Адеми ќе игра во Кина, познато е колкава сума добива хрватски Динамо - Канал 5

Адеми ќе игра во Кина, познато е колкава сума добива хрватски Динамо

Аријан Адеми (31) потпиша тригодишен договор со Пекинг Гуан и од 20 март официјално ќе стане играч на кинеската Премиер лига.

Адеми ќе игра во Кина, познато е колкава сума добива хрватски Динамо

Динамо за капитенот ќе добие 1 милион евра отштета, додека тој во Кина ќе заработува 1.650.000 евра по сезона. Адеми на тој начин треба да го одигра својот проштален натпревар на Максимир на 19 март против Риека.

Адеми заминува како играч со најмногу трофеи во историјата на Динамо. 11 пати го освојуваше првенството на Хрватска, шест пати Купот и три пати Суперкупот. На Максимир пристигна во 2010 година од Шибеник. Динамо потоа го позајми во Локомотива каде што помина две години.

Од 2012 година до денес тој е член на актуелниот шампион СуперСпорт ХНЛ, за кого одигра 358 натпревари, постигна 41 и асистираше на 30 голови, покажуваат податоците на Трансфермаркт. Договорот на Адеми со Динамо трае до 2026 година, а Transfermarkt го проценува на четири милиони евра.

„Адеми е тука и додека е тука, не би ја развлекувал оваа приказна. Има интерес за него и ќе најдеме решение кое е најдобро и за него и за Динамо. Тоа може да биде и заминување. Илузорно е да се зборува за неговата важност за овој тим, тој е таму 13 години и на секој натпревар дава сѐ од себе“, изјави пред шест дена тренерот на Динамо, Чачиќ.

„Тој е кохезивен фактор, тој е лидер, играчите го следат и тоа е непотребно да се каже. Но, веројатно ќе дојде момент кога Динамо ќе мора да игра без Адеми, и дали тоа ќе биде за шест месеци или една година, не знаеме“, додаде Чачиќ. Адеми беше и и дел од македонската фудбалка репрезентација, за која што дебитираше во 2016 година на натпреварот против Луксембург.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Со изведување на докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Процесот започна на 19 ноември минатата година, осум месеци по катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки.

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки

Спорната одредба се однесуваше на мандатите на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки.Со предложените измени се овозможуваше нивно повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.

Досегашното законско решение предвидуваше мандат од пет години, со право на уште еден избор.Тоа значи дека членовите можеа да ја извршуваат функцијата најмногу десет години.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одби да го потпише указот за прогласување на законот токму поради оваа одредба.Таа оцени дека новата формулација е правно непрецизна и остава простор за неограничен број реизбори.Амандманот за бришење на членот го поднесоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачкото мнозинство образложија дека со ова се прифаќаатзабелешките на претседателката.

Од СДСМ реагираа дека и тие претходно предложиле исто решение.Опозицијата побара законот да биде повлечен и да се организира јавна расправа за новите измени.За законските измени беа поднесени вкупно 2.158 амандмани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени сончеви периоди

Врмето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди.

Променливо облачно со повремени сончеви периоди

Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за појава на слаби врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање. Ќе дува слаб до умерен, а во петок силен повремено многу силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер