3ВМРО-ДПМНЕ: Бугарскиот амбасадор Филипче, кој се обиде да се камуфлира во партизан, одработи ли со Заев повторно за Бугарија и Радев во случајот со Ива Михаилова?
КошаркаАдетокумбо: Грција сè уште не е подготвена за медали и титулиНајдобриот грчки кошаркар Јанис Адетокумбо оцени дека неговата репрезентација сè уште не е подготвена за освојување медали или титулата на претстојното Европско првенство од 1 до 18 септември.– Судејќи според последниот тренинг, ние сè уште не сме подготвени за медали, но имаме свои шанси. Не е важно што другите очекуваат од нас, важно е што ние очекуваме од нас самите, изјави Адетокумбо. – Грција одамна нема играно ниту четвртфинале, така што мислам дека не сме многу подготвени ниту за титули, ниту за медали. Мораме прво да изградиме хемија и добра атмосферата во тимот така што сите ќе го дадеме својот максимум. Тренерот Итудис врши одлична работа и нè мотивира да бидеме најдобри што можеме, додаде грчкиот центар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Шпагети болоњезеВо среда (07.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Бојана Михајловиќ.Состојки за денешниот рецепт: 300 гр. шпагети 250 гр. мелено месо 1 главица кромид 1 ќесичка Болоњезе сос малку магдонос масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Илинден започна со реконструкција на улици во Илинден и МршевциОпштина Илинден продолжува со интензивна реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на патната мрежа и создавање побезбедни услови за сообраќај. Во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и санација на локални улици и патишта, започнаа градежни активности за реконструкција на две улици во населените места Илинден и Мршевци. Со предвидените активности е опфатена улица „4“ во населеното место Мршевци, во должина од околу 200 метри, како и крак на улица „8“ во населеното место Илинден, во должина од околу 130 метри, при што на улицата „8“ претходно е изведена фекална канализациска мрежа, со што се создадени услови за целосно уредување на патната инфраструктура на оваа локација. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во почетокот на градежните активности, при што ја истакна важноста на овие инфраструктурни зафати за локалното население. Тој посочи дека реконструкцијата на улиците ќе овозможи поквалитетно и побезбедно одвивање на сообраќајот, подобра пристапност и унапредување на секојдневните услови за живот на жителите. Општина Илинден останува посветена на континуирано модернизирање на локалната инфраструктура, согласно утврдените приоритети и потребите на граѓаните, при што и во наредниот период ќе продолжат инвестициите во реконструкција и санација на локалните улици и патишта, со цел рамномерен инфраструктурен развој и подобрување на квалитетот на живот во сите населени места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаМЗТ Скопје брка прва европска победа во 21 век – се подготвува„пекол“за Естонците!Макеоднскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром денес (14 октомври) со почеток во 18:30 часот ќе го пречека естонскиот состав Тарту во спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на ФИБА Еврокупот. Македонскиот претставник се наоѓа пред историска можност на овој натпревар да стигне до својата прва европска победа во 21 век, поради што управата на клубот најавува уште еден голем кошаркарски спектакл. Како вистинска увертира за овој значаен предизвик, клубот организира специјална фан-зона на платото пред СЦ „Јане Сандански“, која ќе биде отворена од 17:00 часот. Присутните навивачи ќе имаат можност да се загреваат за натпреварот во опуштена атмосфера, придружувана со одлична музичка програма за која ќе биде задолжен Диџеј Ален, надополнета со богата понуда на храна и пијалаци. Преднатпреварувачката програма нуди забавни содржини за сите генерации, вклучително и специјална програма за најмладите, како и натпревар во слободни фрлања преку кој фановите ќе можат да освојат вредни награди. Од раководството на клубот апелираат до сите симпатизери по завршувањето на дружењето масовно да се преселат на трибините, потенцирајќи дека нивната силна и континуирана поддршка е клучна за остварување на зацртаната историска цел.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter