Ацо Ристов избран за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика - Канал 5

Ацо Ристов избран за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика

Собранието, попладнево, во рамките на 97. седница, со 68 гласа „за“ и 15 „против“ го избра Ацо Ристов за претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад  (РКЕ). 

Ацо Ристов избран за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика

- Ацо Ристов е дипломиран електроинженер со долгогодишно работно и проектно искуство во секторите енергетика, хидроенергија, водоснабдување, третман на води, рударство и инфраструктурни системи. Искусен менаџер со докажана експертиза во управување со комплексни градежни, енергетски и индустриски проекти, вклучително хидроелектрани, електроенергетски системи, пречистителни станици, пумпни системи и индустриска инфраструктура. Поседува силни компетенции во проектен менаџмент, техничка координација, надзор и стратешко планирање. Ристов е член на Комората на овластените архитекти и овластените инженери на Македонија со овластување А за проектирање, надзор и изведба на објекти од прва категорија - наведе Комисијата за прашања на изборите и именувањата во предлог-одлуката за именување на Ристов, што ја усвои на 17 минатиот месец.

Во текот на расправата пратенците од опозицијата оценија дека ВМРО-ДПМНЕ предложиле партиски кадар за претседател на РКЕ, а од власта посочија дека Ристов ги исполнува условите и оти со своето искуство, знаење и авторитет заслужува да биде на позицијата.

Амар Мециновиќ од Левицата оцени дека Ристов не може да биде независен во раководењето на РКЕ затоа што, како што посочи, е близок соработник на премиерот.

Тој најави дека ќе го оспори назначувањето на Ристов со формална претставка до Европската енергетска заедница затоа што „ги нарушува критериумите на ЕЕЗ и не е независен, туку директно политички кадар на ВМРО-ДПМНЕ“.

Митко Трајчулевски од СДСМ, пак, посочи дека Ристов е поранешен градоначалник и оти доаѓа од бизнис-секторот како сопственик на мали хидроцентрали, од што се откажува пред да конкурира за позицијата во РКЕ. - Освен формално правни работи, треба да имаме и етика и морал, зад него секогаш ќе стои сенката на поврзаност со бизнис-интереси. Назначувањето ќе отвори сериозни дилеми и загриженост и кај нашите меѓународни партнери и кај ЕЕЗ - рече Трајчулевски.

Во реплика Бојан Стојановски од ВМРО-ДПНЕ повика да се зборува со факти и оти ставовите на СДСМ не се во насока на тоа дали кандидатот е квалитетен или не. Истакна дека претседателот на РКЕ се бира исклучиво според Законот за енергетика и оти Ристов ги исполнува сите можни услови што се наведени во законот.

- Ристов и тоа како заслужува да биде претседател на РКЕ, има три децении искуство, има знаење, докажан е во работењето и има општествен авторитет. Предлагаме лица кои се квалитетни и со соодветно образование и ги исполнуваат условите од законот - рече Стојановски.

Поранешниот претседател на РКЕ, Марко Бислимовски, поднесе оставка од функцијата на 12 февруари годинава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Николовски тужи а не го почитува судот, јавноста очекува одговори а не бегање од рочишта

Љупчо Николовски поранешниот министер за земјоделие, шумарство и водостопанство поднесува тужби и бара судска заштита, но истовремено не се појавува на закажани рочишта. 

ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Николовски тужи а не го почитува судот, јавноста очекува одговори а не бегање од рочишта

Ако веќе Николовски се повикува на судот, тогаш треба и да покаже почит кон судската постапка.

Судот не е место каде што се оди само кога на Николовски му одговара. Ако Љупчо верува во своите тврдења и во тужбата што ја поднел, тогаш треба да се појави на рочиште и таму да ги брани своите наводи и аргументи.

Николовски очигледно се држи до старите навики кога со Заев и Филипче беа заштитени од правосудните органи, кога судиите и обвинителите беа контролирани од СДС и се кажуваа пресуди во канцеларии на СЈО. Кога судиите и обвинителите беа бирани во Зајас и Струмица да ги штитат криминалите на СДС и ДУИ.

Николовски треба да знае дека фактите не се утврдуваат преку прес-конференции, политички флоскули или медиумски настапи, туку во соодветна постапка пред надлежните институции.

Во исто време, јавноста очекува одговори од Николовски на низа прашања, за имотот, кадровските одлуки, деловните интереси и се што е предмет на јавен интерес.

Николовски да каже дали има луксузен дуплекс стан во Дајмонд мол од 180м2?

Дали берберот кај кој одел Николовски неколку пати во месецот додека бил член на Влада, си го направил советник? Дали Николовски влијаел за фирмата на брат му, Лариком шпед да успее да го зголеми приходот за една година за 1100%?

Николовски да даде одговори за кусокот на жито и набавка на поскапо жито од една соседна држава, за кое за возврат Заеви добија за фирмата “Тргопродукт” 1,4 милиони евра грант од ИПАРД?

Дополнително, Николовски да одговори за индиции дали наодот за душевна болка е фингиран затоа што докторот Бајрактаров е член и донатор на СДС, а плус и има гласано за него на Влада да биде директор на Клиника за психијатрија?

Наместо Николовски да бега од соочување, потребно е да даде одговори.

Љупчо Николовски не може истовремено да бара судска заштита, а потоа да не се појавува пред судот. Ако бара институциите да ја завршат својата работа, тогаш и самиот мора да ги почитува правилата на постапката.

Кој поднесува тужба, треба да биде подготвен и да се појави пред судот. Кој се повикува на правдата, треба да ја почитува судската постапка.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Дефицит од 900 милиони евра - Мицкоски ја распродава Македонија затоа што нема економски резултати

Економските резултати на Мицкоски се катастрофлано лоши.

СДСМ: Дефицит од 900 милиони евра - Мицкоски ја распродава Македонија затоа што нема економски резултати

Арамиски ги троши парите на граѓаните а економијата оди надолу. Граѓаните едвај врзуваат крај со крај, цените се поскапени, мерки нема.

Дупката во ПИОМ е 1 милијарда евра, нема инвестиции, само 18 милиони евра во вториот квартал од 2026 а долговите се зголемени за 4 милијарди евра.

Состојбата со буџетот, со народната каса е катастрофална.

Според официјалните податоци на Министерството за финансии, буџетскиот дефицит оваа година ќе надмине 900 милиони евра, односно 5 проценти од БДП.

Целиот планиран дефицит е веќе потрошен, нема пари. Приходите потфрлаат, владата арамиски ги троши парите на криминални тендери, дефицитот во буџетот е огромен и расте.

Но, затоа има најава за нов арамилук преку нов ребаланс. Само после два месеци од последниот. Ќе следува она што го најавивме, ново задолжување.

Граѓаните ја плаќаат цената за криминалната организирана група, ВМРО.

И кога нема резултати, нема инвестиции, економијата тоне, Мицкоски посегнува по распродажба на националните богатства, на водата, рудата, земјата.

Струјата за туѓи профити, рудата за туѓата воена индустрија, ризикот и сметката за граѓаните.

Провизијата за арамиите.

Тоа не е економска стратегија туку распродажба на Македонија.

Мицкоски е економски армагедон за Македонија.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ извршила упад во владин портал за здравствени податоци

Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ во јуни извршила упад во владин портал за здравствени податоци и неовластено пристапила до датотеки, што е првиот познат случај на хакирање на владина веб-страница од страна на агент со ВИ

Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ извршила упад во владин портал за здравствени податоци

Премиерот Ентони Албаниз изјави дека агентот на „Опенаи“ остварил неовластен пристап до порталот за медицинска статистика на „Медикер“, австралиската програма за универзално здравствено осигурување, додека спроведувал истражување за јавните трошоци во здравството.

„Според доказите со кои располагаме во моментов, нема пошироко загрозување на мрежата. Сепак, оваа ситуација е очигледно неприфатлива. Истрагите продолжуваат, а Австралија ја изрази својата голема загриженост до извршниот директор на ‘Опенаи‘, Сем Алтман“, рече Албаниз, додавајќи дека истрагата ќе испита и зошто владините системи не успеале да го детектираат упадот

Уште на самиот почеток.тој исто така предупреди дека активноста на агентот на „Опенаи“ можеби влијаела и врз три други владини веб-страници поврзани со здравството.„Опенаи“ соопшти дека нивната проверка не открила докази за пристап до досиеја на пациенти.

„Идентификувана е активност поврзана со неколку веб-страници и услуги на австралиската влада. Додека нашите модели се обидувале да пронајдат одговори, тие презеле дејства што не биле планирани“, велат од „Опенаи“.

Овој упад е еден од најзначајните инциденти во кои агенти со вештачка интелигенција пристапиле до надворешни системи надвор од САД и се надоврзува на низа слични инциденти во последно време, кога вештачката интелегенција самостојно хакирала други компании.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер