Адеми: Замената на Арбен Зибери со Александар Стојанов од страна на СДСМ е доказ за потребата од формирање Виш Суд за еднаквост и антидискриминација

Изјава за медиумите на Арбер Адеми од Демократската Унија за Интеграција.

Разрешување на директорот на Центарот за јавно здравје во Скопје Др. Арбен Зибери и неговата замена со Александар Стојанов е срамен чин на политичка одмазда, напад врз слободата на говорот и демократијата.

Д-р Арбен Зибери беше еден од столбовите во нашата борба против пандемијата, како директор за јавно здравје за Скопје, тој и служеше на земјата и на граѓаните со извонредна посветеност.

Неговите вештини и професионализам никогаш не беа доведени во прашање. Неговото отпуштањето поради изјава на социјалните медиуми, објавено во својство на кандидат за пратеник, не е ништо друго освен кукавички чин на политичка одмазда на владејачката македонска партија СДСМ.

Причината е повеќе од очигледна, бидејќи пред само неколку дена чичкото на Арбен, Насер Зибери, ја објави својата кандидатура за прв премиер Албанец на Македонија, за да го оспори македонскиот дуопол на власта со што се соочуваме во оваа земја.

Допирањето на семејството на кандидатот од втората заедница во земјата е нешто што потсетува на автократски режими и мрачни времиња во нашата историја. Тоа е грубо и неприфатливо во модерната демократија.

Тоа исто така, е и чин на дискриминација - Арбен не би бил отпуштен да беше македонец и не е случајност што неговиот наследник се нарекува Александар, туку е јасен пример на дискриминација и слаб обид на СДСМ за ефтини политички поени меѓу Македонски гласачи на избори.

Затоа, ја повикуваме Комисијата за антидискриминација да дејствува веднаш и да го испита овој случај.

Од правна гледна точка, разрешувањето е против основното начело, кое што е слобода на говорот, и не се заснова на никакви професионални недостатоци на Др. Арбен Зибери. И да разјасниме: Ако дискутабилната изјава на Фејсбук е причина за неговото разрешување, половина од министрите на СДСМ, вклучително и поранешниот премиер Заев, требаше да се повлечат од своите позиции неколку пати до сега.

За жал, ова не е единствен случај кај нас. Дури и ако сме постигнале еднаквост со закон, сепак се соочуваме со недостаток на политичка волја за спроведување на таа еднаквост.

Сè уште има многу џебови на отпорност на еднаквост и исто така во многу случаи правдата е еднострана етничка.

И покрај сите напори и реформи и зголемувањето на застапеноста во судовите, но и во другите државни институции, Албанците сè уште се соочуваат со обезправеност.

Тоа е причината зошто ние бараме прв премиер албанец, затоа што дури тогаш македонските политичари ќе разберат дека немаат монопол на власта, дека живееме во XXI век, каде сите граѓани треба да имаат еднакви права.

Со премиер албанец ние сите ќе воспоставиме еден Висок суд за еднаквост, кој ќе ги испита сите еднострани етнички прашања во судството и администрацијата и каде Албанците и другите немнозински етнички заедници, можат да поднесат жалба против дискриминација.

Овој Висок суд за еднаквост ќе има целосна моќ на Врховен суд и ќе може да ги поништи дискриминаторските одлуки на сите државни институции. Време е да се создаде еднакво општество во Македонија, каде сите граѓани имаат исти права и можности.

Центар за комуникации со јавноста на ДУИ

Зеленски отпушти висок разузнавач поради обвинувања за корупција

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Илја Витјук, висок функционер во разузнавачката служба СБУ, поради обвинувања за корупција, јави ДПА.

Указот е објавен синоќа на веб-страницата на украинскиот претседател, без да се прецизираат причините за разрешувањето.

Витјук беше шеф на одделот за кибер безбедност на Службата за безбедност на Украина (СБУ).

Претходно, украинските медиуми објавија истраги во кои беше наведено дека сопругата на Витјук купила луксузен стан во центарот на Киев. /МИА

Ковачки: За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес

​За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе.

Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот. Затоа ве повикувам сите на 8 мај заеднички да излеземе и да ги донесеме промените. Да ја донесеме победата на Македонија којашто долго се очекува.

Драган Ковачки, носител на изборна единица 3

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица

Уривање на дел од автопат во кинеската провинција Гуангдонг предизвика пад на повеќе возила, при што загинаа 36 лица, а 30 беа повредени, јавија денеска државните медиуми, во моменти кога милиони Кинези патуваат за празникот Први мај.

Уривањето, предизвикано најверојатно од пороен дожд, се случи во средата околу 02:10 часот на автопатот Меиџоу-Дабу, јави новинската агенција Синхуа, додавајќи дека урнатиот дел бил долг 17,9 метри и предизвикал пад на 23 возила.

Меиџоу е една од областите во Гуангдонг во јужна Кина, што е силно погодена од поројни дождови и град од крајот на април, што предизвикаа опасни лизгања на земјиштето, поплавени куќи и уништени мостови.

Причината за несреќата се истражува. /МИА

притисни ентер