ВМРО-ДПМНЕ: Талогот на СДС денес може да го најдете на јахти во Грчка, на приватни забави во Дубаи или некаде низ Европа на продолжен викенд
2ВМРО-ДПМНЕ: Талогот на СДС денес може да го најдете на јахти во Грчка, на приватни забави во Дубаи или некаде низ Европа на продолжен викенд
МакедонијаАцевски: ДЗР одбележува 26 години транспарентно, отчетно и одговорно работење за чување на јавните финансииДржавниот завод за ревизија одбележува 26 години транспарентно, отчетно и одговорно работење и вложување труд и знаење за чување на јавните финансии во Македонија, опфаќајќи преку 1 400 субјекти од јавниот сектор. Во континуитет докажуваме дека сме чувар на јавните средства, односно средства на даночните обврзници, во насока на обезбедување на подобро користење на јавните средства и испорака на поквалитетна услуга кон граѓаните, порача главниот државен ревизор Максим Ацевски. Со 60-70 ревизии годишно ДЗР е клучен елемент во транспарентно и одговорно управување со јавните финансии. Главниот државен ревизор изрази задоволство од постапувањето на институциите по ревизорските извештаи, нагласувајќи дека постапувањето за Онкологија, за набавката на мазут од ТЕЦ Неготино, за ископот во РЕК Битола и болницата во Прилеп се по конечен ревизорски извештај на ДЗР - Ако може да видите во претходниот период постапувањето за Онкологија, тоа е по конечен ревизорски извештај на ДЗР, постапувањето за набавката на мазут од ТЕЦ Неготино тоа е по конечен ревизорски извештај на ДЗР, постапувањето за ископот во РЕК Битола, тоа е постапување по конечен ревизорски извештај, постапувањето во јавната здравствена установа односно болница во Прилеп, исто така е по конечен ревизорски извештај. Мислам дека соработка е на завидно ниво и со ЈО, финансиската полиција и МФ и МВР, изјави Ацевски. Ацевски, посочи дека утрово, ги објавиле конечните ревизорски извештаи за извршена ревизија на Државна лотарија, каде што констатираат голем број неправилности во работењето на Државната лотарија, нагласувајќи дека тпк е доставен до надлежните институции и изрази верување дека и по тој конечен ревизорски извештај набргу ќе имаме постапување. Од страна на министерот за локална самоуправа, како што најави Ацевски, треба да биде промовирана ревизорска алатка за јавните набавки којашто ќе биде доставена и отворена за целокупната јавност со којашто ќе можат да вршат обработка за сите договори доделени за јавни набавки од октомври 2025 година, па наназад 6 години. - Во таа ревизорска алатка се опфатени преку 160 илјади договори, преку 1.400 институции од јавниот сектор и преку 6.700 субјекти коишто склучиле договори со одредени правни субјекти од јавниот сектор, изјави Ацевски. Ацевски, исто така, изрази степен на задоволство од соработката со Министерството за финансии, посочувајќи дека во 2019 година бројот на вработени изнесува 80, а во овој момент имаме 143 вработени, што значи дека ја зголемивме бројката за 60 вработени за неполни шест години. - Тоа укажува дека континуирано, постепено го зголемуваме бројот на вработени и мора да внимаваме дека бројот на вработени и мора да се грижиме за квалитетот на вработените коишто ги примаме. Досега јас сум задоволен од квалитетот од знаењето и вештините на вработените коишто се вработени, коишто ги вработуваме од една страна, но во исто време водиме детектирање во субјектите предмет на ревизија. На некој начин ги бираме луѓето коишто чувствуваме дека имаат соодветно знаење и предиспозиција за државна ревизија, и на тој начин ги преземаме во нашата институција, изјави Ацевски. ДЗР, нагласи Ацевски е членка во меѓународните организации на ЕУРОСАИ и ИНТОСАИ, членка на бордот на НАТО, и веќе во текот на 2025 година имаме избор на еден наш ревизор којшто треба да учествува во бордот на ревизори на НАТО. Како податоците коишто се однесуваат на индикаторите за мерење на резултатите од работењето на Државниот завод за ревизија, Ацевски рече дека во текот на 2020 година започнале со мерење на пет индикатори, а во текот на 2024 година завршуваат со 27 индикатори. - Тоа покажува дека го мериме степен на искористеност на средствата од аспект на почитување на законските аспекти, од аспект на помалку платени средства во буџетот на државата, казнени пенали, платени за неискористени кредити, изгубени грантови итн., изјави Ацевски. Во листата на засегнати страни, ДЗР има идентификувано 2.417, каде што, како што посочи Ацевски, има конструирано посебен ревизорски апстракт за подобро разбирање на конечните ревизорски извештаи и соопштенија за медиумите за да може полесно да се пренесе информацијата до крајните корисници, односно граѓаните. Како главни предизвици во следниот период, Ацевски го посочи носењето на нов Закон за ревизија, со кој ревизорот ќе биде добие статус на професија од јавен интерес, како и зајакнување на оперативната и финансиска независност на ДЗР, дигитализација и воведување на нови алатки за ревизија. Тагови: ДЗР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МакедонијаСДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија - повторно зборува за „талог“!Христијан Мицкоски го искористи и најголемиот државен празник Илинден за да ја продолжи поделбата на народот.Во својот говор повика на борба против „омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија“. Кој е тој „талог“ според Мицкоски? Сите што не мислат како него! Сите што ја разобличуваат неговата политика. Сите што бараат Европа, правда и одговорност. Истиот човек кој со години ги нарекува граѓаните „талог на општеството“, „мочуриште“, „медиокритети“ и „лешинари“, сега од говорница на Илинден повторно го употребува истиот речник. На денот кога треба да се слави државноста и единството, Мицкоски повторно сее поделба. На денот кога треба да се зборува за иднината, тој повторно напаѓа и навредува. Во исто време, додека зборува против „талогот“, неговата Влада ги пречекува функционерите на Вучиќ – претставници на политиката од деведесеттите, на војните и на заговарањето на етничко чистење. Луѓе што отворено зборуваат за етничко чистење и што доаѓаат како емисари на „српскиот свет“. Ова не е патриотизам. Ова е политичка омраза облечена во празничен говор. Мицкоски не може да биде премиер на сите граѓани додека го третира народот како „талог“. Додека тој дели и навредува, Македонија стои во место без реформи, без кластери, со изолација и со граѓани што стојат со часови на границите. Илинден беше борба за слобода. Мицкоски го претвори во борба против сопствениот народ. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Талогот на СДС денес може да го најдете на јахти во Грчка, на приватни забави во Дубаи или некаде низ Европа на продолжен викендСДС се препозна и се самопрогласи за талог, па на што се должи тој талог. Талогот се должи на тоа што 7 години не направија ништо, 7 години работеа само за себе, 7 години ги ингорираа проблемите на граѓаните кои му ја дадоа довербата. Денес талогот на СДС ќе го најдете на јахти во Грција, во Дубаи на приватни елитни забави, некаде низ Европа на продолжени викенди оти тие не се однесуваат, ниту па се чувствуваат како опозиција оти не се присутни во реалноста во која се опозиција, па се разголија сега и кажаа дека се себедефинираат како талог, а талогот секогаш паѓа на дно. Ги направија сите национални предавства, а јасно зборуваат и сега дека веднаш би направиле нова отстапка и ново национално предавство, ако цената е права. Затоа зависат од секого и се лојални на секого, само не на сопствениот народ. И јасно е одамна дека СДС е партија која делува спротивно на националните интереси и е лојална на надворешни влијанија, и затоа се самодефинираат и пронаоѓаат како талог. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураФестивалот „Охридско лето“ денеска одбележува 66 години од постоењетоДенеска ќе биде одбележан 66.роденден на фестивалот „Охридско лето“.Со промоција на монографијата „Ана Липша-Тофовиќ” од авторите Снежана Анастасова Чадиковска и Александар Трајковски и концерт на израелскиот машки сопран/контратенор Мајан Лихт и полскиот пијанист Пшемен Виницки, денеска ќе биде одбележан 66.роденден на фестивалот „Охридско лето“. Монографијата ќе биде промовирана во 19 часот во црквата „Света Софија“ каде што токму на овој ден, 4 август, оперската примадона Ана Липша Тофовиќ со нејзиниот солистички рецитал го означи почетокот на фестивалот „Охридско лето“. Инаку, монографијата е посветена на јубилејот – 100 години од нејзиното раѓањето (1926-2012). Авторите на монографијата м-р Снежана Анастасова Чадиковска и д-р Александар Трајковски се истакнати музички педагози и публицисти, добитници на повеќе награди од областа на културата, публицистиката и педагогијата, со свој значаен влог во полето на македонското музичко книгоиздателство. Од нивната повеќегодишна соработка, досега се произлезени книгите „Зина Креља, сопран, првенка на Операта при МНТ“ (2018) и „Милка Ефтимова – Моето богатство“ (2020). Роденденскиот концерт на Мајан Лихт и пијанистот Виницки ќе се одржи во „Света Софија“ од 21 часот. Добитникот на наградата „Најдобар дебитант“ на Оперските награди во Брисел во 2025 година, Мајан Лихт, се смета за еден од највозбудливите вокални уметници на денешницата. Нарекуван „модерен Фаринели“, Лихт ја освојува светската сцена изведувајќи улоги кои ретко кој може да ги пее комбинирајќи вокална виртуозност со емотивна длабочина. Покрај неговата кариера, тој е интернет-феномен со стотици илјади следбеници на социјалните мрежи и милионски број прегледи на неговите видеа онлајн, со тоа тој директно придонесува кон доближување на оперската уметност кон новата публика насекаде низ светот. Оваа сезона, Мајан Лихт ќе дебитира во Холандската национална опера во Амстердам во улогата на Ра во премиерата на „Реквием за Мариза“ од Мерич Артач, ќе ја толкува главната улога во операта „Александар во Индија“ во Театер ан дер Виен, а ќе настапи како Нероне во „Крунисувањето на Попеја“ во Театарот „Понкиели“, како дел од фестивалот посветен на Монтеверди. Пшемек Виницки е полски пијанист, добитник на бројни награди на меѓународни натпревари во Полска и низ светот. Во 2022 година дебитира во Берлинската филхармонија изведувајќи го „Варшавскиот“ концерт од Ричард Адинсел. Во 2022 година дипломира на Кралскиот колеџ за музика во Лондон. Добитник е на прва награда на натпреварот ЕПТА во Србија во 2021 година и на втора награда на Меѓународниот натпревар во Исхија во Италија во 2015 година. Се закитува со Гран при на Меѓународниот натпревар на наставници по музика во Варшава во 2013 година, прва награда на натпреварот „Шопен-Рим“ (2011), а истата година е финалист на натпреварите „Моњушко“ во Минск и на натпреварот „Јамаха“ во Полска. Како солист настапува со повеќе оркестри вклучително Националниот оркестар на Белорусија и оркестарот на Летната академија во Рајхенау (Австрија), како и со филхармониските оркестри во Краков, Жешув и Лоѓ. Има снимено ЦД со клавирски концерт на Моцарт и соработува со РМФ Класик, од 2014 година е добитник на стипендија на Фондацијата „КЛЕР“. Редовно настапува низ Европа и низ светот, со концерти во САД, Франција, Шведска, Шпанија, Германија, Белорусија, Австрија.Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09