Адеми: И во Законот за основно образование стои дека при запишување треба да се достави потврда за вакцинација

Со новиот Закон за основно образование, но и со страриот, е предвидено како обврска на родителите кога ќе ги запишаат нивните деца во прво одделение да доставаат и потврда за примање на задолжителни вакцини. 

Во мај информиравме дека треба да бидат примени сите пријави за запишување, но до 1 септември треба и вакцинација, изјави министерот за образование и наука Арбер Адеми во врска со вакцинацијата на децата при неговата посета на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците.

Адеми истакна дека до крајот на септември училиштатата требало да известуваат до просветниот инспекторат колку ученици не се запишани, а би требало да бидат запишани.

– Податоците се обработуваат и кога ќе бидат финални, јас со тие податоци ќе известувам на посебна седница на Влада за уште еднаш да се навратиме на оваа прашање. Но, ние заедно со Министерството за здравтсво ветивме и стоиме на тоа, дека ќе има и теренска вакцинација за да се олесни начинот на вакцинирање на тие деца кои досега не примиле задолжителни вакцини. Дополнително, во 2014 или 2015 година имаме и одлука на Уставен суд за оваа прашање и тоа сме го споделиле со сите: со јавноста, со политичките партии, пратеници. Како министер за образование и наука, без да го видам и решението од Уставниот суд имав став дека секој мора да биде запишан во основно училиште. Но, откако го разгледавме оваа прашање и решението на Уставниот суд, тогаш со сериозен пристап дискутиравме на седница на Влада и ги усвоивме тие заклучоци, кои се во согласност со законските прописи. Во мај кажавме дека треба да бидат примени сите пријави за запишување, но до 1 септември треба и за вакцинација, рече Адеми.

Тој информира дека од вакцинација се ослободени тие лица и деца кај кои со лекарски наод е утврдено дека би им се влошила нивната здравствена состојба ако примат одредена вакцинација.

На новинарско прашање во врска со барањето на родителите на учениците од село Брњарци за превоз на нивните деца до училиштето во село Арачиново, министерот Адеми истакна дека секогаш е подготвен да дискутираат за да најдат решение, дури и во одредени ситуации кога проблемот не е до Министерството за образование и наука.

– Организирањето на превозот на учениците е во надлежност на општините. Оваа прашање е во надлежност на единиците на локална самоуправа и општините во рамки на нивните обврски што ги имаат, треба да го организираат превозот на децата. Но, не се двоумам да се сретнеме со родителите и да го дадам мојот придонес и вон моите надлежности за да се изнајден некакво решение што ќе биде во интерес на децата и нивните родители, рече министерот Адеми.

Европол потврди дека се хакирани, напаѓачот објави дека продава доверливи податоци

Европол потврди дека е хакиран и го истражува инцидентот откако група хакери се заканија дека ќе украдат вредни доверливи податоци од истрагата и ќе ги продадат.

Хакирана е таканаречената Платформа за експерти на Европол (ЕПЕ) што ја користат професионалците за спроведување на законот за „споделување информации, знаење, најдобри практики и податоци за криминал“.

„Европол е свесен за инцидентот и ја проценува ситуацијата. Првичните дејствија се веќе преземени. Инцидентот се однесува на затворената група корисници на Платформата за експерти на Европол (ЕПЕ)“, изјавија од Европол за BleepingComputer, порталот кој прв ја објави оваа вест.

Европол додава дека ЕПЕ не обработува никакви оперативни информации, дека не влијае на основните системи на Европол и затоа ниту еден податок не е загрозен.

Податоците од Европол, агенцијата за спроведување на законот на Европската унија, беа објавени минатата година во септември. За ова тогаш пишуваше Политико, наведувајќи дека исчезнале досиејата на неколку членови на персоналот на Европол.

Веб-страницата на ЕПЕ се уште не е достапна, а има само порака дека „одржувањето е во тек“.

Наводниот напаѓач е IntelBroker, хакерска група која тврди дека украла високо доверливи податоци од Европол. Тие, исто така, тврдат дека добиле пристап до EC3 SPACE (Безбедносна платформа за акредитирани експерти за компјутерски криминал), една од заедниците на порталот EPE што содржи стотици материјали поврзани со компјутерскиот криминал и ја користат повеќе од 6.000 акредитирани експерти за компјутерски криминал од целиот свет.

ИнтелБрокер тврди дека успеал и да ја компромитира платформата СИРИУС што ја користат судските и органите за спроведување на законот од 47 земји, вклучително и земјите-членки на ЕУ, Велика Британија и земји кои имаат договор за соработка со Европравда и Канцеларијата на Европското јавно обвинителство (ЕППО).

SIRIUS се користи за пристап до прекугранични електронски докази во контекст на кривични истраги и постапки.

Покрај објавувањето на слики од екранот на онлајн корисничкиот интерфејс на EPE, IntelBroker открил и мал примерок од базата на податоци EC3 SPACE која наводно содржи 9.128 записи. Примерокот содржи, се чини, лични информации на агенти за спроведување на законот и експерти за сајбер криминал со пристап до заедницата EC3 SPACE.

„Цена: Испратете понуди. Само XMR. Испратете ми порака на форумот. Потребен е доказ за средствата. Продажба само на реномирани членови“, стои во објавата на корисникот IntelBroker на хакерски форум.

ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во бездна на Шара

Две лица со „квадрицикл“ попладнето излетале од патот Попова Шапка – Лешница, во близина на бачило „Лешница“ во бездна, при што се здобиле со повреди.

Две лица со „квадрицикл“ попладнето излетале од патот Попова Шапка – Лешница, во близина на бачило „Лешница“ во бездна, при што се здобиле со повреди, а по интервенција на надлежните институции веќе се преземени од тим на Итна медицинска помош, информира Центарот за управување со кризи.

Несреќата била пријавена попладне во 16.06 часот на Eдинствениот повикувачки број за итни повици 112 во ЦУК. Преку конференциска врска со Полициска станица Попова Шапка е добиено известување дека на патниот правец Попова Шапка – Лешница, во близина на бачило „Лешница“, две лица со „квадрицикл“ излетале од патот во провалија. Со нив имало уште едно лице со „квадрицикл“, но не можело да ги види ниту да ги слушне откако излетале.

Од ЦУК истакбнуваат дека веднаш беа извршени повеќе комуникациски координативни дејста од ЦУК, согласно барањата од терен и можностите.

-Во 16:50 часот, од ПС Попова Шапка известија дека со лицата се стапило во контакт, дека се живи но имале повреди и оти се извлечени за да може возило на Итна медицинска помош да ги преземе. Според последните известувања до ЦУК, лицата се веќе преземени од Итна медицинска помош и со медицинското возилото се на пат кон болница, се наведува во информацијата од ЦУК.

Сопругата на Зеленски во посета на Белград- ја дочека сопругата на Вучиќ

Сопругата на претседателот на Украина, Олена Зеленска е во билатерална посета на Белград, која ја започна со обиколка на градската библиотека во Белград во друштво на сопругата на претседателот на Србија, Тамара Вучиќ.

Во библиотеката на град Белград, Зеленска го посети археолошкиот локалитет со изложбата „Римска сала“, како и „Украинската полица“, катче од библиотеката со украински книги што е основана под нејзин патронат, објави Телеграф.

Таа имала можност да ги види и белградските четири евангелија од 16 век, првата книга отпечатена во Белград.

Градската библиотека во Белград на сопругите на претседателите на Србија и Украина им подари членски книшки и им додели монографии издадени по повод 90-годишното работење на институцијата.

Тамара Вучиќ и Олена Зеленска ги посетија паркот Калемегдан и белградската тврдина.

За време на посетата, сопругата на претседателот на Украина слушнала малку повеќе за историјата на Белград, за белградскиот Виктор, Споменикот на благодарноста на Франција и други симболи на главниот град на Србија.

Зеленска имаше можност да слуша аудио водич за тврдината, што од април е достапен на украински.

Во присуство на сопругите на претседателите на Србија и Украина, во Ректоратот на Универзитетот во Белград беше потпишан договор за научна, образовна и културна соработка меѓу Универзитетот во Белград и Националниот универзитет во Киев „Тарас Шевченко“.

Договорот го потпишаа ректорот на белградскиот универзитет Владан Ѓокиќ и проректорот за научна и педагошка работа на Националниот универзитет „Тарас Шевченко“, Ксенија Смирнова.

На обиколката присуствуваа министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба и амбасадорот на Украина во Белград, Володимир Толкач.

притисни ентер