АЦИ Европа: Европските аеродроми пред системски недостиг на гориво - Канал 5

АЦИ Европа: Европските аеродроми пред системски недостиг на гориво

Европските аеродроми би можеле да се соочат со „системски“ недостиг на авио-гориво доколку пловидбата низ Ормуската Теснина не се нормализира во следните три недели, предупреди организацијата „АЦИ Европа“ (ACI Europe), пренесува „Фајненшл тајмс“.

АЦИ Европа: Европските аеродроми пред системски недостиг на гориво

Во писмото упатено до европскиот комесар за транспорт Апостолос Цицикостас, организацијата наведува дека залихите на гориво се намалуваат, додека воените активности дополнително го оптоваруваат снабдувањето. Доколку не се воспостави стабилен премин низ Ормуската Теснина, недостигот би можел да стане реалност низ целата Европска Унија.

Загриженоста е зголемена пред почетокот на летната сезона, кога воздушниот сообраќај е клучен за туризмот и економиите на бројни европски земји. АЦИ Европа повика на воведување заеднички механизам за следење на снабдувањето на ниво на ЕУ, предупредувајќи на сериозни економски последици.

Поради растот на цените, некои компании веќе го намалуваат бројот на летови. „Делта ерлајнс“ најави намалување на капацитетот за 3,5 отсто, додека „Ер Њу Зеланд“ и полскиот „ЛОТ“ исто така ги редуцираат линиите и размислуваат за зголемување на цените на билетите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата за пиење во Крушево бактериолошки неисправна

Центарот за јавно здравје Прилеп ги информираше граѓаните на Крушево дека водата од градскиот водовод е бактериолошки неисправна и не се препорачува за пиење.

Водата за пиење во Крушево бактериолошки неисправна

До надминување на состојбата, жителите треба да користат пакувана вода за пиење. Водата од градскиот водовод може да се употребува за лична хигиена, подготовка на храна, перење и миење садови само доколку претходно се преврива најмалку 10 минути.

Од ЈП „Комуна“ Крушево информираат дека се врши редовно хлорирање на водата, како и секојдневна контрола на нивото на хлор во водоводниот систем.... Од таму велат дека препораките ќе останат во сила сè додека не се добијат три последователни исправни примероци од водата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи

Гостиварци би можеле да добијат вода за техничка употреба до крајот на неделава.

Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи

Кризниот штаб информираше дека во првата фаза нема да смее да се конзумира водата, а по прочистување на системот и потврда од лабораториските испитувања што се очекува да биде завршено идната недела, водата од чешмите во гостивар би можела да биде добра и за пиење... Од Гостивар, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави и дека секој кој се огрешил пред законот во случајот со водата во Гостивар, ќе одговара.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД воведуваат нови увозни царини: ЕУ, Кина, Канада и Индија меѓу најпогодените од мерките на администрацијата на Трамп

САД воведоа нови царини за 60 трговски партнери – меѓу нив се ЕУ, Кина, Канада, Јапонија и Индија

САД воведуваат нови увозни царини: ЕУ, Кина, Канада и Индија меѓу најпогодените од мерките на администрацијата на Трамп

Соединетите Американски Држави(САД) синоќа објавија дека воведуваат царини од десет или 12,5 проценти на увоз од 60 држави, со образложение дека државите не успеале да воведат или не применуваат ефикасна забрана за увоз на стоки произведени со принуден труд.

„Трговските партнери што презеле обврска да воведат и ефикасно да применуваат забрана за увоз на стоки произведени преку принуден труд ќе подлежат на царина од десет отсто, додека трговските партнери што не усвоиле таква забрана ќе подлежат на царина од 12,5 отсто“, соопшти американската администрација.

Меѓу засегнатите производи има и одредени стоки од Европската Унија, соопшти Канцеларијата на американскиот трговски претставник (USTR).

Дополнителните царини ќе се применуваат на поголемиот дел од увозот од засегнатите трговски партнери, почнувајќи од 00:01 часот по источноамериканско време денеска (04:01 часот по Гринич).

Од мерките ќе бидат изземени стоките што веќе се натоварени на бродови, се наоѓаат во завршна фаза од транспортот и за кои царинската документација била завршена пред 28 јули.

Веднаш на најавите реагираа ЕУ, Австралија, Нов Зеланд.

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, ги посочи како неосновани тврдењата за недостатоци во контролата врз принудниот труд во Унијата.

„Тоа не може да се каже за Европската Унија“, изјави Калас. Таа рече дека споредено со САД, европското трудово законодавство предвидува платени одмори и високи стандарди за условите на работа.

„Затоа ова навистина не е оправдано“, оцени Калас, најавувајќи дека ЕУ ќе бара дополнителни објаснувања од Вашингтон. Таа посочи дека ЕУ ги исполнила обврските од трансатлантскиот трговски договор постигнат минатата година и дека новите царини ги доживува како „шок“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер