Шоу бизАдел од сопругот побарала да потпише предбрачен договор за да си ги заштити стотиците милиониСега кога веќе не е тајна „тајната“ венчавка на пејачката Адел и Рич Пол, почнаа гласините.Наводно, популарната пејачка за да го заштити своето богатство вредно 220 милиони долари, го навела Рич Пол да потпише предбрачен договор, пренесува Daily Mail. Како што дознаваат медиумите, пријателите ја поттикнале Адел да потпише предбрачен договор бидејќи со продажбата на своите четири албуми заработила 220 милиони долари, а покрај тоа има уште 34 милиони долари од дигитална продажба. Нејзиниот проект во Лас Вегас се предвидува да донесе 2 милиони долари бруто приход по настап, што значи дека ако пејачката добие половина од тие приходи, би требало да заработи 13 милиони долари. Тоа би било и најмногу што некој уметник заработил по шоу во историјата на Вегас. Покрај тоа, Адел поседува неколку куќи, а нејзините главни резиденции се имот вреден 11 милиони долари во Англија и имот вреден 10,5 милиони долари во Калифорнија, во Беверли Хилс. Покрај тоа, таа поседува и две куќи во Лондон кои се проценуваат на 14 милиони долари; Во 2016 година купила куќа вредна 9,5 милиони долари, а во декември 2021 година ја купила вилата на Силвестер Сталоне во Лос Анџелес за 58 милиони долари. Кога ќе се соберат сите долари, не е ни чудо што пријателите ја убедиле пејачката да го заштити нејзиниот имот. Се чини дека љубовта цвета, Адел со гордост вели дека е мажена. Така, кога една обожавателка ја замолила да се омажи за неа на настапот, Адел одговорила дека е стрејт и дека нејзиниот сопруг е таму. Потоа обожавателката ја прашала дали може да се обиде, а пејачката на шега одговорила дека не може. "Не, не сакам да се обидувам. Јас сум со Рич. Ти си луда, остави ме на мира", одговорила таа тогаш, а само неколку дена подоцна на друг настап повторно се нарече себеси сопруга на Пол.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалИталија подобра од светскиот вицешампион Франција во дербито од Лигата на нацииИталијанските фудбалери ја победија, силната Франција на дербито во Милано со резултат 3:1, во натпреварот од 5. коло на дивизијата А во Лигата на нации. Италијанските фудбалери ја победија, силната Франција на дербито во Милано со резултат 3:1, воФранција подобро го отвори дербито и поведе уште во воведниот дел од средбата со 0-1. Олисе ја казни големата грешка на капитенот на домаќините голманот Џанлуиџи Донарума, кој практично му ја подари топката на противникот, Олисе ја искористи можноста и со прецизен удар ја погоди малата мрежаза водство од 1-0. Сепак избраниците на Манчини брзо се вратија во натпреварот. Пио Еспозито се најде на вистинското место по добрата акција на Николо Камбијаги и ја затресе мрежата за 1:1.Тоа беше и резулатот на првите 45 минути. Италија набрзо доби шанса да го сврти резултатот од пенал. Мало Густо го собори Камбијаџи во шеснаесетникот, но Себастијано Еспозито лошо го изведе ударот и ја испрати топката високо над голот. Ова промашување не ги поколеба домаќините. Италијанците продолжија со нападите, а влегувањето во игра на Федерико Димарко се покажа како полн погодок. Неговиот центаршут го пронајде Давиде Фратези, кој погоди за 2:1 и им донесе водство на „Аѕурите“. Пио Еспозито им го зададе конечниот удар на Французите. Дајо Упамекано направи пенал врз Антонио Вергара, а младиот италијански напаѓач беше сигурен од белата точка и го постави конечниот резултат од 3:1. На тој начин, Италија освои важни бодови и го презеде врвот во групата А1, со што се доближи до пласман на завршниот турнир во Лигата на нации. Франција, пак, пропушти можност да ја задржи контролата врз сопствената судбина во борбата за натамошен пласман.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаНБРМ: Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник ќе работи и експозитурата во Прилеп.Во насока на проширување на достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка информира дека од понеделник, 16 ноември, ќе започне со работа и експозитурата на Банката во Прилеп. Во неа, на клиентите кои имаат платежна сметка, а не располагаат со платежна картичка, ќе им биде овозможено подигнување готовина до 20.000 денари во период од две недели, согласно утврдениот лимит. Продолжуваат со работа и филијалите на „АЛТА банка“ АД Битола во Струмица и Тетово, како и експозитурата во Скопје, во Трговскиот центар „Бисер“. Во овие експозитури клиентите можат да подигнуваат готовина на шалтер во рамките на утврдените ограничувања, како и да вршат уплати за намирување на комуналните услуги, отплата на кредити и други потреби. Потсетуваме дека во рамките на активностите за олеснување на пристапот до средствата и овозможување непречено извршување на секојдневните финансиски обврски, од 10 ноември клиентите на Банката можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство. Притоа, важат утврдените лимити: до 15.000 денари неделно за клиентите што поседуваат платежни картички и до 20.000 денари во период од две недели за клиентите што не поседуваат платежни картички. Лимитите се применуваат збирно за сите сметки на клиентот во Банката и ги опфаќаат сите канали на плаќање и повлекување средства: плаќања со картички во трговијата и преку интернет, повлекување готовина од банкомати и на шалтерите во експозитурите, како и плаќања преку електронското и мобилното банкарство. Исто така, физичките лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа без ограничување на износот. Во однос на олеснувањата за компаниите, се овозможи исплата на платите, заедно со уплатата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите коишто во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката. Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПретставници на победничката Студентска листа го посетија КосовоОд Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење.Претставници на победничката Студентска листа во Србија, ја посетија територијата на Косово и Метохија. Од Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење. Иако во меморандумот кој летово го објавија студентите, се наведува дека Студентската листа го смета Косово за неотуѓив и составен дел на Србија, факт кој не подлежи на преговори сепак, неодамна, косовскиот премиер Албин Курти, ги повика претставниците на студентите да ја признаат независноста на Косово како главен показател за нивната демократската ориентација. Без признавање на Косово нема напредок на европскиот пат, им порача Курти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook