Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
МакедонијаАдеми: Реалниот победник на овие локални избори е ВМРО-ДПМНЕ, Конгресот на ДУИ ќе се одржи до 20 декемвриПотпретседателот и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбр Адеми на денешната прес-конференција истакна дека реалниот победник на овие локални избори е ВМРО-ДПМНЕ.-Денес врз основа на оваа детална анализа, сакаме да споделиме со јавноста еден јасен фактички поткован и непобитен заклучок – победата на локалните избори во општините со мнозинско албанско население и припаѓа на ВМРО-ДПМНЕ. Сите податоци сведочат дека резултатот за градоначалници во Тетово, Струга, Дебар, Чаир, Сарај, Кичево, Брвеница и во низа други општини со мнозинско албанско население е производ на масовното гласање на ВМРО-ДПМНЕ за нивните кандидати и за кандидатите на ВРЕДИ. Затоа, на најкоректен и транспарентен начин му честитаме на ВМРО-ДПМНЕ за овој изборен резултат, бидејќи навистина тие се победници во овие општини. Ова не е политичка реторика. Ова е изборна математика и факт кој може да се верификува во секое избирачко место. Затоа, ние јасно и категорично повторуваме – реалниот победник на овие локални избори е ВМРО-ДПМНЕ, затоа што успеа да стави под контрола значителен број општини со мнозинско албанско население преку гласовите на нејзиниот електорат. Додека, ВРЕДИ и послужи за овој изборен маневар сериозно оштетувајќи ја демократијата и политичката организација на Албанците во земјата, рече Адеми. Тој потенцира дека ВРЕДИ не успеала да го освои мнозинството од албанските гласови во ниту една од овие општини, ниту за градоначалници, ниту за општински совети. Единствената улога на ВРЕДИ во овие избори, според него, била да му послужи на планот на ВМРО-ДПМНЕ. -Во сите случаи каде што остварува само формална победа, таа беше постигната само благодарение на организираното гласање и директната поддршка од ВМРО-ДПМНЕ. Додека, Националната алијанса за интеграција ја освои албанската народна поддршка со повеќе од 23 илјади гласови предност на ниво на држава, ВРЕДИ не ги освои мнозинството од албанските гласови во ниту една од овие општини. Тие се само корисници на планот на ВМРО-ДПМНЕ кој Албанците веќе го разбираат. Меѓутоа, Националната алијанса за интеграција иако не успеа да ја освои битката за некои градоначалнички позиции, ја освои довербата на мнозинството албански граѓани на ниво на државата, рече тој. Адеми нагласи дека ова е морален и политички мандат кој ги обврзува како Демократска унија за интеграција на декемврискиот Конгрес кој се очекува да се одржува до 20 декември, да се реорганизираат, да ги обноват нивните структури според очекувањата на граѓаните и да ја зајакнат уште повеќе нивната врска со граѓанинот. -Ние ја прифаќаме одговорноста за секој порака што ни ја испратија граѓаните. И токму затоа вистината ќе ја кажеме секогаш отворено - ВМРО-ДПМНЕ победи. И ова е реалноста која излезе од избирачките кутии. ДУИ ќе продолжи да работи со нова енергија, со транспарентност и со целосна посветеност кон интересите на граѓаните и кон европската иднина на земјата. Благодариме на сите што ни поверуваа, благодариме на секој активист, секој гласач и секој човек што остана достоинствен во овој процес. Ќе бидеме уште поблиску до вас, уште посилни и уште поодговорни во заштита на гласот и на еднаквоста на граѓаните во Република Македонија, изјави потпретседателот на ДУИ, Адеми.Тагови: ДУИ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook