Адеми: Извештајот на Европската Комисија – алармантен сигнал за застојот на Северна Македонија на европскиот пат - Канал 5

Адеми: Извештајот на Европската Комисија – алармантен сигнал за застојот на Северна Македонија на европскиот пат

Демократската унија за интеграција ја изразува својата длабока загриженост за исклучително негативната оценка што Европската комисија ѝ ја даде на Македонија во својот најнов извештај за 2025 година. 

Адеми: Извештајот на Европската Комисија – алармантен сигнал за застојот на Северна Македонија на европскиот пат

Овој извештај, кој е дел од Пакетот за проширување, претставува една од најслабите оценки што нашата држава ги има добиено во последните десет години, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми.

Тој е јасен одраз на институционалниот застој, недостигот од реформи и недоволниот политички капацитет за придвижување на земјата напред кон Европската Унија.

Европската комисија говори со јасен и недвосмислен јазик. Термините што се користат во извештајот – „без напредок“, „ограничен напредок“, „не се преземени мерки“ и „имплементацијата останува слаба“ – претставуваат сериозна дијагноза за внатрешната состојба на државата.

Ова не се политички интерпретации, туку официјални оценки од самата Европска Унија. Пораката е јасна: Македонија стагнира и губи чекор во однос на земјите од регионот.

Во сржта на проблемот се наоѓа неуспехот на Владата да ги исполни основните услови за отворање на преговорите, вклучително и првиот кластер што се однесува на владеењето на правото и функционирањето на правосудните институции. И покрај долги години ветувања, процесот останува во место. Наместо градење моментум, гледаме целосен недостиг од координација, управувачка неспособност и недостиг на политичка волја за вистински реформи.

Една од најкритичните точки што ги истакнува извештајот е неуспехот да се реализираат уставните измени, кои се јасен услов поставен од Европскиот совет. Комисијата нагласува дека не е направен ниту еден обид за нивно усвојување.

Ова не е само техничко доцнење – ова е прекршување на меѓународна обврска и сериозно го поткопува кредибилитетот на државата пред нашите европски партнери.

Подеднакво загрижувачка е состојбата во владеењето на правото, независноста на судството и борбата против корупцијата. Комисијата констатира дека нема никаков напредок во овие суштински области.

Корупцијата останува распространета, а политичкото влијание врз правосудниот систем е реалност што ја гледаме секојдневно. Овие фактори директно ја попречуваат европската интеграција на Македонија.

И реформата на јавната администрација, која требаше да биде еден од столбовите на институционалната модернизација, останува само на хартија. Комисијата посочува дека практичната имплементација недостасува, додека администрацијата продолжува да биде политизирана, немеритократска и без европски стандарди на ефикасност. Во вакви услови, земјата не може да изгради капацитети неопходни за функционално членство во европското семејство.

Во областа на демократијата и институциите, извештајот е исто така критичен. Земјата нема преземено мерки за исполнување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР и Венецијанската комисија за изборен интегритет, институционална транспарентност и демократско функционирање на Собранието. Наместо зајакнување на институциите, сведочиме нивно ослабување и продлабочена политизација.

Комисијата забележува и недостаток на напредок во сферата на основните права и слободата на изразување.

Условите во затворите остануваат неприфатливи, законите за човекови права не се спроведуваат целосно, а новинарите продолжуваат да работат во атмосфера на несигурност.

Ова укажува дека европските вредности сè уште не се вкоренети во нашиот институционален систем.

Дури и во економскиот дел, извештајот упатува на мрачна слика: висока инфлација, зголемени дефицити и ниска конкурентност. Владата не успева ефективно да ги искористи фондовите на Европската Унија — директна загуба за граѓаните, економијата и развојот на државата. Додека другите земји од регионот напредуваат, Македонија заостанува дури и во искористувањето на европските финансиски инструменти.

Сите овие констатации ја ставаат Македонија во алармантна позиција. Додека Албанија, Црна Гора, Молдавија и Украина добиваат признание за измерлив напредок, Македонија губи чекор и кредибилитет. Ако ваквиот пристап продолжи, државата ризикува да остане надвор од новиот бран на проширување на Европската Унија.

Почитувани граѓани,

Извештајот на Европската комисија е аларм кој треба да ја разбуди политичката и институционалната свест во земјата. Декларациите и реториката повеќе не се доволни; потребни се конкретни дејствија, одговорност и искрена волја за вистински реформи.

Демократската унија за интеграција верува дека европската интеграција не е политички слоган, туку национална и стратешка обврска.

Ние сме и ќе останеме главниот промотор на овој процес, бидејќи знаеме дека иднината на државата, без никаква дилема, е во Европската Унија.

ДУИ ќе продолжи да биде одговорниот глас што бара отчетност, транспарентност и реформа.

Ќе продолжиме да го штитиме европскиот интерес на нашите граѓани, бидејќи интеграцијата нема алтернатива.

Европскиот пат е единствениот пат што гарантира демократија, правда и развој за сите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?

Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите за членство во Европската Унија? 

Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?

Кој е клучниот предуслов за продолжување на евроинтегративниот процес? Ваквото прашање се наметнаува откако преиеирот Мицкоски од Берлинскиот процес порача дека за деблокада на европскиот процес потребно е прво да се договори Акцискиот план за малцинства со Бугарија, па потоа да се разговара за уставните измени. За отворање на првиот кластер од преговорите неопходни се и двата чекори, смета Димитар Николовски од Центарот за европски стратегии. Според него дури и да се донесат уставните измени, Бугарија како единствената од сите 27 земји членки која не го поддржува ваквиот план повторно ќе може да ја блокира Макдонија на патот кон ЕУ.

„Двата процеси мора да одат паралелно или барем едниот процес т.е. Акцискиот план кој сметам дека би било полесно да се донесе затоа што не подлежи на политички консензус внатре во државата и тој би било полесно да се донесе прв, па потоа уставните измени. Меѓутоа доколку уствните измени се донесат без акцискиот план ние повторно ќе се соочиме вето за отворање на првиот кластер“

Најголемите забабелешки од бугарска страна за Акцискиот план за правата на малцинствата беа во однос на јазикот на кој им бил доставен на заедниците во Македонија, но и дека не предвидувал доволно заштита на бугарското малцинство во земјава, вели Николовски. Според него донесувањето на Акцискиот план, кој е подготвен во соработка со европски експерти, а за чие усвојување се чека зелено светло од Брисел, осносно согласност од соседна Бугарија, може да донесе и поголема предвидливост на пристапниот процес.

„Акцискиот план опфаќа неколку области како правото на здружување, недискриминација, заштита од говор на омрза, обраование каде што би се зајакнале правата на заедниците во нашата држава и би биле поконкретизирани, многу од нив веќе се спроведуваат како мерки, меѓутоа ова би било еден европски документ за заедниците. Од страна на бугарските здруженија во нашата држава беа приложени неколку критики кои беа генерално во насока дека недоволно имаат заштита, дека недоволно имало консултации додека се носел нацрт-планот и исто така имаат очекувања да има посебни мерки за посебни заедници, односно бугарската заедница да се третира на некаков посебен, специјален начин, а не сите заедници на општ начин како што се во овој момент во нацрт акцискиот план за малцинства“

Додека Мицкоски повикува на усогласување на Акцискиот план со Бугарија пред да се разговара за следните чекори во пристапниот процес, Брисел ја повторува пораката дека за придвижување на процесот останува само еден чекор – а тоа е промената на Уставот. Еврокемсарката Кос по средбата со мистерот Беким Сали во Брисел уверува дека откако ќе бидат усвоени уставните измени ќе следува продолжување на пристапниот процес без дополнителни политички одлуки. Ваквите пораки доаѓаат во пресрет на разгледувањето на Извештајот за напредокот на Македонија кој во среда ќе биде презентиран во Европската комисија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски од Кичево: ЗНАМ не бара алиби, туку полага отчет-резултатите се вистинската политичка легитимација!

Политиката не е натпревар во ветувања, туку одговорност за секоја одлука и за секој резултат. 

Димитриевски од Кичево: ЗНАМ не бара алиби, туку полага отчет-резултатите се вистинската политичка легитимација!

Со оваа порака, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска во Кичево ја продолжи серијата панел-дискусии посветени на отчетот за изминатите две години, под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“.

„На средината од мандатот, ЗНАМ излегува пред граѓаните со сеопфатен отчет за работата на своите избрани и именувани функционери, преточен во посебна отчетна публикација. Граѓаните имаат право да знаат што е сработено, кои обврски се исполнети и какви резултати се постигнати. Отчетноста не е обврска само пред избори, туку секојдневна одговорност кон оние што ни ја дале довербата“ истакна претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Тој нагласи дека зад отчетот стојат конкретни активности и политики што треба да донесат промени во секојдневието на граѓаните, од повеќе од 1.200 капитални проекти во општините, преку изградбата и унапредувањето на патната инфраструктура и Коридорите 8 и 10, до линеарното зголемување на пензиите и растот на платите во повеќе сектори. Зад бројките, како што посочи, мора да стојат реални резултати, подобри услови за живот и поголема сигурност за граѓаните.

„Не бараме доверба врз основа на убаво изговорени зборови. Довербата се оправдува со работа, со одлуки и со резултати што луѓето можат да ги препознаат. Затоа сме меѓу граѓаните и денес, затоа ќе продолжиме да разговараме отворено и да одговараме за нашата работа. Македонија се сака со дела, а политичката одговорност се докажува токму така“ порача Димитриевски.

На панел-дискусијата се обратија и Весна Бендевска, потпретседател на Собранието и потпретседател на Движењето ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, заменик-министер за енергетика, рударство и минерални суровини и претседател на Градската организација на ЗНАМ,како и др.

Злате Мехмедовиќ, директор на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација и член на Извршниот одбор на ЗНАМ. Дискусијата ги опфати резултатите и предизвиците во здравството, енергетиката, законодавниот процес и функционирањето на институциите, со посебен акцент на одговорноста за преземените обврски.

Движењето ЗНАМ ќе продолжи со отчетните средби низ државата, отворено разговарајќи со граѓаните за сработеното, за предизвиците и за она што допрва треба да се реализира.

Затоа што отчетот не е крај на една работа, туку обврска да се продолжи уште посилно, со јасни цели, конкретни решенија и одговорност за секоја преземена обврска. Најважно е резултатите да се чувствуваат таму каде што се најпотребни, во секојдневниот живот на граѓаните.

Центар за комуникации и аналитика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува хаосот во Тирана: Запалени контејнери, водени топови и камена маса за дијалог на Рама (ВИДЕО)

Поддржувачите на Албанската демократска партија (ДП) денеска фрлаа камења кон зградата на Министерството за образование во Тирана.

Продолжува хаосот во Тирана: Запалени контејнери, водени топови и камена маса за дијалог на Рама (ВИДЕО)

Поддржувачите на Албанската демократска партија (ДП) денеска фрлаа камења кон зградата на Министерството за образование во Тирана, а за време на собирот пред министерството, каде што беше најавен и студентски протест, демонстрантите запалија контејнери, објави Коха.

Полицијата одговори со употреба на водени топови за да ја растера толпата.

Контејнер за ѓубре се запали додека демонстрантите фрлаа камења кон зградата на Министерството за образование во Албанија, во време кога протестите што ги повикаа студентите почнаа да стануваат тензични.

Според Коха, полицијата употребила и гумени куршуми.

Поддржувачите на ДП претходно запалија столчиња пред зградата на албанската влада што ја постави албанскиот премиер Еди Рама како повик за дијалог со студентите.

Според албанскиот „Еуроњуз“, протестот на ДП се одржува како знак на солидарност и поддршка на протестите предводени од студентите, кои траат веќе 12 дена. Фото: Танјуг/АП

Порано денес, албанскиот премиер Еди Рама повторно повика на дијалог пред најавените студентски и граѓански протести во Тирана и други албански градови.

Рама објави видео на Фејсбук на кое се гледа камена маса пред неговата канцеларија со хартии на кои пишува „дијалог“.

Рама во последните денови поставува столчиња и клупи пред својата канцеларија, поканувајќи ги студентите на дијалог, но тие ги отфрлија повиците.

Во Албанија веќе 12 дена се одржуваат протести предводени од студенти, кои започнаа поради незадоволство од состојбата на образованието, високите трошоци за студирање и лошите можности за вработување на младите, но прераснаа во пошироки демонстрации против владата на албанскиот премиер Еди Рама, со барања за негова оставка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер