16 загинати во нападот на трговскиот центар во Украина, се проверува дали продавницата требало да биде евакуирана
216 загинати во нападот на трговскиот центар во Украина, се проверува дали продавницата требало да биде евакуирана
ЗабаваАдел го прекина концертот поради преносот од финалето на трката на ОИ на 100 метри (ВИДЕО)Адел ги воодушеви обожавателите со преносот на полуфиналето и финалето на Олимписките игри на 100 метри за спортистки на концертот во Минхен.Видеата споделени на социјалните мрежи покажаа дека Адел го паузира концертот за да го емитува финалето на Олимпијадата на 100 метри на голем видео ѕид. Полуфиналето се пренесуваше на преполн стадион, а финалето беше прикажано неколку часа подоцна, во живо од Париз. @aynah_adelevibes She really said we are not missing this, and I like her for it😭💅🏽💅🏽💅🏽 3rd August,2024 #Olympics #2024Olympics #adelelive #adeleinmunich #adele #adeleaccess #adeleadkins #germany🇩🇪 #munich #explorepage✨ #concert #Adeleworld #adelerollinginthedeep #adelesetfiretotherain ♬ original sound - ADELE21❤🪐 Во финалето златото го освои Џулиен Алфред од Сент Лусија, додека Американката Шакари Ричардсон го освои сребрениот медал. Пејачката овој месец има 10 концерти во германскиот град во специјално адаптирана арена со капацитет од 80.000 луѓе. Таа мораше да го прекине својот прв концерт во Минхен за да ѝ се помогне да го отстрани делот од фустанот кој ѝ беше влажен од силниот дожд. Добитничката на 16 Греми во јули објави дека ќе направи „голема пауза“ од музиката по серијата претстојни настапи. Таа за германскиот радиодифузер ZDF изјави: „Мојот резервоар е прилично празен во моментов. Воопшто немам планови за нова музика. Сакам голема пауза после сето ова и мислам дека сакам да правам други креативни работи некое време. “, додаде таа. Пејачката последен пат настапи во континентална Европа во 2016 година, а последен пат во Велика Британија во јули 2022 година на фестивалот во Хајд Парк.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп повторно објави мапа: „Нова територија на САД“Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави мапа на Ормутскиот теснец на својата социјална мрежа „Truth social“ и го прогласи за територија на САД.Објавената слика покажува мапа на која е заокружен делот што го вклучува ормутскиот теснец, иранскиот остров Кешм, делови од територијата на Оман, па дури и градот Дубаи. Над тоа е коментарот: „нова територија на САД“. Само еден ден претходно, Трамп изјави дека САД имаат „целосна контрола“ врз целиот регион што има врска со Ормутскиот теснец.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести10 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Свет16 загинати во нападот на трговскиот центар во Украина, се проверува дали продавницата требало да биде евакуиранаУкраинската полиција отвори кривична постапка против директорот на супермаркет во трговскиот центар во Криви Рих, кој беше погоден во руски напад со дронови.Во рускиот напад загинаа најмалку 16 лица, а повредени беа уште 130, меѓу кои и 23 деца. спасувачките екипи и натаму трагаат по исчезнати лица. Директорот се истражува поради сомнение за немар, бидејќи продавницата наводно останала отворена и за време на воздушната тревога. Според украинските власти, од моментот кога била вклучена воздушната тревога до првиот удар со дрон поминале околу 20 минути. Истрагата треба да утврди дали вработените и посетителите биле навреме предупредени за опасноста, дали била издадена наредба за евакуација и дали биле почитувани безбедносните протоколи за објект во регион близу до фронтот. Ќе се проверуваат и наводите дека вратите на засолништето биле блокирани. Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВо Србија е уапсен „платен убиец“ од Македонија, се истражува кој наводно требало да биде жртваСрпската полиција уапсила државјанин на Македонија кај градот Прибој, под сомнение дека влегол во Србија како ангажиран извршител на нарачано убиство, објави српски Телеграф повикувајќи се на полициски извори.Според медиумот, осомничениот во полициските евиденции наводно се водел како платен убиец кој работел за Кавачкиот клан, а се доведувал во врска и со претходен обид за убиство на Марко Љубиша Кан. По добиените оперативни информации, српската полиција распоредила засилени сили и го блокирала теренот во Прибој, а истрагата сега е насочена кон утврдување на идентитетот на лицето кое требало да биде мета, како и кон откривање на локациите и лицата што евентуално му обезбедувале логистичка поддршка по влегувањето во Србија. На осомничениот му е определено задржување до 48 часа, по што со кривична пријава треба да биде изведен пред надлежното обвинителство. Фото: ВИТагови: Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter