Во пресрет на Светскиот ден на животните - Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ ве канат на голем настан во паркот „Македонија“
2Во пресрет на Светскиот ден на животните - Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ ве канат на голем настан во паркот „Македонија“
Шоу бизАдам Сендлер ќе го замени Кристијан Бејл во „Тајм аут“Адам Сендлер ќе го замени Кристијан Бејл во главната улога во претстојнaтa преработка на „Тајм аут“ (Time Out), или „Распоред“, на режисерот Скот Купер. Според „Ворлд оф рил“ (World of Reel), Бејл се откажал од проектот.. „Распоред“ е преработка на францускиот филм „L'Emploi du temps“ на Лоран Канте од 2001 година (погледни го трејлерот). Нетфликс ќе ја продуцира американско-канадската преработка, а снимањето се очекува да почне на 1 април во Ванкувер, Канада. Заплетот го следи Винсент, кој е отпуштен од работа, но ја крие лошата вест од сопругата и синот, создавајќи мрежа од лаги за да го прикрие сето тоа. На крајот, неговите лаги почнуваат да го загрозуваат неговиот и животот на неговото семејство. Во изворниот филм глумат Орелиен Реквинг, Жан-Пјер Манго и Карин Вијар. Адам Сендлер, инаку, претходно оваа година изјави дека планира да сними „уште 50 филмови пред да почине“. Глумецот зад себе има веќе 70 филмови во својата кариера.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотСамитот на Трамп за вештачка интелигенција: Ова се трите клучни заклучоци! Американскиот лидер ја собра елитата што ја „гради златната ера на САД“ и склучи пакт за „супер-интелигенција“.Американскиот претседател Доналд Трамп беше домаќин на средба со водечките луѓе од технолошкиот сектор, која ја нарече „извонреден собир“ на умови што ја „градат златната ера на Америка“. На списокот со гости беа лидери од компаниите OpenAI, Entropic, Nvidia, SpaceX, Meta и Google – сите клучни фигури во американската индустрија за вештачка интелигенција. Средбата се одржува во време кога некои раководители на технолошки компании и експерти повикуваат на построг надзор врз вештачката интелигенција, наведувајќи ја загриженоста за потенцијалните ризици што таа ги носи за човештвото. Ова се трите клучни заклучоци од технолошкиот самит на Трамп во Белата куќа. По затворениот состанок, Трамп околу 30 минути одговараше на прашања од медиумите заедно со водечките лидери од технолошкиот сектор. Американскиот претседател изјави дека лидерите потпишале документ што е „морално обврзувачки“ и кој ќе послужи како „вид заштита“ од потенцијалните ризици поврзани со вештачката интелигенција. Според договорот, кој Трамп го објави онлајн, компаниите се одговорни за обезбедување на сигурноста на сопствената технологија. Тие исто така се согласија да воведат заштитни мерки за да се осигури дека моделите функционираат како што е предвидено, како и за брзо откривање и отстранување на какви било проблеми. Тие, исто така, ќе соработуваат со „независни ревизори“ за да проценат дали нивните системи со вештачка интелигенција функционираат според предвиденото и за да се осигурат дека нивните платформи не вршат „хакирање или пристап до технички системи на начини кои не биле планирани“. Договорот го потпишаа Трамп, првиот човек на Google, Сундар Пичаи, првиот човек на Anthropic, Дарио Амодеи, Марк Закерберг од Meta, претседателот на OpenAI, Грег Брокман, Илон Маск од SpaceX и извршниот директор на Nvidia, Џенсен Хуанг. „Тоа е, на некој начин, речиси како Устав. И најголемите луѓе во светот го потпишаа, а и јас го потпишав како претседател“, рече Трамп. Трамп додаде дека ќе формира одбор што ќе ја надгледува безбедноста на алатките за вештачка интелигенција. Тој не прецизираше кој ќе биде дел од тој комитет. Закерберг изјави дека договорот им влева „доверба на американскиот народ и на корисниците дека технологијата функционира“ како што е предвидено, нарекувајќи ја средбата „историски разговор“. Амодеи го нарече тоа метод за „сигурна победа“, осврнувајќи се на коментарот на претседателот од почетокот на месецов дека „оној што ќе ја победи вештачката интелигенција, победува“. Сепак, не сите технолошки експерти се импресионирани од договорот. Хозе Мигелито Енрикез, истражувач за управување со вештачка интелигенција на Технолошкиот универзитет „Нанјанг“, рече дека договорот покажува „консензус во подем“, но не го решава прашањето дали развивачите на вештачка интелигенција треба да сносат одговорност за инциденти.Тагови: вештачка интелигенција Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
СветКремљ потврдува: НАТО предупреден за можен нуклеарен одговорПортпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека Русија го предупредила НАТО за можен нуклеарен одговор на каков било обид за блокада на Калининград, истакнувајќи дека тоа е во согласност со руските прописи.„Повеќепати слушнавме изјави од Полска и од други европски земји – прилично скандалозни изјави што ја допираа темата за Калининград. Сосема е природно нашите дипломати да се обидат да ги потсетат вжештените глави во Европа на нашите стратешки документи во врска со ова прашање“, изјави Песков пред новинарите за време на брифинг. Според претходен извештај на литванскиот медиум „LRT.lt“, руската амбасада во Белгија го предупредила НАТО дека „агресивната политика што ја спроведуваат раководството на Алијансата и земјите-членки“ го зголемува ризикот од „директен вооружен конфликт“ со Русија. Исто така, беше наведено дека Москва е подготвена да го употреби својот „целосен арсенал на достапно оружје“ доколку земјите од НАТО се обидат да го „изолираат регионот Калининград“ од остатокот на Русија.Тагови: кремљ НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо пресрет на Светскиот ден на животните - Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ ве канат на голем настан во паркот „Македонија“Општина Кисела Вода и Јавното претпријатие за благосостојба на животни скитници „Лајка“ - Скопје, ги повикуваат сопствениците и љубителите на животни на настан во сабота, на 03 октомври, во паркот „Македонија“ пред Домот на култура „Билјана Беличанец“Под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, настанот се организира во пресрет на Светскиот ден на животните. Дневната програма започнува во 11:00 часот, а просторот во паркот ќе претставува интерактивна зона за посетителите и милениците. Присутните ќе можат да добијат стручни совети од ветеринарен лекар за здравствената грижа и исхраната, додека професионални грумери ќе одржат практични демонстрации, консултации и шишање на кучиња. Во рамките на настанот предвидени се и содржини од пет-шопови, презентации на храна и реквизити. Исто така, сите заинтересирани граѓани ќе имаат можност на лице место да вдомат бездомни кучиња од стационарот на „Лајка“. Продолжението на програмата следува во вечерните часови, со почеток во 19:00 часот, на истата локација пред киното „Киноверзум“. Таму ќе се одржи кино проекција на отворено на филмот „Приказната за Силјан“, настан на кој граѓаните можат да присуствуваат во друштво на своите миленичиња. Општина Кисела ВодаТагови: Општина Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11