филмовите од програмата Студенти во фокус. Специјалната ВР програма е достапна секој фестивалски ден во Дуќан, со филмовите односно виртуелни искуства „Shelter“ и „8 billion selves“. Вo продолжение се наоѓа филмската програмата и распоредот за четвртиот фестивалски ден. Програма за 8 август (сабота) Локација: Europe House Struga 20:00 Проекции на холандска програма, селектирана од фестивалот Go Short How to catch a Butterfly, режија: Kiriko Mechanicus Anna's Freezer, режија: Jetske Lieber Water Girl, режија: Sandra Desmazières kiss kiss bang bang, режија: Ollie Launspach Heaven Will Wait, режија: Silver Tjepkema Локација: Парк на поезија 20:30 Проекции на студентска натпреварувачка програма Меѓународна програма Free Drum Kit, режија: Carmen Leroi Регионална програма Welcome Home, режија: Filip Jembrih Jandras The Cow, режија: Pavo Marinković Специјална програма „Соочување со минатото“ Memories of Occypation-Pyrgi, режија: Dimitris Argyriou Национална програма Mushrooms Grow in Memory, режија: Hanis Bagashov По проекциите следува серија на прашања и одговори со Златко Ѓелески и присутните автори. По филмската програма следува музичката ОФФ програма со диџеј сет на Костадин Шурбановски. Распоредот и програмата се достапни на социјалните мрежи и веб-страницата на „Дрим Шорт“ (www.dsff.mk). Влезот за сите настани е бесплатен. Со почит, тимот на Дрим ШортТагови: Никола Ристановски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРистовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16